Прилепска пиварница доби Б-интегрирана дозвола
Прилепска пиварница доби Б-интегрирана дозвола од општина Прилеп. Со тоа го оствари оперативниот план за целосна контрола на технолошкиот процес на производство, суровините, помошните материјали, полупроизводите и производите што се складираат.
„Прилепска пиварница е општествено одговорна компанија и, пред се', се грижи за животната средина каде што опстојува и функционира повеќе од 85 години. Да се добие ваков тип дозвола за нас е остварување на целта да се спречи и да се намали загадувањето со што стандардите за квалитет на животна средина се подигнуваат на ниво на оние од Европската унија“, изјави генералниот директор на Компанијата, Сашко Самарџиоски.
Интегрираната дозвола гарантира дека емисијата на штетни материи што ги испушта компанијата при процесот на производство не се штетни за средината и човекот.
Прилепската пиварница е основана во 1924 година. Инвестициите во висока технологија ја направија една од најмодерните пиварници на Балканот. Покрај домашните брендови: „златен даб“, „Крали Марко“, „газоза“, „портоколада“, во неа се полнат и лиценцните пијалаци „пепси“, „миринда“, „севен ап“. Компанијата е ексклузивен увозник на пивата „туборг“ и „карлсберг“. (МИА) |