Милан си го врати трофејот „Берлускони“
Во феноменална фудбалска претстава Милан го совлада Јувентус со 2:1, во рамките на трофејот „Берлускони“, кој секоја година традиционално се игра во пресрет на новата сезона во Серија А.
Домаќините беа подобри во првиот дел, а гостите во вториот.
И двата гола на Милан беа ремек дело. Најпрвин во 9. минута по одличниот центаршут на Абате, со сјаен волеј Кевин Принс Боатенг ја заби топката во мрежата на Буфон. Во 23. минута, пак, Кларенс Сидорф од 25 метри од слободен удар зголеми на 2:0.
Во вторите 45 минута Јуве загосподари со теренот, а по една добра акција на Дел Пјеро во 57. минута Мирко Вучиниќ намали на 1:2. |