Металург со Макаби за ЛШ
Ракометарите на Металург ќе играат со Макаби Сруго Ришон ле Цион од Израел на стартот од квалификациската група за Лигата на шампионите. Ако слават, во директниот дуел за фазата по групи ќе играат со победникот меѓу Хафнарфјордур од Исланд и Хаслум од Норвешка. Термините се 3 и 4 септември.
Ракометарките на Металург, пак, за противник во полуфиналето на квалификацискиот турнир за ЛШ ќе ја имаат Елда Престижо од Шпанија. Победникот за место во групната фаза ќе игра со подобриот меѓу Бјосен од Норвешка и второпласираниот од претквалификациската група со Ускудар, Заечар, Михаловце и Бритерм Весели. Мечевите се играат на 17 и 18 септември. (Р.Д.) |