Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Модриќ штрајкува - не сака да слушне за Тотенхем!

Хрватскиот интернационалец ги загуби нервите откако слушна дека Хуан Мата потпишал за Челзи за 30 милиони евра отштета

Трансферот на Хуан Мата од Валенсија во Челзи (30 милиони евра) го „уби“ хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ! И менаџерот Хари Реднап кажа искрено дека потписот на Мата значи дека „сините“ се откажале од Модриќ и дека претседателот Даниел Леви ја однел победата.

Сепак, таа може да биде пирова, бидејќи Модриќ по оваа вест се одлучи на штрајк! Одби да патува со тимот на гостувањето кај Манчестер јунајтед, ги објави „Сан“ деталите од драмата на „Вајт Харт Лејн“.

Модриќ на последниот тренинг во пресрет на патот за Манчест��р му кажал на менаџерот Реднап дека не сака да оди со екипата, но и уште нешто: дека не сака повеќе да заигра за клубот. Револт, кој тешко може да се оправда.

„Некој завртел нешто во главата на Лука и ќе го немаме за дуелот со Јунајтед. Повредата која го мачи не е причината, туку Модриќ не е ментално подготвен да игра“, призна тренерот на Тотенхем.

„Лука е очаен во намерата да замине. Тешко е да се очекува дека ќе се врати работата на старо, особено по неговата одлука дека не сака да патува со првиот тим“, тврди неименуван извор од Тотенхем.

Претседателот Леви сигурно ќе полуди поради ваквата одлука на Модриќ. Реднап пробува со убави зборови да ја смири ситуацијата: „Кога ја слушнав веста дека Мата дефинитивно ќе потпише со Челзи знаев дека се откажале од Модриќ. Мислам дека нашиот претседател треба да почека малку ситуација да легне и по неколку недели да седне со Модриќ и да му даде на Модриќ подолг и подобар договор. Јас сум одушевен што тој останува во мојот тим. Тој е фантастичен играч и сакам да го имам што подолго во тимот. Наедно, тој е многу културно и воспитано момче. Секој би го посакал во екипата“, вели Реднап.

Инаку, претседателот Леви, кој е познат еврејски економист, во една прилика му кажал на Лука дека ако дојде некој голем клуб ќе го пушти. Модриќ имал полна доверба и затоа потпишал нов двегодишен договор.


#
Статијата е прочитана 1441 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
„Трофејот Македонија“ за поголема самодоверба пред евробаскетот
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Нула за двата дерби-меча
Ѓоковиќ го предаде финалето во Синсинати
Милан си го врати трофејот „Берлускони“
Венгер под рафал, ќе мора да купува

"""