Брoj 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Змии сеат страв во околината на Тетово

Во тетовската болница за последниве два месеца се регистрирани десетина случаи од змиско каснување

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Змии сеат страв во Тетовско. За последните два месеца во тетовската Клиничка болница се регистрирани десетина случаи од змиско каснување. Во четири интервенции лекувањето било болничко. Еден од пациентите како сериозен случај бил испратен во Клиничкиот центар во Скопје.

Во Хируршкото одделение во Тетово велат дека во овој период од годината се јавуваат повеќе пациенти каснати од змии, и возрасни лица, но и деца. Така, змија каснала дете во рака кога седело на клупа за одмор, а друго додека било во спортскиот центар. Жители на Тетово раскажуваат дека жена била касната од змија додека се капела во импровизиран базен во месноста Бањиче над Тетово.

Мирко К. од Теарце тврди дека за неколку дена во дворот на неговата куќа, која се наоѓа во горниот дел на селото, отепал дури шест смока. Во Џепчиште настрадал плочкар кој бил ангажиран на реновирање куќа. Нухи Вејсели, претседател на МЗ „Џепчиште“, вели дека работникот не бил мештанин и затоа не му го знае името. Настанот се случил додека работел на лепење плочки, кога неочекувано почувствувал силна болка на раката.

„Животот му беше загрозен. Човекот ненадејно се најде во тешка состојба. Благодарение на помошта што му ја укажаа соработниците, а потоа и брзата интервенција на здравствените работници, тој на крајот се извлече“, вели Вејсели.

Во Ветеринарната станица во Тетово потврдија дека летово зачестиле поплаките за појава на змии. Оттаму велат дека на повисоките предели почесто се забележувале змии- шарки, ѕвечарки, поскоци, додека во пониските места, во нивите и во дворовите се движеле смокови.

Сепак, најмногу зачудува што нема аналитичко согледување на проблемот со присутноста и опасностите од змии. Нема ниту точна евиденција на каснати лица. Покрај во тетовската болница, помош за вакви случаи укажувале и медицински екипи во голем број приватни здравствени организации во тетовскиот крај. Порано било практика ваквите случаи да се пријавуваат во Заводот за здравствена заштита, но тоа повеќе не се прави.

„Стап во рацете или каков било друг предмет и отворени очи, бидејќи не знаеш на што ќе наидеш“, беше советот на еден повозрасен тетовец, кој одеше кон Балтепе над Тетово.

 


Статијата е прочитана 2432 пати.

Испрати коментар

Од: Dark Avenger
Датум: 17.07.2008 04:08:53
Svecarki vo Tetovo???? A be ajde, pa proveruva li nekoj sto e ovde napisano????
Од: saso
Датум: 17.07.2008 09:25:03
daj stvarno preveruvajte sto pisuvate kakvi pusti zvecarki
Од: В
Датум: 17.07.2008 09:32:09
Од сите страни вреба непријател,можеби некој сака да не нема во Македонија,можеби имало порано некои влекачи ама нагло се знае дека некој ги намножил и ги пуштил,добро само уништување,политика и во требење на населението да се понамалиме да не им сметаме многу сме сигурно во Македонија.
Од: asdf
Датум: 17.07.2008 10:26:58
Da be stvarno ima dzvecarekci ima i anakondi, mambi, kobri, pitoni samo nejkat se da kazat da ne se shiri mnogu panika :)
Од: dragan
Датум: 17.07.2008 11:03:54
Celata pozadina so dzvercarkite e da se odvlece vnimanieto od vistinskata zakana: Sara vrie od leopardi, lavovi i hieni!
Од: Gox
Датум: 17.07.2008 11:16:32
Pogresna e informacijata..Samo sto kazaa deka zvecarkite vsusnost bile crni mambi...e tek sea e frka,edino oni ne begaat,a napagaat i brkaat luge...xixix...sega ke iskocat kiselite so smajzeri i pistoli da se borat ...
Од: xxx
Датум: 17.07.2008 12:39:53
Gojko zasto ti poubavo ne ja proveris situacijata na teren, mnogu e verojatno deka posle tvojava ocenka za pojava na zvecarki u Tetovo i tetovsko mozda da u megjuvreme se pojavat i zmiite od vidot Anakonda, Mamba, Kobra, Boa itn. Gojko be, otvori "1000 zasto 1000 zatoa" pa pisi posle clanak u vesnik. Taa enciklopedija barem ja ima na sekoja polica u MKD. Sekoj vtor e novinar denes.
Од: test
Датум: 17.07.2008 13:14:16
test
Од: Bubastis
Датум: 17.07.2008 14:54:21
Siroti zmii
Од: Dok
Датум: 17.07.2008 15:46:46
A be nemojte taka Gojko e svetski novinar toj znaj koj zmii kade gi ima nemojte da go vregate covekot. kako d aodi vo tetovo koga e polesno od skopje da se pishuva. na kraj ke ispadne ne samo zvecarki tuku i krokodili i aligatori ke s epojavat
Од: uuuu
Датум: 17.07.2008 22:21:06
ushte neshto da ne zaborajvte??? tarantuli, krokodili zelena mamba, egipetska kobra , nilski konj, panka kengur....

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Инстант-буџет
Даночниците ќе добијат повисоки плати, така ќе биле попрофесионални
Црвенковски нема повторно да се кандидира за претседател
Драмата на Егејците (16)
Опозицијата го напушти Собранието
Парното ќе поскапи во август за рекордни 60 отсто?
Балканизација на ЕУ
Малиот голем човек
Во скопските средни училишта пристигнаа само 26 приговори
Атина стравува од судир на грчки ултранационалисти со децата-бегалци?
Се подобрува здравствената состојба на повредената Дафина
Владата „победи“, ќе ќари 61 милион евра од „Телеком“
Карикатура
Ерик Мејер
Verbatim