Број 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Атина стравува од судир на грчки ултранационалисти со децата-бегалци?

Грчките весници прават сценарија и покрај демантите дека не се планира никаква посета на Лерин

Димитар Чулев

„Доколку активисти на организацијата „Златна зора“ се појават во селото Овчарани в недела на традиционалниот панаѓур во ова село, на кој концерт треба да одржи и македонскиот национален ансамбл „Танец“, тоа ќе биде сериозен сигнал дека грчката држава стои зад овие ултранационалисти“, изјави вчера за „Утрински весник“ висок претставник на Виножито, грчка политичка партија околу кое гравитира македонското малцинство во Грција. Од Виножито велат дека никаква манифестација не се планира по повод 60-годишнината од протерувањето на околу 25.000 деца по Граѓанската војна во Грција, манифестација која ќе се одржи во Скопје. Здружението на децата-бегалци од Егејска Македонија на завчерашната прес-конференција, исто така, ги негираше шпекулациите на грчкиот печат дека наводно во Лерин ќе отпатува поголема група некогашни деца-бегалци, а сега старци од над 70 години, што за грчката држава претставува провокација.

Но, грчкиот весник „Та неа“ вчера излезе со тврдење дека „тревога ја тресе Атина поради можности од судири меѓу крајно десните грчки националистички елементи и децата-бегалци, наследници на етничките Македонци од Грција“. Како што пренесе МИА, овој весник наведува дека владата во Атина располагала со информација за подготвени активности од страна на грчката крајна десна организација „Златна зора“, кои за време на викендот планирале да бидат во Лерин со цел да се конфронтираат со гостите од Македо��ија. Весникот цитира анонимен грчки претставник според кого за време на викендот ќе биле пречекани „околу 300 бегалци и нивните потомци кои ќе допатуваат во Лерин“. Владини извори, пишува „Та неа“, сметале дека ваквите инциденти може да имаат негативни последици врз Грција.

Ова затегнување на ситуацијата настапило по писмото испратено од премиерот Никола Груевски до неговиот грчки колега, Костас Караманлис, во кое побара признавање на македонското малцинство во Грција. Сите весници вчера ја пренесуваат изјавата на шефицата на грчката дипломатија, Дора Бакојани, која му забележала на премиерот Никола Груевски дека имал претензии за некакво непостојно малцинство, дека ги минира преговорите и оти тој што „сее ветрови, ќе жнее бури“.

„Елефтерос типос“ пишува дека Караманлис ќе му испрател одговор на Никола Груевски во врска со неговиот обид да се отвори непостојното македонско прашање во Грција.

Но, од Виножито потсетуваат дека кога е прашањето за „непостојното малцинство“ минатата недела, поточно на 10 јули, е одбележана десетгодишината на Одлуката на Европскиот суд за човекови права во случајот „Сидиропулос и другите против Грција“ во кој судот пресуди дека одбивањето на Грција да го регистрира Домот на македонската култура претставува кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права. „Европската слободна алијанса – Виножито го осудува фактот дека една деценија по одлуката на Стразбур и речиси дваесет години по поведувањето на овој спор, грчките судови и натаму одбиваат да го регистрираат ова културно здружение“, стои на официјалниот сајт на Виножито. Во кусиот текст се потсетува дека во 1990 година група грчки граѓани решија да формираат непрофитна и невладина организација наречена Дом на македонска култура во местото Лерин и побара започнување постапка за регистрирање на здружението. Но, првостепениот суд во Лерин го одби барањето, тврдејќи дека целта на здружението е да се промовира идејата дека „постои македонско малцинство во Грција, што е спротивно на националните интереси, а со тоа и спротивно на законот“. Во 1998 година, по жалба на членовите на здружението, судот утврди дека Грција ја прекршила Европската конвенција. Обидот повторно во 2003 година да се регистрира овој дом беше отфрлен со истите причини и објаснувања. Сега ова прашање се наоѓа пред Врховниот суд на Грција, но доколку и тој одлучи како и пониските судови, правдата повторно ќе треба да се бара во Стразбур, велат од Виножито.


