Ломбардија ќе заработи 14 млн. евра на мечот Интер - Барса
Според, истражувањето на Комората во Монца, италијанската покраина Ломбардија од првиот полуфинален меч од ЛШ меѓу Интер и Барселона ќе заработи 14 милиони евра. Во таа бројка не е вклучена само заработката на Интер, туку и приходите од туризмот, а проценките велат вака: Близу 3.000.000 милиони евра ќе бидат заработени од шопинг, 4.600.000 од угостителски услуги и 4.000.000 од сместувачки услуги.
Инаку, Ломбардија е најбогатата италијанска покраина, на чија територија живее шестина од населението во Италија. Станува збор за средновековна колевка на банкарството.
Венгер: Не ме интересира коЈ Ќе Ја освои титулата
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, по завчерашниот шок пораз на гостувањето кај Виган го истури сиот бес на шишето вода, кое се наоѓаше крај теренот. Поразот беше болен, дојде по сигурно водство од 2:0, и тоа во последните 10 минути.
„Не знам кој ќе ја освои титулата и не ме ни интересира. Ако го победевме Виган тогаш ќе се прашував. За да го освоите првенството мора да играте сите 90 минути, а не 80. Денеска не бевме во состојба да издржиме до крај“, објективен беше Венгер, кој смета дека дисциплината во неговиот тим е на лошо ниво.
„Не бевме доволно во играта. Ако не покриете се' ќе бидете казнети, особено ако играте со тим кој нема што да загуби. Лично, ниту во еден момент не помислив дека мечот е готов, дури и кога водевме со 2:0“, додаде Венгер, за кого ова е најтешкиот пораз во сезоната, бидејќи тимот пред тоа многу постигнал.
Јувентус дава 20 милиони и Буфон за ВидиЌ
Веќе здодевните приказни за Џанлуиџи Буфон и неговото заминување од Јувентус и за Немања Видиќ и неговото напуштање на Манчестер Ј., ги врза овие двајца во, наводно, можна трампа.
„Тутоспорт“ пишува дека Буфон е се' поблиску до Манчестер Ј., а се споменува и Манчестер Сити. „Старата дама“ сака да го понуди Буфон, но и да додаде 20 милиони евра, во замена за српскиот дефанзивец Немања Видиќ.
Самиот Буфон кажа дека го нервираат приказните за неговата преселба, а Видиќ повтори дека добро се чувствувал во Манчестер. |