Брoj 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Се подобрува состојбата на повредената Дафина

Ѓорѓи Маркоски постојано прашувал како е неговата девојка и порачувал дека постојано мисли на неа

Состојбата на скопјанката Дафина Анастасова (22), која беше тешко повредена во несреќата на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад, се подобрува. Според информациите од МНР, Дафина полека закрепнува на Одделението за интензивна нега во Клиничкиот центар на Војводина, но докторите се' уште ја држат под анестезија. Нејзиниот пријател Ѓорѓи Маркоски (23) од Прилеп закрепнува во болницата во Сремска Каменица. Според медицинскиот персонал кој се грижи за неговото здравје, тој постојано прашувал како е неговата девојка и им порачувал да и' пренесат дека мисли на неа. Лекарите засега избегнувале да му дадат детали за состојбата на Дафина, плашејќи се дека може да се наруши и неговото здравје.

„Нејзината здравствена состојба се подобрува, почнала да ја придвижува левата рака, но докторите се' уште ја држат на апарати и под анестезија за побрзо да закрепне“, велат од нашето Министерство за надворешни работи, кои се во постојан контакт со болницата.

Директорката на интензивна нега во Клиничкиот центар во Војводина вели дека е видливо минимално подобрување на состојбата на Дафина.

„Состојбата се' уште е лоша, но има мало подобрување, меѓутоа се' уште не се знае дали пациентката ќе закрепне. Сепак, нејзиното подобрување е добра вест“, ни изјави доктор Радмила Колак, директор на Одделението за интензивна нега.Таа вели дека на нив сега останува да се грижат за Дафина професионално и најдобро што можат.

„Би било неблагодарно да прогнозираме за колку време нејзината состојба ќе се подобри. Нам ни останува да работиме професионално, да се трудиме да и' помогнеме, како и да се молиме заедно со нејзините блиски таа да биде подобро“, вели доктор Колак.

Прилепчанецот Ѓорѓи Маркоски (23) закрепнува во Институтот во Сремска Каменица. „Тој е навистина добро момче, и не му е лесно. Жал ми е за него, бидејќи постојано прашува за девојката, а никој не може да му каже дека таа е во критична состојба. На сите им порачува да и' пренесат дека постојано мисли на неа“, изјави медицинската сестра која се грижи за Ѓорѓи, за српскиот весник „Блиц“. (Ј.К.)


Статијата е прочитана 4324 пати.

