Некои директори и наставници не воделе сметка за тоа што децата стоеле речиси едно врз друго
Снежана Калабакова
Автобуси со по двесте деца, натискани како сардини во конзерва, на Денот на дрвото тргнуваа од пред некои скопски училишта за да стигнат на локациите за садење дрвца. Во автобусите што имаат капацитет да превезуваат по 100 патници децата не можеле ни да дишат, а многу од нив без малку ќе колабирале. Не водејќи сметка за тоа дека на автобуската платформа нема игла каде да се фрли и дека децата си стојат едно врз друго, некои директори и наставници, како и многу пати кога се организираат екскурзии, и овој пат потфрлија во организацијата на превозот.
Несериозниот однос кога е во прашање превезувањето деца се потврди и неодамна, на „Златно славејче“, кога наставничка од Куманово заборави дете во Универзална сала во Скопје. А еве сега, за акцијата за садење дрва, првите луѓе во некои училишта дозволија нехуман транспорт на учениците како да се производи.
Родител чие дете е ученик во Основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром вели дека во автобусот во кој во петокот било и неговото дете, се возеле деца од осум одделенија, седмоодделенци и осмоодделенци. Со учениците биле и четворица наставници. Децата, за да засадат дрвца, натискани патувале до ’Ржаничино.
„Невидено лошо искуство“, вели родителот и додава дека ова не се случува прв пат. „Секогаш кога се организираат екскурзии до поблиски дестинации наставниците и директорите не можат да предвидат колку автобуси им се потребни. Ќе ги испотат децата и ги враќаат настинати“, се жали овој родител.
Јулијана Николиќ, директорката на ОУ „Љубен Лапе“, не сакаше по телефон да разговара за случајот. Но, таа нагласи дека нашите информации се неточни и дека во автобусот немало цели паралелки со ученици, а со нив имало осуммина наставници. Правдајќи се со итни состаноци, Николиќ само рече дека нема што да се дискутира за превозот на учениците. Според неа, доволно било тоа што таму пред тргнување контролирала и полицијата.
Од организацијата на „Ден на дрвото“ тврдат дека и самите биле сведоци како во скопското село ’Ржаничино, стигнале четири-пет автобуси преполни со основци. Затоа самите реагирале, за децата на враќање да се обезбедат повеќе автобуси. Организаторите тврдат дека строго воделе сметка околу организацијата на превозот уште додека се планирала акцијата.
„Со свои очи видов четири-пет автобуси кога преполни со деца стигнаа во ’Ржаничино. Се шокирав, полудев и веднаш реагирав. Тоа беше толку нехумано и нечовечки. Затоа лично побарав да се пуштат повеќе автобуси за децата да не се враќаат стиснати како сардини. Секое дете заслужува огромно внимание. Не смее да се случи кој било да качува многу деца во еден автобус, затоа што водевме сметка за тоа и кога ја подготвувавме акцијата. Не смее така да се постапува со децата“, истакнува оперскиот пејач Борис Трајанов, еден од организаторите на „Ден на дрвото“.
Координација се правела и на самиот ден, бидејќи во некои училишта имало намален интерес, а во други зголемен за учество во акцијата.
Од ЈСП „Скопје“ тврдат дека биле многу флексибилни и одговарале на барањата на училиштата. Мишо Николов, директорот на ЈСП „Скопје“, вели дека за Денот на дрвото биле ангажирани 150 автобуси, со капацитет за сто патници, но претпријатието било толку флексибилно што на училиштата, како што е „Зеф Љуш Марку“, им пратиле возило плус.
Од Министерството за образование се децидни дека во училиштата координацијата ја имале директорите. За настанатите ситуации со превозот одговорноста ја префрлија на директорите. „Директорот е координатор на превозот и тој треба директно да се координира со координаторот од општината. Во случајов вината паѓа на директорот, бидејќи тој треба да организира се'“, изјави Горан Галевски, портпаролот на Министерството за образование.
Вработените од МВР велат дека биле задолжени само за јавниот ред и мир и за безбедното одвивање на сообраќајот. Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста во МВР, нагласи дека дека ресорот со свои луѓе партиципирал во координативното тело на „Ден на дрвото“. Но, вработените имале обврска и околу обезбедувањето јавен ред и мир на почетните и крајните дестинации, како и безбедно одвивање на сообраќајот.
Колку и каква била безбедноста на двесте деца во еден градски автобус кои тргнале во хумана мисија е прашање за дискусија.
Од организацијата на „Ден на дрвото“ се вџашени од начинот на кој биле превезувани дел од учениците и велат дека никогаш повеќе не смее вакво нешто да се случи. (Сн.К.)
e da bese ekskurzija i dnevnica za skolo-nastavik se ke bese vo red /profesorite-nastavnicite se najgolemi lapaci/
Од: Vesna
Датум: 23.11.2010 12:37:59
i kako i obicno jas ne sum vinoven toj ne e vinoven tie ne se vinovni i nikomu nisto. dobro e sto ne im se slucilo nisto postrasno na decata gi cuval Gospod
Од: кики
Датум: 23.11.2010 12:38:01
Драва стругани по должина, необработени со кора....такви се....
Од: Itar Pejo
Датум: 23.11.2010 13:16:01
Normalno. Ako eden covek sadi po deset sadnaci, trebaat 700 000 dusi za da zasadat sedum milioni. Treba nakako da se preveze ovoj narod.