Лерин

На добронамерните предупредувања дека Македонија поради аспирациите за приклучување во ЕУ и НАТО, мора да направи компромис со Грција, од Виножито коментираат: „Прашањето за постоење етничко малцинство е покренато во Европскиот суд, а тој не и' припаѓа на ЕУ, туку на Советот на Европа, чиј член е и Македонија“.

Грчкиот печат не се занимава со Виножито, но затоа на големо информира дека Караманлис за писмото на Груевски ќе ги информира генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, Европската унија и НАТО, кои ќе бидат запознаени со жестокото негодување на Грција поради отворање на прашањето за признавање на македонското малцинство и за враќање на имотите на протераните за време на грчката Граѓанска војна.

„Елефтерос типос“ коментира дека „сега кога ја има американската поддршка Груевски бара многу за да добие едно“, а весникот „Етнос“ барањето на македонската страна го третираат како директно мешање во внатрешните работи на Грција.

„Катимерини“ објави текст со наслов „Во очекување на нови провокации“ во кој наведува дека за време на средбата на децата-бегалци, што од 18 до 21 јули ќе се одржи во Скопје, може да се очекуваат нови повици за признавање на македонското малцинство. На средбата, според извори на весникот, се очекува да присуствуваат околу шест илјади македонски емигранти од Канада, САД и Австралија, а ќе биде испратено и соопштение до светските медиуми со кое ќе побара заштита на човековите права и слободи. Весникот го донесува и податокот дека 4.000 лица досега поднеле молби за враќање на одземените имоти во Грција.

„... Сите знаат дека барањата за македонско малцинство и македонски јазик во Грција се приказни од ’Илјада и една ноќ‘, но по 50 и повеќе години неприфатлива пропаганда, раководството на поранешната југословенска република сега е присилено да не прави чекори назад и да не отстапува“, пишува весникот „Елефтери ора“,кој како и повеќето од печатените медиуми констатира дека Груевски се потпира на Вашингтон и „грубо се меша во внатрешните работи на Грција“. „Катимерини“ смета дека писмото на македонскиот премиер го минира процесот на преговори и во текстот во кој цитира дипломати кои сметаат дека тоа што Груевски во писмото не ги спомнувал преговорите со Атина за спорот со името, требало да значи дека преговорите одвај и ќе продолжат. „Откако Груевски го постави прашањето за „македонското малцинство“ се поставува прашањето како тогаш ќе бара решение за спорот за името на Македонија“, пренесува МИА толкувања на извори од грчкото МНР.


