Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Одложен мечот од Светска лига со Русија

Натпреварот од шестото и последно коло во втората група од Светската лига во ватерполо меѓу репрезентациите на Русија и на Македонија, што требаше да се одигра вечерва во Москва, одложен е поради хаосот во авиосообраќајот во Европа по ерупцијата на вулканот во Исланд. Македонските репрезентативци во неделата се собраа во Белград, од каде што вчера требаше да заминат за Русија, но претпладнето беа известени дека мечот нема да се одигра во закажаниот термин. Следниот вторник се спомнува како наредна можност за одигрување на средбата и во тој случај Македонија ќе настапи со јуниорската репрезентација, бидејќи сениорите од 30 април до 2 мај во грчки Волос ги очекува квалифиакцискиот турнир за Европското првенство што летово ќе се одржи во Загреб.

Една од причините за откажувањето на мечот во Москва е и неможноста на рускиот национален тим навреме да се врати од Грција, каде што минатиот викенд-настапи на „Самарџидис куп“. Таму Русите го совладаа вториот тим на домаќинот со 10:7, а загубија од првиот состав на Грците со 9:6 и од изнендувачкиот освојувач на турнирот Словачка со 8:6.

Единствениот натпревар што се очекува да биде одигран вечерва е тој меѓу Романија и Турција од третата група. Покрај Русија - Македонија, од нашата група е одложен и дуелот што требаше да се игра во Дубровник меѓу Хрватска и Грција. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 209 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Враќањето на „кралот“ на земјата
Вардар го „преслуша“ лидерот во Скопје
Рома загосподари со Рим
Ломбардија ќе заработи 14 млн. евра на мечот Интер - Барса
Пандев и Интер на состанок со мајсторите
Батон
Изненадувачка победа на Портланд кај Далас