Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

Музејот на вода е прва атракција од ваков вид на Балканот

Музејот ќе биде единствен археолошки локалитет кој ги спојува копнената и подводната археологија

Симон Илиевски

ОХРИД - Реконструираната неолитска наколна населба во близината на автокампот „Градиште“ во Охрид, ќе биде единствениот музеј на вода на пошироките простори на Балканот. Ќе биде единствен археолошки локалитет кој ги спојува копнената и подводната археологија или место, како што вели археологот Паско Кузман, во кое се спојуваат цивилизациите. Наколната населба е од бронзеното и железното време од пред 1700 до 700 години пред нашата ера, а во непосредна близина се наоѓаат антички, римски, старословенски и сегашни белези кои го комплетираа впечатокот пред посетата на единствениот балкански музеј на вода.

„Еден нуркач и еден археолог пред десетина години седнаа во тогаш познатиот ресторан ’Охридска куќа’. Археологот Паско Кузман на нуркачот Милутин Секулоски му покажа неколку парчиња грнчарија што се пронајдени во месноста ’Плоча’ во близината на автокампот ’Градиште’. Тогаш заедно го прифатија предизвикот за да се нурне под водите на езерото и да се види што се крие под нив“. Вака Кузман го објаснува почетокот на македонската подводна археологија. По сознанијата дека тука постоела неолитска наколна населба, Кузман и нуркачите предводени од Милутин Секулоски, ги почнале истражувањата. Со секое нуркање чувствувале посебна возбуда зошто излегувале со по некој артефакт за кој Кузман велел дека тоа е местото каде уште треба да се бара.

Во подводните археолошки истражувања пронајдени се стотици предмети по чија анализа е потврдено дека се работи за една од најголемите наколни неолитски населби во Охридското Езеро. Се нуркало, артефактите го гледале светлото на денот и растела возбудата во убавите светли денови некој од нуркачите под водите на езерото да пронајде уште некој предмет за кој Кузман ќе рече - е, токму ова ќе ме возбуди мене и археолошката јавност воопшто!

Предводникот на првите подводни археолошки истражувања во Македонија, Паско Кузман, на локацијата „Плоча“ ќе и' го даде името „Миќов град - во заливот на коските“. Вели дека на древната историја треба да и' се додаваат имиња кои ќе потсетуваат дека без нив ќе ја немаше денешната реконструирана наколна населба што ќе ги потсетува луѓето за вековите пред нас.

„Јас сум првиот градоначалник на ’Миќов град’. Засега имаме само осум возобновени куќички од неолитското време, објект за презентација за потврда на она што го извадивме од водите на Охридското Езеро. Покрај објект за презентација на пронајдените артефакти, имаме и објект за нуркачите“, вели Милутин Секулоски, првиот човек на охридските нуркачи. За него овој простор е нов предизвик за да ги доближи нуркачите и трагачите по возбуди кои сакаат да видат што има од бисерните води на Охридското Езеро. За него е радост, но и за потенцијалните нуркачи кои рака на срце ќе сакаат да ги откријат трајните вредности на охридските води.

Авторитативниот археолог Паско Кузман го убеди и премиерот Груевски Владата да инвестира два милиони евра за реконструкција на неолитската наколна населба кај „Градиште“. Околу неа се остатоците на цивилизациите кои оставиле траги на брегот и во Охридското Езеро. Тоа е простор и неповторлива глетка што ќе биде дел од фотографиите за понуда на која ќе и' се воодушевуваат и оние што ќе ги прошетаат нашите древни македонски простори.


Статијата е прочитана 318 пати.

Испрати коментар

Од: ПИРИН
Датум: 10.12.2008 00:59:47
Еј Македонија, во срце те носам !
Од: dimitar
Датум: 10.12.2008 07:57:40
Bravo za Pasko Kuzman i premierot Nikola!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Преводот на Библијата во секоја национална култура е важна работа
„Веселите жени од Виндзор“, премиера во Велешки театар
Вечерва се отвора обновената национална поставка
„Ако никој не свири...“, ново ЦД во издание на „Стотројка“
Праизведба на „Последниот ден на Мисирков“ во струмичкиот театар
Франција и Германија ќе се обединат преку музика