Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт
Словенецот Стоклас и Хрватката Маер станаа Македонци

Македонската кугларкса репрезентација на претстојното Светско првенство што ќе се одржи во текот на мај во Германија ќе биде засилена со Словенецот Урош Стоклас и со хрватската кугларка Леа Мајер кои деновиве добија македонско државјанство. Сега нашата машка селекција ќе биде навистина мошне силна бидејќи покрај Борис Бендек и Дамир Фучкар и Костадин Манев кој настапува за хрватскиот прволигаш Бјеловар ќе го има и еден од најдобрите словенечки куглари Урош Стоклас и ќе може да конкурира за висок пласман.

На Светското првенство во Германија ќе учествуваат 16 најдобри репрезентативци меѓу кои е и Македонија која се наоѓа во тешка група, заедно со селекциите на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Селекторот Менсур Ајдин ги одреди кандидатите кои ќе се подготвуваат за настап на светскиот шампионат. Тоа се: Борис Бенедек, Дамир Фучкар, Урош Стоклас, Костадин Манев, Димитар Димитровски, Виктор Николовски, Бојан Влачевски, Бранко Манев, Сашко Трпевски и Миќо Димов.

Веќе од идната недела, како што не извести директорот на репрезентацијата Петар Јанковиќ, ќе почнат подготовките за светскиот шампионат, по еден тренинг секоја недела, под раководство на тренерот на репрезентацијата Тодор Манев.

Покрај Леа Мајер, кандидати за женската репрезентација за настапот во Германија се Александра Николовска, Данче Георгиевска, Тања Трповска, Андријана Кочишки, Катерина Јолевска, Билјана Гавриловска и Силва Георгиевска.

Новиот претседател на Кугларската федерација на Македонија, Александар Бичиклиски, кој е еден од најзаслужните за тоа што Урош Стоклас и Леа Мајер добија македонски пасош и што ќе настапуваат за нашата репрезентација, не' информира за една интересна идеја - формирање на Балканска кугларска лига во која би учествувале кугларите од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Романија и Македонија, кои веќе дале согласност за формирање на лигата.

За Нови Сад замина директорот на репрезентацијата Петар Јанковиќ на состанок на кој ќе учествуваат претставници на сите кугларски федерации од овие држави за првичен договор околу формирањето на Балканската лига, ни рече Бичиклиски. Постои предлог во лигата да учествуваат по два клуба од секоја држава, екипите би биле поделени во две групи би се играло турнирски. Има предлог да биде и во поединечна конкуренција, се' ќе биде разјаснето по состанокот во Нови Сад.

Балканската лига најверојатно би стартувала наесен, по Светското првенство во Германија. (M.M.)


Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Мртва трка за претседател на РФМ
Исланд без шестмина од баражот за СП
Вејн Руни
Рајх го уништи Свиндал и осигура луда завршница
Станојоски и Велески поразени на ЕП во шах
Л.А. Лејкерс стана прв западен тим во плејофот
Олимпијакос и Барселона лидери во групите Е и Ф