Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Хаџиевски и Јовановски на преговори

Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски се првите двајца наши тренери кои имаа состанок во четири очи со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие Хаџи-Ристески. Со тоа почнаа разговорите за именување на ново име на кормилото на македонската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Мирсад Јонуз на последната седница на Управниот одбор во Дојран.

„Има многу менаџерски понуди за квалитетни тренерски имиња кои несомнено се интересни за нас, но истовремено и далеку од нашите финансиски можности. Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции, ќе го почитуваме мислењето на тренерската организација и најдоцна до 15 јули ќе го имаме новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација“, изјави Хаџи-Ристески за официјалната интернет страница на ФФМ.

За денеска во Скопје е најавено доаѓање на Турчинот Зија Доган кој беше еден од кандидатите за селектор по заминувањето на Среќко Катанец. Но, телефонски разговори се остварени и со уште неколку тренери од регионот кои изразија заинтересираност за преземање на функцијата. Меѓу нив се поранешниот црногорски кормилар, ��оран Филиповиќ, потоа Љупко Петровиќ, човекот што ја водеше Црвена звезда до титулата во КЕШ во 1991 година и до онаа во Интерконтиненталниот куп во Токио, и Бугаринот Пламен Марков. Според интернет страницата на ФФМ воспоставен е контакт и со менаџерот на нашиот интернационалец Чедомир Јаневски. (С.Д.)


#
Статијата е прочитана 778 пати.

Испрати коментар

Од: Marko
Датум: 28.06.2011 00:41:19
Mala korekcija: Crvena zvezda vo Tokio ja vodese Vladica Popovic, a ne Ljupko Petrovic.
Од: ber
Датум: 28.06.2011 08:39:26
Mislam deka FFM treba povtorno da mu dade sansa na Gore Jovanovski. Toj e bez konkurencija nasiot najdobar trener, iako e mozebi nezgoden karakter. Za uspeh treba principielnost i dostoinstvo i da se znae koj e koj vo timot, a Gore dokolku ima poddrska od javnosta, sto ja nemase minatiot pat, toa go moze najdobro. Setete se samo na mecot so Turcija na gosti 3:3, pa toa bese najubavata igra na Makedonija, a turcite bea 3 na svet. Potoa i pokraj bojkotot od odredeni ,,zvezdi,, vo timot so rezerven sostav povtorno dobri igri. Na krajot morase da si zamine. Zatoa covekot zasluzuva 2 sansa i poddrska, a uspehot ke dojde sigurno, ako ,,zvezdickite,, go slusaat, kako sto gi slusaat svoite treneri vo klubovite kaj sto igraat i ne se pravat golemi kako sto i ne se. Rezultatite momentalni, kazuvaat se, poloso nemoze da bide, zatoa lekot e Gore Jovanovski.
Од: Јосиф Давидов
Датум: 28.06.2011 08:48:24
“ДЕЈВИД КОПЕРФИЛД“ Би сакал фудбалската федеррација на Македонија да биде потранспарентна во работата, на пример кога се избира менаџер, да се види што треба менаџерот да сработи за да ја заработи и да може да ја добие договорената плата, или како и до сега ќе си ги земе договорените пари а резултат ако е нула и никој за ништо да не одговара, убаво би било и ние обичните граѓани да видиме што се бара од менаџерот за да ја оправда довербата и парите. Колку што гледам од споменатите стучњаци или менаџери, не ми личи ни еден на „Дејвид Коперфилд“ сите ми се некако прочитана книга без добра содржина, единствено можеби донекаде Ѓоре Јовановски има некоја содржина а и домашен автор, тој би можел да направи некој добар расказ, а за роман ке му требаат други ликови а богами и друго време, ај нека ни е со среќа.
Од: fudbaler
Датум: 28.06.2011 09:57:05
FFM mora da angazira kvalitetno ,dokazano trenersko ime za selektor na nasata reprezentacija.Koga mozese FFM da frli po 5.000evra mesecno za ubedlivo najslabiot takanarecen trener Jonuz, mozat i da go odvrzat keseto i da angaziraat selektor ,koj sto pokraj strucnite kvaliteti ke treba da znae da gi motivira reprezentativcite.Tuka na pomos moze da se najde i sponzorot PUMA. Znaeme i vidovme do kade stignavme so Jovanovski.Hadjievski i ostanatite treneri od Makedonija....vreme e da se angazira dobar,dokazan fudbalski strateg ,i so edna realna,dobra selekcija na fudbaleri nasata reprezentacija da ja vidime na slednoto svetsko prvenstvo vo fudbal.
Од: Mudrec
Датум: 28.06.2011 14:30:46
Samo Gjoko i nikoj drug. Kaj i da otisol, imal uspeh i Makedonija nema podobar fudbalski trener od nego. Gjore vo posledno vreme ima samo neuspesi (Milano, Metalurg, CSKA) i se chini deka nikogas povtrono nema da bide toa sto bil. Osven toa, fudbalerite ne go sakaat, setete se deka vo negovo vreme site bojkotiraa i Makedonija igrase so tret tim.
Од: Navivac
Датум: 28.06.2011 17:12:07
Plamen Markov e zanimlivo resenie.Kako sto znam toj od ovie spomenative e edinstven sto kvalifikuval reprezentacija na golemo natprevaruvanje,so Bugarija.Go razbira mentalitetot ne veruvam deka e premnogu skap,a golem strucnjak barem za onie sto sledat.Interesno...

Најди! во Утрински
Спорт
Победничка атмосфера во Работнички
Војдан Стојановски во Черкаски Мавпи
Фетел ги остави конкурентите да пресметуваат
Ривер Плата испадна, Буенос Аирес бојно поле
Дикс на мегдан на Болт
Шести триумф на Србија во Светска лига
Серена Вилијамс во аут!
Металург со Макаби за ЛШ

"""