Од: D.V.
Датум: 23.11.2010 13:34:45
" Nadleznite " i so ovoa si napraile ekonomija; neli ziveeme vo vreme na ekonomska kriza i trebe da se pravi ekonomija vo se. Pa trebe i od sretstvata za 7 miljoni drvca, da se zastedi nesto za vo dzebot na "naviknatite" A i na B.Trajanov trebe da mu se odolzat sto sadi drvca vo Makedonija IAKO ne e nejzin gragjanin!.
Од: srebre
Датум: 23.11.2010 13:38:15
kaj e sega vmro so kazni i red vo drzavata?ako pluknes 50 evra kazna a ako rikuvas zivot na 200 deca nikoj i nisto kako da se kompiri...........
Од: Трпе
Датум: 23.11.2010 15:17:42
Животот на граганите на РМ,па и на децата не е вреден.Важна е популарноста на бладата и певецот германски граганин.Со овие лажни акци за садење на цвекиња огромни пари се испрани.Со бројките многу лесно манипулират.Децата не разбират што е 1 килограм а што еден тон.Бладата со толку посадени дрвца ке има кислород за извоз.Од своите грагани ке го скрати но пари мора да направи.Ако не сме способни да го заштитиме и овие шуми кои ги имаме кои по природен пат се обновуватѕ се другото е чиста лага.Бладата успеа да створи одвратност на народот и спрема вакви корисни акци.За пари се работи.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.11.2010 18:29:37
Мислев дека некој има посериозна работа од правење весели математики.Па така инспириран направив вела математика.Ако на секое дете му се западнало само 50см.простор и ако во автобусот има едно 30-тина седишта тогаш истиот мора да бил долг едно 60-70 м.едно 2/3 од фуидбалско игралиште во должина.Незнаев дека сме имале мамутски автобуси.
Од: Stojko
Датум: 23.11.2010 18:34:08
Vinovni se site, a policija najmnogu. Si ima zakon za prevoz na ucenici, koj e mnogu rigorozen, ama , vo ovoj slucaj , ne se pocituva. Za direktorite ne sakam da zboram, skoro site se ligusi, namesteni od partijata na vlast vo opstina ili gradot.
Од: zoran
Датум: 23.11.2010 18:51:10
..сликата сама за себе зборува доволно..директорке можеш да се им се извиниш на децата,а на родителите да им кажеш дека тоа нема да се повтори..се друго ти оди на душа..иако по сликата се сомневам дека воопшто ја имаш...
Од: Гуто
Датум: 23.11.2010 19:33:37
Коментар од еден актуелен директор на училиште: „Згрозен сум од ваков настан, како и од многу екскуризии со децата“. Непријатно се чуствувам што припаѓам на генерација на актуелни директори кои се ограничени со менаџирањето, неодговорноста. Тие сметаат дека воннаставните активности и не се битни.
Од: цане соколовски
Датум: 23.11.2010 21:07:17
A koj ќе беше крив ако нешто се случеше????????
Од: goran SAD
Датум: 24.11.2010 00:26:36
Trebalo Fuere da ve vidi, pa EU da ve stegne i za ova.
Ova e sramota bre lugje, pa sigurnosta na ovie deca e najvazna. Prvo, kade e nasata policija da vidi, ove e protiv site mozni zakoni da natiskas kup lugje (pa uste deca) vo eden avtobus. nedaj boze, nesto da im izletalo na pat, da trebalo vozacot da zakoci naglo, i site da izletaat niz sofersajbna.
Krivi se i vozacite sto se nafakaat da vozat pri vakvi uslovi.
I poraka do site roditeli: sledniot pat koga gi pustate decata na vakvi akcii ili ekskurzii, rasprasajte se dobro za sigurnosta na ovie deca, ili ic ne gi pustajte.
Од: Jeton
Датум: 24.11.2010 05:33:47
Da, soobrakjajnata policijata nema obvrska da obezbedi pridrzhuvanje kon regulativite vo soobrakjajot. Bravo be Ivo.
Од: Nat
Датум: 24.11.2010 06:11:34
Sto se macite, sto si go abite zborot: na Boris Trajanov li mu doslo da peri pari od drvca i od necii deca? Mislam deka dlaboko sme neisgurni vo sebe i ne veruvame vo nisto dobro, tuku samo klevetime i vodime "Proces" pozadi necij grb kako se da e konspiracija....Lele na koe nivo e psihologijata e mentalitetot na nasiot narod, zacuduvacki tazno e ova!!!
Од: Ekologist
Датум: 24.11.2010 07:46:09
Podobro 200 deca na zasaduvane drvca vo eden avtobus od kolku dvessta kratkoumovci na demostracija za rusenje drzava-vlada- predvodeni od lazgovci...
Од: Marjan
Датум: 24.11.2010 09:20:12
Sramota i greota,e sto sve se pravi i kako se zloupotrebuvat decata vo ucilistata vo Makedonija.Od ekskurzii do bilo kakvi von skolski aktivnosti,se zloupotrebuvat za da se pljacka narodot Makedonski na sekoj nacin.Od edna prekrasno zamislena akcija za den na drvoto,nastvnicite direktorite i policijata napravija sramota i koj ke bide kaznet i odgovoren -decata Makedonski.Sramota i Greota sto pravite so nasite deca,aram da vi se parite narodski sto gi jadite.