Број 3262  вторник, 20 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Рома загосподари со Рим

Вучиниќ-шоу на „Олимпико“ во неделата. Со двата гола во второто полувреме црногорскиот интернационалец направи целосен резултатски пресврт и и' обезбеди победа и важни три бода на Рома во дуелот со градскиот ривал Лацио (2:1) со кои „волчицата“ повторно се врати на врвот на табелата во Серија А, откако 48 часа на пол позицијата мина Интер по триумфот во петокот над Јувентус со 2:0.

Лацио на почетокот се радуваше, на крајот тагуваше. Лацијалите први поентираа во римското дерби. Роки во 14 минута ја погоди мрежата на Жулио Серџо за „експлозија“ од воодушевување на „синиот“ дел на стадионот во Вечниот град. Лацијалите имаа можност да ги закопаат шампионските надежи и амбиции на соседите на стартот на вториот дел, но ударот од белата точка на Флокари го одбрани Серџо. И оттука почна пресвртот. Одбраната на гостинскиот голман ги разбуди, условно речено, гостите кои дотогаш изгледаа бледо на тревникот. Кон тоа треба да се додаде и храбрата одлука на тренерот на Рома, Клаудио Раниери. Ја прифати одговорноста од евентуален неуспех и реши на полувреме да ги замени двајцата капитени, Франческо Тоти и Даниеле де Роси. Фрли се' на една карта, победа, со внесувањето во игра на Тадеи и Менез, а ризикот на крај се исплатеше. Играта на „римската волчица“ доби на динамика, стана поофанзивна, тежиштето се префрли на противничката половина и за само 10 минути (од 53 до 63 минута) Рома дојде до посакуваниот резултат. Не само што ја анулира негативата во 53 минута од пенал (Тадеи беше соборен во казнениот простор на Лацио од Коларов - Вучиниќ егзекутор на најстрогата казна) туку и поведе во 63 минута. Продорот на Менез беше запрен со прекршок за главниот судија Талјавенто. Црногорецот и тука ја презеде одговорноста, Пизаро и Рисе, му оставина простор на бие, а тој возврати на најдобар начин. Го проби живиот зид, но го проби и голманот Муслера кој не ја виде топката кога профуче крај неговата глава.

„Ова е најубавата работа што фудбалот ја носи со себе. Со моите два гола им подарив радост на голем број фанови на Рома и бескрајно сум среќен поради тоа“, изјави Вучиниќ со чии погодоци „волчицата“ ја продолжи серијата натпревари без пораз во домашното првенство на 24.

По поразот во Џенова од Сампдорија со 2:1, фудбалерите на Милан испаднаа од трка за Скудетото во Серија А. Нивната судбина ја запечати Џампаоло Пацини со погодокот во третата минута од судиското продолжение. Единствениот погодок за росонерите беше дело на Бориело, првиот за домашниот состав го постигна Касано. Со овие три бода Сампдорија ги одржа надежите за обезбедување место во Лигата на шампионите догодина и воедно ги засили шпекулациите за смена на Леонардо по само една сезона мината на клупата на Милан. (С.Д.)

Серија А, 34. коло



Резултати: Лацио - Рома 1:2, Катанија - Сиена 2:2, Калјари - Палермо 2:2, Бари - Наполи 1:2, Сампдорија - Милан 2:1, Парма - Џенова 2:3, Аталанта - Фиорентина 2:1, Удинезе - Болоња 1:1, Киево - Ливорно 2:0, Интер - Јувентус 2:0.

Табела: Рома 71, Интер 70, Милан 64, Сампдорија 57, Палермо 55, Наполи 52, Јувентус 51, Џенова 48, Фиорентина 46, Парма 46, Бари 43, Калјари 41, Киево 41, Катанија 40, Удинезе 39, Лацио 37, Болоња 36, Аталанта 34, Сиена 30, Ливорно 26.

Идно коло: Интер - Аталанта, Палермо - Милан, Јувентус - Бари, Наполи - Калјари, Ливорно - Катанија, Фиорентина - Киево, Џенова - Лацио, Болоња - Парма, Удинезе - Сиена, Рома - Сампдорија.


#
Статијата е прочитана 403 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Враќањето на „кралот“ на земјата
Одложен мечот од Светска лига со Русија
Вардар го „преслуша“ лидерот во Скопје
Ломбардија ќе заработи 14 млн. евра на мечот Интер - Барса
Пандев и Интер на состанок со мајсторите
Батон
Изненадувачка победа на Портланд кај Далас