Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

„Трофејот Македонија“ за поголема самодоверба пред евробаскетот

Македонската кошаркарска репрезентација славеше и во вториот драматичен дуел со Нов Зеланд (68:67)

Слободните фрлања на Перо Антиќ на 11 секунди до крајот и донесоа победа на македонската репрезентација во дуелот со Нов Зеланд (68:67), но и го донесоа и трофејот од турнирот „Трофеј Македонија“. Затоа што бевме единствени со две победи (најпрвин ја совладавме Црна Гора со 79:74).

Капитенот Антиќ го заврши мечот со 16. коша и три скока и сосема заслужено му припадна и наградата за најкорисен играч на турнирот. Натпреварот против Нов Зеланд беше неизвесен во текот на целиот меч. Покрај Антиќ, повторно солидно одиграа Ме��ејлеб и Гечевски. Поголема минутажа во однос на првиот натпревар доби Ѓорѓи Чековски, кој заврши со пет поени.

„Игравме доста внимателно, што е нормално за последните денови од подготовките, поради тоа што сакаме да го намалиме ризикот од било какви повреди. Пробувавме различни варијанти против Нов Зеланд, кој беше одличен во шутот од далечина (11/22 за три поени), но задоволен сум од одбраната која ја игравме“, вели селекторот Докузовски.

И во право е Марин, барем кога станува збор за дефанзивниот дел. И на мечот против Црна Гора и на овој далеку е поактивен притисокот на надворешните играчи на противникот. За тоа доволно говорат 14. украдени топки.

Многу е подобра играта и на центрите. Гечевски со неколку креативни потези, ја разбуди имагинацијата и кај Антиќ и Самарџиски. Но повторно бевме слаби во реализацијата, особено во обидите за три поени. Погодивме само три тројки од 20 обиди, а за два имавме 20/59. Тој елемент мора да се подобри до почетокот на ЕП.

Денеска македонските репрезентативци се слободни од тренинзите, а веќе утре селекцијата треба да отпатува за Минхен, а потоа и во Берлин, каде ја чекаат два пријателски меча со Германија, за која треба да настапи и НБА-шампионот со Далас, Дирк Новицки.

На 29 август од Берлин се патува во Вилнус, а веќе на 31 месецов не чека првиот меч на евробаскетот во Литванија, против Црна Гора (во нашата група се наоѓаат и Грција, Хрватска, БиХ и Финска). (Н.К)

Македонија - Нов Зеланд 68:67



(24:20, 18:17, 16:18, 10:12)

Сала: Борис Трајковски, гледачи:2.000, судии: Стојовски, Крстевски, Бошковски.

Македонија: Мираковски, Илиевски 8, Соколов 3, Мекејлеб 12, В.Стојановски 3, Д.Стојановски 5, Димчевски, Гечевски 12, Антиќ 16, Николовски, Чековски 5, Самарџиски 4.

Нов Зеланд: Таит 11, Фичет 4, Пени 10, Вукона 5, Дикел, Вебстер 10, Аберкромби 12, Плеџер 6, Ентони 2, Франк 7, Хенри, Фоту.


#
Статијата е прочитана 428 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Модриќ штрајкува - не сака да слушне за Тотенхем!
Нула за двата дерби-меча
Ѓоковиќ го предаде финалето во Синсинати
Милан си го врати трофејот „Берлускони“
Венгер под рафал, ќе мора да купува

"""