Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Пандев и Интер на состанок со мајсторите

Има ли Мурињо лек за совршениот европски шампион Барселона во полуфиналниот дуел од ЛШ?

Наум Котевски

„Не постои невозможно, се' е возможно, само треба да се има волја и сила. Вчера бев среќен човек, денес ќе бидам уште посреќен“, си потпевнуваа деновиве навивачите на Интер, давајќи си кураж пред вечерашниот прв полуфинален меч од Лигата на шампионите, против фудбалското совршенство Барселона.

Стиховите, носени од исландскиот вулкански прав, кој го блокираше светскиот авио-сообраќај, допреа и до ушите на фановите на Барселона, кои уште завчера ги испратија своите миленица на 725 километри долгиот пат со автобус до Милано (непозната авантура за Барса, а позната за нашите спортисти и новинари).

Мафтајќи им притоа преку замаглените прозорци на своите миленици, навивачите, со транспарент во рацете: „Том Круз го има договорот за снимање на четвртиот дел од „Невозможна мисија“, успеаја да ги насмеат Меси, Чави, Гвардиола, пред овие да го започнат крстарењето по патиштата. Најкомичен беше водачот:„Не ги слушајте што зборуваат. Дали е се' возможно? Ајде нека полетаат од чиста мира, ако се' било возможно на светов“.

Без разлика на тоа кој од овие две групи луцидни навивачи на крајот ќе се смее, употребувајќи го научното реторичко прашање: „Што ви кажав?“, факт е дека Барселона влегува како фаворит во дуелот со Интер, кој за неа е претпоследна пречка до повторување на успехот на Милан од 1990 година, кога Италијанците ја одбранија титулата во најреномираното натпреварување.

За играта на Барселона и нејзината филозофија се напишани многу редови. „Играме за публиката, за оние кои плаќаат да не гледаат. Уживаме во идејата да дадеме гол“, кажа тренерот Гвардиола пред четврт-финалниот дуел со Арсенал, објаснувајќи ја совршено природата на Каталонците.

Од друга страна, Интер е сосема различна фудбалска концепција. Интер не нуди ништо револуционерно за италијанскиот фудбал. Со својата игра која не може да се стави ниту во категорија на класична дефанзива, ниту пак во графата - офанзивен поглед на фудбалот, туку може да се одреди како фин сублимат на Мурињо, му одржа лекција на Челзи на „Стемфорд бриџ“. Како што на речиси идентичен начин во минатото и други италијански екипи држеле свои часови по европските терени. Затоа и со право многумина се прашуваат како така Интер со 11 странци во најексплоатираниот прв состав може умено да го презентира италијанскиот фудбал.

Тој споменат меч против Челзи, веројатно ќе му биде урнек на Мурињо и за Барса. Вистина, Челзи и Барселона се небо и земја, но како, што пишуваат италијанските новинари средниот ред и нападот, во кој треба да биде и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, мора да го одиграат најдобриот дефанзивен меч во кариерата, ако се сака успех. Токму напорната работа на Пандев и на Ето и нивниот страшен притисок на почетната фаза од нападот на противникот се оценети како еден од одлучувачките моменти.

Интер последниот свој натпревар го играше против Јувентус. Победи со 2:0, со головите на Мајкон и на Ето. Камбијасо и Мота блиску го контролираа Диего и го менуваа насочувањето на Бразилецот. Лео Меси е поопасен од Диего, има подобра техника и индивидуални способности, и е дел од еден феноменален систем, но Мурињо веројатно ќе се обиде на ист начин да му ги скрати ѕвездените мигови.

Дел од медиумите во Италија велат дека Пандев би можел да игра по левата страна, која за него дефинитивно е поприродна од десната, и тоа во формацијата 4-3-1-2. Снајдер би бил сервис на напаѓачите Ето и Милито, а тројцата во средината би и давале сигурност и на одбраната.

Студијата на „Кориера дело Спорт“ вели дека на Интер најголем успех му носи формацијата 4-2-1-3 или 4-2-3-1 (во зависност од тоа како гледате на позицијата на Ето и Пандев). Таа шема била инсталирана во вториот дел од натпреварот против Динамо Киев, и донела 10 победи во 14 меча.

Многу повеќе била користена на гостувањата, отколку на домашните натпревари, но не постои патент каде е подобро да се употреби. Прашање е сега дали Мурињо и вечерва ќе игра така. Инаку, на двата меча против Барселона во групната фаза (0:0 во Милано, 2:0 за Барса на „Ноукамп“) Мурињо играше со формација 4-3-1-2.

Некои аналитичари уште однапред ја осудија на пропаст евентуалната позихерашка формација 4-4-2. И таа не е исклучена ако се знае дека Мурињо по никоја цена не сака да прими гол на „Меаца“. И одложувањето на падот е човечка категорија.

Како и да е, Мурињо е среќен што одбраната му функционира одлично - од јануари Интер примил само еден гол на свој терен, оној од Калу во четврт-финалето со Челзи. Лусио и Самуел се стабилни по десната и левата страна, а Мајкон затоа може во дадени моменти да се употребува како десно крило.

Иако Барса (која ќе биде само без Иниеста) е синхронизиран оркестар нивниот фокус на одбраната ќе биде Меси, кој има своја историјата во дуелите со Мурињо. Во 2006 година Барса играше против Челзи, а стартот на Дел Орно над Меси значеше црвен картон. Мурињо по мечот кажа: „Барселона е град на културата со многу театри и ова момче има многу научено од актерската школа“.

Тоа навивачите на Барселона не му го заборавија па за време на мечот од групата сезонава упорно му скандираа: „Мурињо, оди в театар“.

Инаку, Меси никогаш нема постигната гол во шесте меча против Мурињо. Тоа, секако, оди на контото на Португалецот, кој пред мечот порача: „Ако сме биле победени, не значи дека не може сега ние да ги победиме“.


#
Статијата е прочитана 1297 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 20.04.2010 09:35:38
Vo seta ovaa analiza ,smetam deka novinarot bi mozel kratko da se osvrne i na posledniov najnov mec Espanjol - Barcelona, barajki odgovor na prasanjeto kako Barsa moze da se zapre. Inace sega Naumce malku se sovzemal od poezijata vo sportot...
Од: nekoj
Датум: 20.04.2010 15:39:55
barsa ne e real za da se zapre ako go gleas natprevarot ke videse deka barsa igra podobro so igrac pomalku espanjol kako da ne postoese i tie voopsto ne sakaa da pobedat iako imaa golemi sansi za toa i....... bea zadovolni so 0:0

Најди! во Утрински
Спорт
Враќањето на „кралот“ на земјата
Одложен мечот од Светска лига со Русија
Вардар го „преслуша“ лидерот во Скопје
Рома загосподари со Рим
Ломбардија ќе заработи 14 млн. евра на мечот Интер - Барса
Батон
Изненадувачка победа на Портланд кај Далас