Расправата околу бугарската вистина за македонската историја во Европскиот парламент во Брисел покажа дека влегувањето во ЕУ не е никаква гаранција за европеизирање на Балканот, туку обратно, шанса да се балканизира Унијата од тие што мислат дека таа постои за да исправа историски неправди, а не да се занимава со иднината. Мачно и жално беше да се присуствува на овој настан, не поради она што се кажа околу Македонија, туку поради фактот дека со толку проблеми што имаме да ги решаваме во земјата за да ги достигнеме европските стандарди мораме да си го губиме времето слушајќи и објаснувајќи чија била и каде била Македонија пред стотина години.
Што е потрагично, ваквите дебати доаѓаат од земјите-членки на демократска ЕУ, Бугарија и Грција, кои место да гледаат дека немаат пристојна патна мрежа со нашата држава, никаква авионска линија и затворена граница, бистрат висока политика за историски факти кои немаат допир со реалноста сега. Бугарија, за жал, го изгуби политичкиот компас по влегувањето во ЕУ, и по првите години кога ја туркаше нашата земја кон членство, целосно се престрои на страната на Атина.
Дека темата беше промашена можеше да се види од тоа што бугарските и грчките претставници сами себе си си зборуваа, бидејќи никој од другите земји-членки на ЕУ не најде интерес да присуствува на ваква дебата, зашто тие одамна ја надживеаја. Да се тврди среде најдемократската институција во Унијата, Европскиот парламент, дека на Балканот има клонирани држави, чиј поттекст се идеите за големи Бугарии, Романии, Албании и слични нешта, е самодевалвација, која не би требало да си ја дозволи академска и политичка елита на една држава-членка на обединета Европа.
Госпоѓице Јовановска, веројатно не знаете, но има регуларна авионска линија Софија-Скопје и железничка линија којашто одамна е готова од територијата на Бугарија, но во Македонија се уште се кочи затоа што на некого очигледно му пречи да има блиски релации со Бугарија.
Од: bobi mitreski
Датум: 17.07.2008 06:14:26
Smetam deka i ne treba tolku da se preoptovaruvame so EU i NATO od pricina sto ke bideme non stop uslovuvani od nasite istocni i juzni sosedi osobeno ako go promenime nasiot identitet-sto bi bila najgolema greska za Makedonija.Ako uvidat deka sme popustlivi tie ke prodolzat so nivnata ekspanzionisticka na nas poznata politika.Smetam deka akcent treba da stavime na ekonomijata i nevrabotenosta sto momentalno e zezok problem.Za kraj se ima svoj pocetok,razvoj i kraj-pa taka i EU i NATO.Istorijata pokazala deka se tece se se menuva pa taka nastanuvaat i razno razni sojuzi na drzavi za da na kraj se raspadnat.Starite nasi rekle-edna glava edna kapa,ama ako edna kapa treba da pokrie 27 glavi kako sto e slucaj so EU-ke ima mnogu gorlivi problemi za unijata,veruvajte.Pozdrav
Од: pogled
Датум: 17.07.2008 07:28:54
Колку поспоро Балканот во ЕУ, толку побрзо Балканот во ЕУ.
Од: Ај-да-размислиме
Датум: 17.07.2008 08:43:04
Сами си ги продуцираме проблемите со соседите, им даваме „материјал“ за нивните ПРИМИТИВИЗМИ да се хранат. Зарем мислиме дека нивниот примитивизам може да се победи со слично однесување? Зарем не е поедноставно да се поставиме во одбрана на ОВАА, СЕГАШНА Македонија? Во што е проблемот? Во што е мааната на Република Македонија? Јас, лично, не гледам ни проблем ни маана и сакам да ја градиме и да и` го утврдиме местото во светот. Со „шетање“ низ историјата, а сега, и до Пакистан нема аир за Македонија. Да ги оставиме настрана луѓето кои живеат на продуцирани проблеми, кои, тие самите, ниту можат, а, што е пострашно, ниту сакаат да се решат. Во природата има поучен пример: мршојадците, тие, само на мртво се радуваат. Кога ОВАА Македонија, со ОВИЕ Македонци (сите граѓани) ќе ја поставиме на нозе, со добивање на своето место во Светот, многу полесно ќе се добие и вистинското место во Историјата. Се друго е препелкање во „жив песок“.
