Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Ѓоковиќ го предаде финалето во Синсинати

Шкотланѓанецот Енди Мари и Русинката Марија Шарапова триумфираа на силниот турнир од серијата Мастерс 1000 во Синсинати, последна проверка за тенисерите и тенисерките пред почетокот на последниот годинашен Гренд слем, Ју-Ес опен, на 29 август.

За Мари ова е втора турнирска победа во 2011 година. До неа стигна, откако најдобриот светски рекет во моментот, Новак Ѓоковиќ го предаде финалниот меч поради повреда на рамото при водство на противникот со 6:4 и 3:0. По мечот српскиот тенисер упати јавно извинување до фановите поради тоа што беше принуден да го предаде мечот за титулата.

„За жал не успеав да го завршам натпреварот и затоа сакам да се извинам на сите што не одгледавте меч каков што доликува на финале меѓу двајца топ тенисери“, порача Ѓоковиќ преку социјалната мрежа „Твитер“. Притоа истакна дека заморот и повредата нема да го спречат да даде се' од себе во Њујорк.

„Сакам да се заблагодарам на сите за разбирањето и поддршката. Честитки за Енди за извонредната недела и заслужената титула. Овие неколку денови ќе се обидам да ја санирам повредата на рамото и да се подготвам за Ју-Ес опен“, заврши Новак за кого ова беше втор пораз во оваа сезона во која загуби уште само од Швајцарецот Роже Федерер во полуфиналето на Ролан Гарос. Во 2011 година тој има девет АТП титули и забележа 57 победи.

Русинката Марија Шарапова стигна во втората ВТА титула во оваа година. Во женското финале во Синсинати таа славеше над Јелена Јанковиќ со 4:6, 7:6, 6:3. За 24 турнирска победа во кариерата во поединечна конкуренција на Шарапова и' беа потребни нешто повеќе од три часа. Благодарение успехот во Синсинати руската тенисерка се проби до седмата позиција на ВТА листата и важи за една од фаворитките за освојување на Ју-Ес опен.

Финале, мажи: Мари (4., В. Британија) - Ѓоковиќ (1., Србија) 6:4, 3:0 (Ѓоковиќ го предаде мечот)

Финале, жени: Шарапова (4., Русија) - Јанковиќ (13., Србија) 4:6, 7:6, 6:3.


#
Статијата е прочитана 636 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 23.08.2011 08:28:34
Svetskiot teniser broj 1 i veke sega,eden od najgolemi- te sampioni vo istorijata na ovoj sport,Novak Gokovik, ,,ima,,pravo ponekogas i da zagubi od drug teniser od svetskata elita!A novi tituli i pobedi,doprva,naiduvaat!
Од: general midi
Датум: 23.08.2011 15:27:27
ne zagubi Nole, povreden bese-ne mozese da igra

Најди! во Утрински
Спорт
„Трофејот Македонија“ за поголема самодоверба пред евробаскетот
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Модриќ штрајкува - не сака да слушне за Тотенхем!
Нула за двата дерби-меча
Милан си го врати трофејот „Берлускони“
Венгер под рафал, ќе мора да купува

"""