Брoj 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Во скопските средни училишта пристигнаа само 26 приговори

Во МОН се зачудени што не добиле ниту еден приговор од Македонски Брод

Жаклина Хаџи-Зафирова

Од вкупно 5.417 матуранти колку што полагаа матура во Скопје, во училиштата се поднесени само 26 приговори на завчерашниот прв ден од рокот предвиден за поднесување жалби во врска со двата екстерни испита од државната матура. Во Министерството за образование и наука се зачудиле кога добиле информации дека ниту еден приговор не е поднесен во Македонски Брод, а само еден е регистриран во Берово. Сепак, надлежните се' уште не ја комплетираа целосната слика од училиштата во земјава, бидејќи и во текот на вчерашниот ден ги прибираа податоците за поднесените приговори.

Од Бирото за развој на образованието велат дека се' уште немаат конкретни податоци за што се однесуваат точно приговорите. Конечните резултати од матурата со разгледаните приговори ќе бидат познати на 26 јули кога повторно ќе се истакнат во училиштата. Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите за испитите од државната матура, а најголемите забелешки на родителите и на учениците се однесуваат на начинот како се оценувани матурантите.

Од 26-те приговори поднесени во скопските училишта, 20 се однесуваат на тестовите по македонски јазик, три се за тестот по англиски и три за тестот по математика - основно ниво.

„Приговорите се класифицираат. Се' уште не знаеме за содржината на приговорите, кои допрва ќе се разгледуваат. Како и тестовите, ќе се разгледуваат под шифра“, вели Катица Спасовска - Бинчева од Бирото за развој на образованието. Во оваа институција се надеваат дека ќе добијат мал број приговори, поаѓајќи од фактот што сумата за поднесување приговор е висока и изнесува 2.000 денари за испит.

„Сумата ја поставивме токму поради фактот што сакавме да спречиме наплив од приговори кои би ги блокирале државните институции. На овој начин приговор ќе поднесе само оној што е сигурен дека згрешил во тестот“, ни изјави директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ.

И во текот на вчерашниот ден не престанаа да пристиг��ат поплаки во нашата редакција околу спроведувањето на матурата. Родителите се жалат на критериумите за оценување и високиот праг поени кои се потребни да се помине тестот.

„Како пример го наведувам пишувањето состав, односно есеј на одредена тема. Есејот не е прашање кое може објективно да се прегледа. Не верувам дека повеќе прегледувачи го читале есејот, па се согласувале за поените. Тоа е една слабост што постои и е многу дискутабилна, бидејќи се' зависи од прегледувачот, дали нему ќе му се допадне стилот, концепцијата, изборот на зборови...“, пишува еден родител во реакцијата испратена до нашата редакција. Родителот укажува и на тоа дека тестот по македонски јазик е оценуван со повисоки критериуми. „За да се добие петка по македонски јазик, како што разбравме, треба да се има процент повисок од 94. Мојот син положи македонски јазик со четворка и освоени 92 процента, што сметам дека е висок процент. Потребно е да се смени оценувачката скала, бидејќи вака изгледа како професорите по мајчин јазик да не ја вршеле добро својата работа“, објаснува загрижениот родител.

Дел од професорите кои реагираа на нашата Интернет-адреса велат дека децата заслужено ги добиле оценките, бидејќи не учат доволно. И децата признаваат дека дел од оценките им се подарени. „Доста се правиме луди. Половина од петките ни се подарени. Провлекувања со врски, молења, неодговорни професори кои повеќе ги интересира рецепт за торта одошто се' друго. Еве, се виде на што сме“.

Еден средношколец, кој се преселил во Америка, го споделува своето искуство. Тој вели дека средношколците во американските училишта добиваат по три оценки за еден предмет секој ден и секој ученик има увид во оценките за првата четвртина или половина од годината. „Нема врски и оценката е реална. Не само матурантите, туку и сите други имаат завршен испит, што значи децата се подготвени за ваквото оценување уште од првата година“, вели тој.


Статијата е прочитана 338 пати.

Испрати коментар

Од: матур
Датум: 17.07.2008 10:19:20
Толку големо значење се придаде на една државна матура што е просто неверојатно...како завршено средно одеднаш да стана како да се докторирало и навистина така почнаа луѓево да мислат. До толку да се биде опседнат со ова...едноставно е неразбирливо. И тоа е еден тест како и сите тестови што се прават во текот на школувањето, па во моментот на правењето може многу работи да влијаат како на пример трема и страв како и тоа што делот кој е прегледуван директно од оценувачи неможе никогаш 100% да биде објективно оценет. Затоа ни таа оценка немора да биде најјасна слика за знаењето на учениците и сите тоа добро го знаат ама во случајов се прават дека не го знаат и дека баш полагањето на матурата е најточниот показател на стекнатото знаење што не е воопшто точно. Исто така во ниеден наврат,освен оцените со добиени со врски,не се спомна и обратниот случај на учениците кои биле деградирани и сега постигнале подобар резултат на испитот од оценката што ја имале во текот на 4-годишното школувањ

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Змии сеат страв во околината на Тетово
Инстант-буџет
Даночниците ќе добијат повисоки плати, така ќе биле попрофесионални
Црвенковски нема повторно да се кандидира за претседател
Драмата на Егејците (16)
Опозицијата ��о напушти Собранието
Парното ќе поскапи во август за рекордни 60 отсто?
Балканизација на ЕУ
Малиот голем човек
Атина стравува од судир на грчки ултранационалисти со децата-бегалци?
Се подобрува здравствената состојба на повредената Дафина
Владата „победи“, ќе ќари 61 милион евра од „Телеком“
Карикатура
Ерик Мејер
Verbatim