Американските финансиски регулатори поднесоа тужба против „Голдман Сакс“, една од водечките финансиски институции во земјата и во светот, обвинувајќи ја за измама што, наводно, ги чинела инвеститорите над една милијарда долари. Владината агенција за надзор на хартии од вредност тврди дека „Голдман Сакс“ ги измамила инвеститорите во однос на активностите поврзани со т.н. второстепени хипотеки на почетокот на кризата во пазарот на недвижен имот.
Од „Голдман Сакс“ беше одговорено дека обвинувањата се неосновани и најавија дека енергично ќе се бранат на суд. Вредноста на акциите на компанијата драстично се намали по објавувањето на веста за поднесување тужба против неа. (МИА)