Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Во Гевгелија зголемен интересот за сопствен бизнис

Зголемен е бројот на пријави од невработени лица за формирање сопствени бизниси во Гевгелија, Богданци, Дојран и во Валандово, покажуваат бројките по последната програма што ја спроведе Центарот за вработување во Гевгелија, во согласност со владиниот Оперативен план за вработување во 2010 година.

Доставени се 16 пријави во кои доминираат услужни дејности, трговија на мало, консалтинг-услуги, Интернет-кафе, производство и пакување на производи од шеќер, како и земјоделска дејност.

Во изминатите три години од спроведувањето на програмите за самовработување во Гевгелиско-валандовскиот регион се поддржани 23 бизниси и се реализирани исто толку нови вработувања.

Поголема иницијативност покажале невработените од Валандовско, со реализирани 19 самостојни бизнис-програми, наспроти гевгеличани кои успеале да реализираат само четири самостојни вработувања, едно лани и три во 2007 година. (МИА)


#
Статијата е прочитана 668 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Пониски цени за технички преглед во АМСМ
Самак многу ветува, а не остварува
Ванчо Муратовски денеска ја напушта фотелјата на ССМ
Прилепска пиварница доби Б-интегрирана дозвола
Нова гаранција за потрошувачите од LG
Регулаторите против „Голдман Сакс“
Повторно проблеми со возилата