Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија
Нова гаранција за потрошувачите од LG



Македонија ќе биде четвртата земја во Европа каде што купувачите ќе можат да ја користат новата гарантна услуга на LG Electronic, LG Zero Pixel гаранција. Услугата се однесува за монитори и телевизори од новата генерација LCD лед-монитори. Доколку купувачот утврди дека новиот монитор има пиксел со грешка, тогаш во рок од 72 часа по купувањето, може да го замени мониторот за нов. Ова е практика на LG, иако, според Законот за заштита на потрошувачи на ЕУ, компанијата не е обврзана да го замени оштетениот производ, туку само да го поправи.

Како што истакна претставникот на LG за регионот, Тибор Хладни, новата гарантна програма овозможува дополнителна сигурност на потрошувачите при купување. Новите монитори ќе се продаваат по цена од 7.800 до 12.500 денари. Од компанијата најавија дека во периодот мај - јуни на пазарот во Македонија ќе ги пристигнат и 3-Д лед-мониторите на LG, кои се први од таков вид во светот, презентирани пред околу еден месец . (М.П.)

#
Статијата е прочитана 1064 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Пониски цени за технички преглед во АМСМ
Самак многу ветува, а не остварува
Ванчо Муратовски денеска ја напушта фотелјата на ССМ
Прилепска пиварница доби Б-интегрирана дозвола
Регулаторите против „Голдман Сакс“
Повторно проблеми со возилата
Во Гевгелија зголемен интересот за сопствен бизнис