Број 2936  сабота, 14 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Спорт

Мртва трка за претседател на РФМ

Вкупно 65 члена на Собранието денеска ќе избираат меѓу Михајловски и Јорданов

Роберт Димитриевски



Битката за превласт во Ракометната федерација на Македонија меѓу двата водечки клуба Вардар про и Металург денеска ќе доживее кулминација со изборот на нов претседател. Вкупно 65 члена на Собранието напладне во големата сала на Советот на град Скопје треба да изберат меѓу в.д. претседателот на РФМ и претседател на Вардар про, Михајло Михајловски, и главниот спонзор на Металург, Минчо Јорданов. И едниот и другиот тврдат дека на своја страна имаат мнозинство од делегатите, при што Михајловски се повикува на 44 писмени потврди за својата кандидатура, а Јорданов уверува дека зад него стојат триесетина члена на највисокиот орган на Федерацијата.

„Податоците на Михајло се неточни и несериозно е од него што лицитира со толкава бројка, бидејќи ние на два дена до Собранието имавме 30 потписи на поддршка“, реагира првиот човек на „Макстил“, фрлајќи масло во огнот на меѓусебното се' поизразено ривалство со доминантниот сопственик на „Ватростална“. Јорданов најавува коренити промени во функционирањето на една од најуспешните спортски федерации во државава преку елиминирање на царското однесување, како што вели, потоа „децентрализација“ преку постојан дијалог со ракометните центри од внатрешноста и преку соработка со локалната и со централната власт, мотивирање на спонзорите да вложуваат во ракометот, селекторите да бидат платени од Федерацијата, а не од клубовите итн.

И Михајловски ќе бил против тоа еден човек да биде член на повеќе комисии и со тоа да креира одлуки за се' и сешто.

„Нема да дозволам градење култ на личноста“, порачува популарниот Миха, кој три децении е во ракометниот спорт како главен финансиер п��во на Металург, а од 1983 година и на Вардар, со кого има две полуфиналиња во еврокуповите. Како тогашен директор на репрезентацијата се гордее со настапите на Европското првенство 1998 во Италија и на Светското 1999 во Египет. Токму долгогодишното присуство во ракометот и парите вложени во него, при што и за двете вели дека се на штета на семејството, Михајловски ги смета за свој адут во заложбата за континуитет на успесите на спортот број еден во државава според него.

Кој и да ја однесе победата денеска, и Михајловски и Јорданов ќе продолжат да ја бијат битката за престиж преку своите клубови, кои го делат првото место на табелата во Суперлигата со ист број бодови. Ако победи, Михајло би сакал во Управниот одбор да остане Минчо, кој, пак, вети продолжување на борбата за своите „ракометни идеали“ и во случај да загуби.


Статијата е прочитана 218 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Исланд без шестмина од баражот за СП
Вејн Руни
Рајх го уништи Свиндал и осигура луда завршница
Станојоски и Велески поразени на ЕП во шах
Л.А. Лејкерс стана прв западен тим во плејофот
Олимпијакос и Барселона лидери во групите Е и Ф
Словенецот Стоклас и Хрватката Маер станаа Македонци