Повторно проблеми со возилата
Јапонскиот автомобилски концерн „Тојота“ ги повика сопствениците на 870 илјади возила од типот „сиена минивен“ да ги довезат во сервисите на компанијата. „Тојота“ соопшти дека кај овие возила постои можност во текот на возењето да се ослободи резервното тркало и да падне на патот.
„Сиена минивен“ се продава, главно, во САД и во Канада.
Пред три дена „Тојота“ ја запре и продажбата на еден тип теренско возило. Јапонскиот концерн во последните неколку месеци, поради различни безбедносни проблеми, беше принуден да повлече од пазарот или да поправи повеќе од осум милиони автомобили. (МИА) |