Пониски цени за технички преглед во АМСМ
АМСМ, од денеска до 1 јули годинава, ги намалува цените за технички преглед и за хомологација при увоз на возила, со оглед на зголемениот интерес за увоз на моторните возила, што произлезе од промената на законските прописи. Промотивните цени ќе може да се користат во станиците за технички преглед Скопје – Центар и Чаир.
Новите пониски цени се однесуваат на технички преглед при регистрација на моторното возило што досега изнесуваше 1.416 денари, а сега ќе чини 799 денари. Пониски се цените и за хомологација. Таа досега чинеше 4.800 денари, а до почетокот на јули ќе изнесува 2.830 денари.
Оваа акција на промотивни цени е намената за да им се помогне и олесни на граѓаните. Процедурата во однос на техничкиот преглед и хомологацијата останува иста, само е со двојно пониска цена. (Ек.Р.) |