Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економ��ја
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Спорт

Дикс на мегдан на Болт

Освојувачот на два олимписки бронзени медала, Волтер Дикс ќе има можност двапати да трча против Јусеин Болт на Светското атлетско првенство во август, откако победи во трката на 200 м во американските квалификации во Јуџин. Победата со резултат 19,95 секунди остварен со помош на ветерот се надоврза на таа во спринтот за Дикс, кој ги освои бронзените медали на 100 м и на 200 м на Олимпијадата 2008, на која Јамајчанецот Болт ги урна светските рекорди во обете дисциплини.

„Навистина не можам да се видам себеси како губам“, изјави Дикс во врска со претстојниот мундијал во Даегу, Јужна Кореја. „Јусеин Болт, Асафа Пауел, кој и да е таму јас ќе ги ’застрелам‘. Убеден сум дека можам да го освојам златото по тоа што го сторив денеска“.

Освојувачот на титулата првак на САД на 100 м во петокот е прв со двоен триумф во спринтерските дисциплини по Тајсон Геј во 2007 година. Победите дојдоа по мал брзински тренинг, објаснува Дикс, ветувајќи дека ќе трча уште побрзо како што ќе одминува сезоната.

„Појавувањето тука и трчањето под 10 секунди на 100 м и под 20 секунди на 200 м навистина е благослов“, додаде тој.

Док Патон го освои второто место со за��станување од само три стотинки, а трет финишира Џереми Додсон, кој, исто така, патува за Даегу.


#
Статијата е прочитана 333 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Победничка атмосфера во Работнички
Војдан Стојановски во Черкаски Мавпи
Фетел ги остави конкурентите да пресметуваат
Ривер Плата испадна, Буенос Аирес бојно поле
Хаџиевски и Јовановски на преговори
Шести триумф на Србија во Светска лига
Серена Вилијамс во аут!
Металург со Макаби за ЛШ

"""