Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Ек��номија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Нула за двата дерби-меча

Со потпросечна игра, без шанси и голови завршија дуелите Вардар - Ренова и Металург - Работнички во 4. коло во домашното првенство

Сашко Ѓ. Димовски

Се очекуваше многу повеќе од четири од петте екипи кои гравитираат кон врвот на прволигашката табела во двата дерби меча од четвртото коло во домашниот шампионат, но Металург, Работнички, Вардар и Ренова понудија премалку и останаа должни на гледачите кои решија дел од слободното време во неделата да го минат со македонски фудбал. Не само што не видоа голови (обете средби завршија 0:0) туку не видоа ниту игра што ќе ја прераскажуваат барем додека стигнат дома.

Ако за дуелот на Железарница меѓу Металург и Работнички може да се најде алиби во неподносливите температури (мечот почна во 16,30 ч.) и заморот на дебармаалци од честите патувања и обврски во квалификациите за Лига Европа ова лето, тогаш со право повеќе надеж за квалитетен фудбал се полагаше во пресметката меѓу Вардар и Ренова во вечерниот термин.

Меѓутоа благото опаѓање на температурата не значеше и подигнување на квалитетот на играта во мечот во што не' уверија скопските црвено-црни и тетовските сино-бели кои одиграа меч далеку под просекот на обичен, за дерби да не говориме. Се измачуваа самите себеси, ја измачуваа и топката, па и публиката на крајот на краиштата. Домашните се обидуваа да го пробијат бедемот и да погодат за нова првенствена победа, гостите со, речиси, сите сили се бранеа во обид да останат непоразени и успеаја во тоа.

Но, затоа бранителот на тронот, Шкендија, впиша лесна и убедлива победа пред своите фанови. На градскиот стадион во Тетово беше совладан Напредок со 3:0. Куртиши, најнова аквизиција на тетовци, ја отвори серијата голови во 6 минута, Ферхан Хасани зголеми на 2:0 во 26 минута, судбината на кичевци ја запечати Цуцули во 54 минута.

Вардар - Ренова 0:0

Национална арена: „Филип Втори“. Гледачи: 2.000. Главен судија: Зоран Бошков (Неготино). Помошници: Горан Димитров, Гоце Недев (двајцата од Кавадарци). Жолти картони: Велјановски, Оса (Вардар)

Вардар: Симов, Илиевски, Бојовиќ, Вајс, Бошковски (Велјановски 40 мин.), Мицков (Ѓурчиновски 61 мин.), Оса, Ранѓеловиќ (Ацески 88 мин.), Петров, Лико, Али. Тренер: Илчо Ѓоргиоски.

Ренова: Елези, Ристов, Гаши, Степановски, Симовски, Силјановски, Бајрами (Сахити 69 мин.), Нухију, Емини (Асани 90+1 мин.), Гафури, Јанчевски (Фетаи 83 мин.). Тренер: Бујар Исљами.

Металург и Вардар без примен гол, 11 Октомври без постигнат

Металург останува лидер во домашното првенството со 10 бода колку што има и второпласираниот Вардар, но составот на Илчо Ѓоргиоски има послаба гол-разлика (3:0) од железарци (4:0). И едните и другите немаат пораз и се' уште се без примен гол во новата сезона во домашниот шампионат.

Кај новиот прволигаш, 11 Октомври, ситуацијата е спротивна. Прилепчани не само што немаат освоено ниту еден бод туку нивните напаѓачи не успеаја да ги погодат противничките мрежи во досегашните 360 минути прволигашки фудбал и притоа примија шест.

Прва фудбалска лига

Резултати од 4. коло: Вардар - Ренова 0:0, Металург - Работнички 0:0, Шкендија - Напредок 3:0 (Куртиши 6 мин., Хасани 26 мин., Цуцули 54 мин.), Тетекс - Силекс 1:1 (А. Стојановски 31 мин. - Б. Стојановски 48 мин.), Брегалница 2008 - Охрид 2004 3:1 (Велковски во 15 мин., Вучетиќ во 58 мин., Велинов во 82 мин. - Делчевски во 37 мин.), Хоризонт Турново - 11 Октомври 1:0 (Мавров 60 мин.).

Табела

1. Металург 4 3 1 0 4:0 10

2. Вардар 4 3 1 0 3:0 10

3. Работнички 4 2 1 1 5:3 7

4. Шкендија 4 2 0 2 8:5 6

5. Хоризонт Т. 4 2 0 2 3:3 6

6. Напредок 4 2 0 2 2:4 6

7. Ренова 4 1 2 1 3:2 5

8. Тетекс 4 1 2 1 3:4 5

9. Брегалница 2008 4 1 1 2 4:4 4

10. Охрид 2004 4 1 1 2 4:6 4

11. Силекс 4 1 1 2 3:5 4

12. 11 Октомври 4 0 0 4 0:6 0

Идно коло (27.08.2001 год., 16 ч.): 11 Октомври - Тетекс, Работнички - Хоризонт Турново, Напредок - Металург, Ренова - Шкендија, Охрид 2004 - Вардар, Силекс - Брегалница.

Железарец запрен од ПСВ Ајндховен

Екипата на КФМ Железарец не успеа да се пласира во наредната фаза во УЕФА футсал купот. Во решавачкиот дуел за првото место на претквалификацискиот турнир во Скопје железарци загубија од ПСВ Ајндховен со 7:4.Стрелци на головите за нашиот првак беа Ранготов (2), Кадински (1) и Тодоровски (1). (С.Д.)


#
Статијата е прочитана 586 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
„Трофејот Македонија“ за поголема самодоверба пред евробаскетот
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Модриќ штрајкува - не сака да слушне за Тотенхем!
Ѓоковиќ го предаде финалето во Синсинати
Милан си го врати трофејот „Берлускони“
Венгер под рафал, ќе мора да купува

"""