Станојоски и Велески поразени на ЕП во шах
Звонко Станојоски во седмото коло од шампионатотво Будва загуби од холандскиот велемајстор Ервин Л’Ами И двајцата македонски претставници на 10. Европско поединечно првенство во шах, велемајсторот Звонко Станојоски (2493) и Роберт Велески (2269), претрпеа порази во седмото коло. Станојоски загуби со бели фигури од ВМ Ервин Л’Ами (2603) од Холандија, а Велески со црни капитулира против интермајсторот Јелена Дембо (2456) од Грција. Првиот со 3,5 поени сега е на делба на 141. место (172. според Бухолц) во конкуренција на 306 шахисти, а вториот со половина поен помалку го дели 183. место (210. по Бухолц).
Резултати од седмото коло: Волокитин - Инаркиев 1-0, Навара - Мејер реми, Најдич - Мамедов реми, Кобалија - Малахов реми, Папајоану - Тивјаков 1-0, Војташек - Чепаринов реми, Бартел - Арешченко реми, Тимофеев - Михалевски реми, Јобава - Федорчук 1-0, Соколов - Котронијас 1-0 итн.
Табела: Волокитин 6 поени, Инаркиев, Сјугиров, Мејер, Бочаров, Соколов, Навара, Јобава, Грачев и Папајоану по 5,5 итн. (Р.Д.)
|