Ванчо Муратовски денеска ја напушта фотелјата на ССМ
Синдикатот ја почнува правната процедура за докажување на нелегалниот избор на Живко Митревски за в.д. претседател
Маја Томиќ
„Денеска заминувам од кабинетот и ќе му го препуштам на Живко Митревски. Не сум силеџија и ова не е кралство, па некој да се тепа за престолот со мечови. И честитам на власта што успеа на нелегитимен начин да постави свој човек во ССМ. Синдикатот почнува процес за докажување на правдата и против незаконското избирање на новиот претседател, а воедно ќе поведе и постапка за кривична одговорност. Судот ќе каже кој бил во право, а овој обид на власта ќе и' трае кусо. Како што ќе влезе, така Митревски и ќе излезе од фотелјата. Бидете сигурни, јас ќе се вратам и идната година ќе го направам 18. конгрес на ССМ, така како што треба. На конгресот ќе биде избран друг за претседател, непартиски човек“, изјави Муратовски на вчерашната прес-конференција. Тој додаде дека ќе остане во ССМ, како претседател на Синдикатот за управа и правосудство, функција што ја извршуваше паралелно со претседателската.
Инаку, на завчерашната прес-конференција Живко Митревски рече дека одлуката на Советот на ССМ за негов избор за претседател, донесена минатиот вторник, е парафирана од страна на Министерството за труд и социјална политика и оти е извршена и регистрација во Централниот регистар. Самата експресна постапка, што вообичаено трае многу подолго, со која е заверена пишаната одлука од страна на државните институции, а на која немало печат од ССМ и не била верификувана ниту од статутарната комисија, според Муратовски, јасно кажува чиј човек е Митревски.
„Одлучно ќе им докажам на сите членови на ССМ дека Митревски добил поддршка од МТСП за нешто што е незаконско и спротивно на Статутот на ССМ. За тоа ќе бараме одговорност и од министерот Џељаљ Бајрами. Јасно е дека Митревски е поставен на функцијата со помош на политиката, со цел насилно да ја урне работата на ССМ и да го претвори во приврзок на власта“, изјави Муратовски.
Во саботата Митревски соопшти дека му е признаен легитимитетот.
„Врз основа на актот издаден од Министерството за труд и социјална политика е легитимирана севкупната постапка по службена должност и извршена е промената во Централниот регистар“, изјави Митревски, в.д. претседател на ССМ, отфрлувајќи каква било поврзаност со владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тој го повика Муратовски во демократска атмосфера и цивилизирано да му ја предаде должноста и најави сериозни и темелни промени во Синдикатот, оценувајќи ја економската состојба во земјата како сложена.
Во петокот, пак, од статутарната комисија на ССМ посочија дека Муратовски е легитимниот претседател избран на последниот 17. конгрес. До комисијата, како што рекоа, не е поднесено барање за смена на функцијата, а таа е единствено надлежна за спроведување на законитоста на постапката за избор и за разрешување на претседателот.
Митревски го тврди спротивното.
„На крај се исполни желбата на македонските работници и на над 80 отсто од членството на Синдикатот. Спроведени се одлуките на Советот и потврден е легитимитетот на постапката за отповикување на досегашниот претседател и за именување на новиот вршител на должност на ССМ“, рече тој. Напомна дека смената на Муратовски воопшто не е нечија болна амбиција, како што вели тој, туку мотив за тоа е потребата да се направи нешто конкретно во Синдикатот, преку заедничко, а не индивидуално дејствување. Синдикатот, како што рече Митревски, треба да се реформира по европски терк, да зајакне социјалниот дијалог и да се потпишат колективните договори.
Муратовски вчера посочи дека таа изјава на Митревски е необична, ако се има предвид дека токму единаесетте претседатели на грански синдикати, кои заедно со Митревски ја почнаа акцијата за неговата смена, во изминатите години ја блокирале целата активност во ССМ и давале отворен отпор во сите обиди да се направи нешто повеќе.
Nesto najdobro sto se desilo dosega a ustvari trebase bc da napusti...
Од: Никола
Датум: 19.04.2010 01:01:21
Јас само би прашал дали некој е свесен каков скандал е овој, со колкави размери? Тежината на скандалот? На официјалната страна на ССМ пишува дека сето ова било нелегално. Потоа излегува човек кој тврди дека, пазете, Министерството за труд потврдило дека тој бил претседател. Тоа е истото министерство против кое ќе треба да се бори за правата на работниците. Колкав удар и срам за демократијата и за независноста на работникот е ова? Овие избори се многу слични како студентските. Чудно е што нема соодветни рекации, коментари, анализи од новинари, независни аналитичари, невладини организации.... Во нормална држава со месеци не би стивнувале дебатите за скандал од вакви размери.
Од: Nato-Jato
Датум: 19.04.2010 08:19:01
Jas vekje gi secam venite, a vie????
Од: pavle ALIMASKA,prilep
Датум: 19.04.2010 08:51:47
конечно му дојде крајот на еден тежок ТРОЈАНСКИ КОЊ и невиден паразит
Од: riste
Датум: 19.04.2010 08:55:37
Ova e sramota, kako i se drugo vo drzavata. Neka se proveri kako se izbrani clenovi na osvetot na GIFIK, na den pred nelegalnoto izborno sobranie, so zadaca da glasaat pod direktiva!? Mozebi ce soberat sili rabotnicite i da pomognat vo razresuvanje na ovoj skandal
Од: marsovec
Датум: 19.04.2010 09:20:55
Цела Македонија полека но сигурно потпаѓа под капа на ФАМИЛИЈАТА.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 19.04.2010 09:48:11
Никола нема што да се чуди оти нема коментари,вероватно првенствено мисли на виножитната опозиција,одговорот е логичен сам по себе.Имено никој не сака брани инертен преседател на ССМ,кој неможе да собере 100 члена да направи протест или првомајска парада на работничко незадоволство.А инаку својата партиска припадност ја обзнани со барањето министерско место за синдикатот,преседан во светски синдикални размери.Синдикатот секаде во светот ја доживува власта како противник,овој бара политичка соработка преку министерско место.
Од: Трпе
Датум: 19.04.2010 09:51:41
Не дека и досега ,функционираше синдикатот, без разлика дали на Муратовски или овој на Дојчин.Никој не се побуни при носењето на законите за работничките права.Но сега нашата блада се става под своја капа,иако синдикатот треба да биде опозиција и коректор на секоја власт.Нашиот мистер мр.Рејтинг ,со постапките што ги превзема ја уништува и најмалата надежд на обичниот работник.А тоа дека бладатѕа се меша во синдикатите ,делата го кажуват.Во поранешниот систем работникот беше подобро заштитен и познати му беа правата.Нека ни е жива и здрава диктатурата.На здравје бричење.
Од: dejan
Датум: 19.04.2010 09:56:19
ako ima uste vo arhivata na MTV koga e biran drugarot Muratovski za predsedatel na SSM deka samiot ima izjaveno deka ke bide samo eden mandat a od toa vreme do denes kolku vreme ima pominato ili kolku mandati napravi samiot?molim da bideme malku fer i iskreni