Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Култура

„Ако никој не свири...“, ново ЦД во издание на „Стотројка“

„Ако никој не свири… во живо на стотројка“ е насловот на четвртото музичко издание на младата издавачка куќа „Стотројка“ кое својата промоција ќе ја доживее вечерва во Културниот центар „Мала станица“ во 20 часот. „Ако никој не свири...“ претставува компилација од 18 композиции на изведувачи што и припаѓаат на т.н. независна македонска музичка сцена, а кои се одсвирени во живо на програмата на Музичкото радио „Канал 103“. Меѓу другите, на ЦД-то се наоѓаат теми од „Беи д Фиш“, „Д Џон“, „Фолтин“, „Проект Жлуст“, „ПМГ Колектив“, „Баклава“, „ТБ Трачери“, „Стринг Форсис“, „Мугер Фугер“...

Во текот на изминатите три години, во „глувата соба“ на ова скопско алтернативно радио настапија голем број македонски бендови и уметници претставувајќи ја својата работа пред еден поширок и „невидлив“ аудиториум. Компилацијата со наслов „Ако никој не свири…“ е првиот опиплив документ за овие концерти во етерот и е само еден сегмент од активностите на „Стотројка“, која постојано се насочува кон поддршка и промовирање на квалитетна македонска музика. Оваа компилација претставува мал пресек на неверојатната креативност на домашната музичка сцена во целата своја стилска шареноликост.

Најголемиот дел од поместените песни се снимени и миксани од Ален Хаџи-Стефанов. Дизајнот на омотот е на Неда Фирфова. (Т.И.)


Статијата е прочитана 117 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Преводот на Библијата во секоја национална култура е важна работа
„Веселите жени од Виндзор“, премиера во Велешки театар
Музејот на вода е прва атракција од ваков вид на Балканот
Вечерва се отвора обновената национална поставка
Праизведба на „Последниот ден на Мисирков“ во струмичкиот театар
Франција и Германија ќе се обединат преку музика