Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Праизведба на „Последниот ден на Мисирков“ во струмичкиот театар

Текстот на Плевнеш говори за македонскиот Прометеј кој ги осветли тунелите на слепата македонска историја


Дел од свеченоста поврзана со вечерашната праизведба на претставата беше и полагањето цвеќе пред споменикот на Мисирков

Лилјана Митевска

Полагајќи цвеќе пред споменикот на Крсте Петков Мисирков на плоштадот „Пела“ во Скопје, вчера ансамблот на струмичкиот театар и неколкуте видни јавни личности му оддадоа почест на инаугураторот на идејата за посебноста на македонскиот идентитет, истовремено давајќи и' свечен тон на вечерашната праизведба на претставата „Последниот ден на Мисирков“ работена според текстот на Јордан Плевнеш, во режија на Дејан Пројковски.

„Мисирков и Чуповски се двата столба на македонската државност, нација и култура. Мисирков мислеше, работеше и дејствуваше само за својот народ и македонската нација мора да има респект кон него бидејќи токму делото на Мисирков е постаментот на кој се темели нашата државност“, рече академик Блаже Ристевски во рамките на овој свечен чин.

Според авторот Јордан Плевнеш, праизведбата на „Последниот ден на Мисирков“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица е симболички чин на митот за вечното враќање на изгубениот син. Претставата е фокусирана на еден единствен ден во кој се сублимира не само животот и делото на овој наш великан, туку и дел од нашата историја во постилинденскиот период. „Во мозокот на Мисирков се вртела сета светска историја, а кога умрел, немало кој да ги плати свеќите на неговиот погреб, та милосрдните сестри од Александровската болница во Софија собрале добротворен прилог за да го испратат на вечниот пат. Ете, од тој вечен пат вечерва жив се враќа Мисирков во Струмица, под Беласица, Водоча и Вељуса, за да не' потсети на клучната филозофска проекција дека ’историјата е голема измама и ретки се тие што се осмелуваат да ја оспорат’. Тој ја оспори и затоа јас, ти, тој, таа, тоа, ние, вие, тие и оние постоиме!“, вели авторот Јордан Плевнеш.

„Мисирков за мене е македонскиот лингвистички Прометеј кој со својата книга ’За македонцките работи’ го осветли мракот и и' го покажа патот на македонската нација. Тој ги осветли тунелите на слепата македонска историја!“, вели режисерот Пројковски. Неговата поставка ги користи историските факти за Мисирков, но само како материјал од каде што претставата почнува. „Во текстот на Плевнеш има еден многу интересен спој на историјата и на трагедијата кои заедно произведуваат ефект на античка трагедија односно една катарза на македонското самоуништување низ историјата. Затоа ми беше голем предизвик да направам претстава која низ една форма на епски театар ќе прозвучи како постмодернистичка античка трагедија“, вели Пројковски.

„Последниот дена на Мисирков“ е претстава на слики, композиции кои се создаваат и умираат во главата на Мисирков. „Во претставата ми беше битен приказот на две работи: големината на умот на Мисирков и големината на неговата лична трагедија. Тој ја доживува судбината која најчесто ги следи големите гении, слично на Моцарт, нема кој да го плати ковчегот во кој Мисирков верува дека ќе го засолни тестаментот и заветот за еден невидлив народ. Европа која се дави во безбројната смрт и ковчези – нема ковчег за овој лингвистички Моцарт, ниту пак има желба да му подари најевтин, најобичен, најмизерен ковчег со кој, ако ништо друго, би ја поминал другата страна на Онаа река и барем таму, во Вечното царство на смртта, да го приложи Заветот ’За македонцките работи’, пред големата апокалипса наречена крај на историјата, крај на иднината и крај на малите народи кои во музиката на зборот се обидуваат да го откријат последниот поглед на Бога“, вели Пројковски.

Во главната улога на претставата настапува Крсте Јовановски кој вели дека е огромна чест да го игра Мисирков, а покрај него настапуваат: Рујиш Беговска, Ванчо Василев, Ангелина Тренчева, Кољо Черкезов, Васил Михаил, Ванчо Крстевски, Коста Ангов, Бранко Бенинов, Томе Ментинов, Стојан Велков и Кире Ѓоргиев. Сценографијата е на Владо Ѓоревски, костимите се на Благој Мицевски, а музиката е на Горан Трајковски.


Статијата е прочитана 120 пати.

Испрати коментар

Од: Kole Mangov
Датум: 10.12.2008 17:39:25
Vo red, neka se belezi Krste Misirkov.No, ne gi negirajte mnozinata na etno-nacionalniot istoriski tek.Vratete se i pred 19-iot vek.Ne go izostavajte Atnanas Razdolov, najbliskiot drugar na Goce Delchev.Napravete spordba na narodnite pesni za Goce Delchev i nardoni pesni na drugi narodi za szvoite najnaglaseni vozvishenici.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Преводот на Библијата во секоја национална култура е важна работа
„Веселите жени од Виндзор“, премиера во Велешки театар
Музејот на вода е прва атракција од ваков вид на Балканот
Вечерва се отвора обновената национална поставка
„Ако никој не свири...“, ново ЦД во издание на „Стотројка“
Франција и Германија ќе се обединат преку музика