Од: Збунет
Датум: 17.07.2008 09:04:55
Еден многу интересен настан станува очигледен: Макединиjа сака да разговара со Грциjа за историjа но со Бугариjа не сака. Во Утрински секоjдневно се публикува "Драмата на Егеjците" (интересно дека нема ни збор за злосторствата на Србите), а Груевски бара сметка на Грците за геноцидот во Егеjска Македониjа, но кога Бугариjа говори за Македониjа пред 1944, веќе не сакаме да слушаме за минатото, туку сакаме да говориме за иднината. Меѓу другото, коментарот на Михаил е 100% точен и се чудам коj не сака соработка.
Од: Do Mihail
Датум: 17.07.2008 09:06:29
Bate, ne bidi bukvalista, ne e rabotata vo edna avionska linija, rabotata e sto jas moram da cekam(citaj:molam) pred bugarska ambasada za edna mocana viza i sto edna Bugarija vleze vo EU i sega bukvalno se nasla vo cudo i se pravi vazna, a i sami znaeme deka starite EU clenki sto pati se pismanija sto prerano ja primija BG vi EU.
Од: zagrizen mk
Датум: 17.07.2008 09:51:30
odlicna amaliza na novinarkata
Од: Zare Delija
Датум: 17.07.2008 11:23:42
Pazi boze od takvi novinari. Ovaa novinarka mora da si razresi problemite vo glavata pa posle da pise i da razmisluva.
Од: Vesna
Датум: 17.07.2008 11:40:59
Marginalen nastan, marginalna kniga koja nisto novo ne ni otkriva! Bugarite nikogas ne ne priznale i toa ke go storat samo koga ke sozreeme kako nacija i koga ke go afirmirame sopstveniot identitet ama ne so Hunzi. Komentarot, isto kako i tekstot pred nekoj den, se totalno deplasirani i bespredmetni. Nastan koj ne zasluzuva poveke od 10 reda vie mu dadovte golemo znacenje so sto pokazuvame kolku sme frustrirani.
A na EU pa duri i na Bugarija mozeme samo da im zaviduvame !
Од: Slo
Датум: 17.07.2008 12:10:11
Megu drugoto, vizite se od EU, ne od Bugaria.
Од: realen
Датум: 17.07.2008 13:30:37
jas mislam deka najdobo bi bilo site makedonci koj sto se drzavjani na bugarija odnosno tie sto go kupile drzavjanstvo i dobile pasosi neka si odat tamu i neka ne se vrakaat vo mkd!oti tie nese makedonci veke i poveke gi podrzuvaat bugari i grci tuku nas makedonci! izdajnici ne ni trebaat tuka kako georgievski i tupurkovski!!albancite ni se turci i albanci ni se podobri prijateli i so niv ke gradime idnina ,
Од: J
Датум: 17.07.2008 14:01:38
I od stranata na Albanija ima pruga od Drac nebare do Qafa e Thanes (Kjafasan) ama nema od nasata strana. Taka e jasno deka niedna makedonska vlada nemala strategija da napravi nisto dosega da ja osposobi drzavata kako drzava da se ponasa vo relacija so komsiite . Maksimalen domet na site makedonski vladi od nezavisnosta krunisana od ovaa poslednava i segasna e "drzi vodu dok majstori odu".
Од: devicanecot
Датум: 17.07.2008 14:52:33
Драга новинарке Јовановска,
Се надевам дека сте од кланот на Македонија во Брисел. Ете прашувам, ако прво Бугарија ја туркала Македонија во ЕУ, сега е на страната на Брисел. Тоа се твои зборови од текстот. Заклучок: Брисел не е на наша страна, т. е нас не неќе. Зошто тогаш нас не туркате упорно во ЕУ, кога тие не неќат. Знаете, едно дете што го неќат родителите каков живот има. Замислете се сами. Што ќе ние ЕУ. Секогаш ќе не уценува, како и сега: Решете си го проблемот со името и тоа до 9-ти јули. Пароблемот е што ние немаме проблем со името. Тоа е уставно. Нека си го решат тие што си го имаат. Во овој случај, во грчкото негирање на Македонија, се приклучува и ЕУ, иако многу земји од ЕУ веќе не признаа под уставното име. Каде е логиката на здравиот разум?Ако него го има во ЕУ.