Испрати коментар

Од: Ana
Датум: 17.07.2008 01:22:37
Sakam da bidat dobro i Dafina i Djordje... Mnogu pozdravi od Nis od Srbija... Ve sakam, Makedonijooo!!!
Од: Биба.Прилеп
Датум: 17.07.2008 02:12:35
Дај боже да ни се вратите здрави и живи..
Од: kekio
Датум: 17.07.2008 02:13:02
Site moi molitvi se za pobrzo zakrepnuvanje na moite najdobri drugari Dafe i Djore.Se nadevam deka Gospod me slusa. Jas sum sekogas tuka za niv,a ce bidam tuka i kolku so e potrebno oti mnogu mi nedostiga.
Од: Ole - Skopje
Датум: 17.07.2008 05:54:45
So iskreni zelbi do Dafina i Gorgi za brzo ozdrauvanje posebno do Dafina koja seuste se bori za zivot. Gospode Boze pomogni i.
Од: Irena
Датум: 17.07.2008 07:28:41
Golema molitva za Dafina i Gjorgji. Da dade BOG da se oporavi i Dafina kako sto pocnal da se oporavuva Gjorgji. GOSPODE pomogni da bide se vo red so niv.
Од: b
Датум: 17.07.2008 08:03:32
site se molime za niv
Од: svetle
Датум: 17.07.2008 08:21:29
site zelbi i molitvi za brzo zakrepnuvanje. Roditelite da istrajat vo ovie teski momenti.
Од: N. - Sk
Датум: 17.07.2008 08:48:25
Душички издржете, сите ние мислиме на вас. Не се давајте, Господ сила да ви даде да ни закрепнете, ќе ни се вратите, се е по негова воља. Срцата наши се молат за вас.
Од: elizabeta
Датум: 17.07.2008 08:50:04
dj boze pobrzo za ozdravat i da nemaat nikakvi posledici dve mladi dusicki
Од: Boban Avg..
Датум: 17.07.2008 08:51:55
Sto pobrzo i podobro zakrepnuvanje i ozdravuvanje za dvajcata mladi ..da si se vratat doma zivi i zdravi i da prodolzi ljubovta uste poslino...se molime za vas..
Од: Lile,Skopje
Датум: 17.07.2008 10:42:10
So celo srce se molam da se vratat zdravi i zivi zaedno.
Од: македонка
Датум: 17.07.2008 10:43:42
Најискрени желби за брзо оздравување на двајцата.Бог нека ви помогне и нека ги слушне нашите молитви за младите луге.
Од: sasho negotino
Датум: 17.07.2008 10:54:20
Gospod da ve cuva, i da ni se vratite sto pobrzo ZIVI I ZDRAVI.
Од: Makeonka
Датум: 17.07.2008 10:57:35
Jas mislam deka, koga Gjorgji ce izleze od bolnica, obavezno treba da otide kaj Dafina, zatoa sto koga bi mu go slusnala glasot mozebi ce ima podobruvanje na nejzinata sostojba.
Од: Goran Skopje
Датум: 17.07.2008 11:04:35
Site se molime za Dafina.Se nadevam deka site nasi molitvi ke bidat dovolno silni i glasni da gi cue i Gospod Bog i da im pomogne.Site sme so vas
Од: Violeta
Датум: 17.07.2008 11:05:06
Od srce se molime i dvajcata da ni se vratite zivi i zdravi.
Од: Goce,NIS,srbija
Датум: 17.07.2008 12:39:40
Ne znam kako i da li mozeme da pomogneme nie Makedoncite koi ziveeme vo Srbija.Sekoj moment se molime na Boga za nivnoto brzo ozdravuvanje.
Од: laki
Датум: 17.07.2008 15:50:54
gospode te molam pomogni im na Dafina i DJordje...osobeno na dafina....neka ni se vratat zdravi i zivi i veseli kako sto i otidoa na exit...se molime za niv dvajca....znam deka ke ne poslusas i ke im pomognes...golema podrska do semejstvata..
Од: sladj
Датум: 17.07.2008 15:53:53
e, bas ubava vest od sabajle. da ni se vratite zivi i zdravi. najiskreni zelbi za brzo oporavuvanje, Dafina!
Од: ELENA -Prilep
Датум: 17.07.2008 17:04:39
GOCE go cekam so dusa da se vrati pp i sto pobrzo da zakrepni, a za DAFE se molam za pobrzo podobruvanje na nejzinata sostojba.I pak da si bidat zaedno so Goce.GO MOLAM GOSPOD za da mu pomogni na dvajcata OD SRCE!
Од: Џанго и Марина
Датум: 17.07.2008 20:27:34
Сите наши молитви се до вас Џоре и Дафе побрзо да закрепнете. Дафе имаш право на еден пропуштен Пиво Фест ,следната година те чекаме во Прилеп да се напиеме по едно ладно пиво :)
Од: Ana
Датум: 17.07.2008 21:35:20
Dushici... Ve mislam sekoj den i edvaj Ve chekam nazad... Vi ja prakjam seta srekja na svetot..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Змии сеат страв во околината на Тетово
Инстант-буџет
Даночниците ќе добијат повисоки плати, така ќе биле попрофесионални
Црвенковски нема повторно да се кандидира за претседател
Драмата на Егејците (16)
Опозицијата го напушти Собранието
Парното ќе поскапи во август за рекордни 60 отсто?
Балканизација на ЕУ
Малиот голем човек
Во скопските средни училишта пристигнаа само 26 приговори
Атина стравува од судир на грчки ултранационалисти со децата-бегалци?
Владата „победи“, ќе ќари 61 милион евра од „Телеком“
Карикатура
Ерик Мејер
Verbatim