#
Статијата е прочитана 3613 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo SAD
Датум: 17.07.2008 00:58:08
Serija na Grchki politichari od nivnata desnicharska garnitura vekje so decenii vodi nacionalistichka politika koja e ekvivalentna so onaa na Slobodan Milosevic od krajot na 80-tite i pochetokot na 90-tite godini. Grcija sebsi se smeta za regionalna velesila tolku mokjna shto duri e vo sostojba da se konfrontira i so USA. Epologot na politikata na Milosevic go vidovme, a sega e na red epilogot za politikata na Grcija.
Од: Saini
Датум: 17.07.2008 01:58:10
Bravo Grujo samo napret sega neka se mislat Grcite pozdrav od Austria
Од: uste eden Makedonec vo SAD
Датум: 17.07.2008 03:12:40
Grcija se spletka i so toa sto ni stavi veto vo NATO gi radikalizirase rabotite pa sosema e normalno ova sto se slucuva. A ako za Crvenkovski i Frckovski baranjata da ni se vratat imotite i da gi pocituvaat osnovnite covekovi prava se populisticki baranja togas tie ocigledno ne se naslednici na komunistickata bagra koja molceshe so decenii. Bog e so nas i nie sme vo pravo i ke istraeme, ne barame nitu menuvanje na granici nitu nesto sto ne e nase, samo malku pocit i pravdina. Samo napred Grujo, nie pravite Makedonci sme so tebe !
Од: dragan
Датум: 17.07.2008 05:31:03
samo taka za grcishtata...
Од: jas
Датум: 17.07.2008 09:53:51
jas ne sum od Egejska Makedonija (Egeec) no vo moeto mesto ziveat mnogu Egejci i del od niv se i moi prijateli,i da vidite samo itekako postojat,ziveat,rabotat .... jas za niv nemozam da recam deka se nepostoecki ako nekoj ne gi gleda ima strasen problem
Од: dias
Датум: 17.07.2008 10:02:24
do koga FRCKO i komp.ke se zanimava so Gruevski.namesto da se zanimava so pravata na makedoncite vo sosednite zemji,pa neli e "ekspert "za megunarodno pravo,samo se vrti vo mesto.pa dosta se kutese za se i sesto.60 god.na site im potkleknuvame,samo nie ne cinime ,site drugi se arni.dosta e.samo edinstvo ni treba.
Од: Boshko
Датум: 17.07.2008 10:05:34
Znachi baranjeto za priznavanje na Mak. Malcinstvo kaj Kozarite e meshanje vo vnatreshnite raboti vo Kozarija a baranje za promena na Ustavnoto ime na Makedonija ne e li meshanje.Samo od eden pomalku da ostanat.
Од: Ivica
Датум: 17.07.2008 10:07:14
Нема враќање назад !!! Она што грците ни го земале треба да го вратат и да ни платат за страдањата на нашите браќа кои живееле и живеат сеуште во нашиот егејски дел. Да живееш во своја земја, некој да те протерува и да ти забрани да збориш на својот јазик.... no comment. Но полека но сигурно македонското ло��и во егејска македонија се зајакнува. Нашите таму имаат се повеќе сили и ерба. Доста беше молчење !
Од: Dejan Antonijevic
Датум: 17.07.2008 10:22:12
Bravo Grujo. samo napred,ova e pravata stvar.
Од: Risto avstralia
Датум: 17.07.2008 12:37:37
A zosto stravuva Atina pa neli tamu vo Dem.Grcija nema malcinstva eeeee Evropo i korumpirani politicari,neka otidat na you tube i neka napisat Ovcarani pa neka gledaat i slusaat kako se pee i kako se igra ne treba poveke,togas mozebi nekoj ke razmisli.Vecerva odnesov eden Grk na vecera i go prekalemiv za eedna vecera 30dolari.
Од: tacho
Датум: 17.07.2008 14:46:31
bravo na gruevski samo toj ima guts pred grcistata
Од: Lenin
Датум: 17.07.2008 15:02:25
Dosta vreme Makedonija cuteche i trpeche vreme e da se progovori povece za Makedoncite od Egejskiot del.Toa chto e odzemeno treba Grcija da go plati so kamata.Kakva lulka na demokratija e Grcija kog ne priznava nikakvi prava na malcinstvata.
Од: sladj
Датум: 17.07.2008 19:34:58
koga Slovenija za Klagenfurt uporno bi vikala Celovec, verojatno bi gi imala istite problemi so nivnite severni sosedi. Arno ama, i dvata naroda preminale preku minatoto i zatoa denes se tamu kaj sto se..it takes two to tango.
Од: svesen
Датум: 17.07.2008 19:39:02
Se nadevam deka Gruevski ce se zalozi i za decata begalci od matejce i Aracinovo ili ako sakate potocno za vnatresno raselenite lica ili pak za niv nego interesira tie ne se negovo glasacko telo

Најди! во Утрински
Насловна
Змии сеат страв во околината на Тетово
Црвенковски нема повторно да се кандидира за претседател
Инстант-буџет
Даночниците ќе добијат повисоки плати, така ќе биле попрофесионални
Претходен број
Зденко
Драмата на Егејците (16)
Парното ќе поскапи во август за рекордни 60 отсто?
Опозицијата го напушти Собранието
Балканизација на ЕУ
Малиот голем човек
Во скопските средни училишта пристигнаа само 26 приговори
Се подобрува здравствената состојба на повредената Дафина
Карикатура
Владата „победи“, ќе ќари 61 милион евра од „Телеком“
Ерик Мејер
Verbatim

"""