Кај нас законите го забрануваат објавувањето кој колку заработува екстра, но и од плата
Александрија Стевковска
Кој колку заработува од плата, на Берза, кој колку плаќа данок... кај нас беше и останува топ-тајна. Тоа, пак, од своја страна, широко ги отвора вратите за бројни шпекулации, во мисија да се открие финансискиот гениј кој само за една година ќарил околу 15 милиони евра.
Кај нас законите го забрануваат објавувањето на среќниците кои заработиле екстра надвор од приходите од плата, но и сите други податоци, од типот како се вика менаџерот на кој компанијата секоја месец му кешира по 20.000 евра плата. Тајна е и името на битолчанецот кој зема близу 700 евра пензија секој месец.
Иако тајноста на сите податоци за пријавени приходи и платени даноци е во сила, останува дилемата дали во случајот со нашиот милионер, за кого мора да се напомене дека си го платил данокот на заработените милиони, се работи за навистина регуларно заработени пари. Овој сомнеж потекнува од фактот дека за да се добие толкаво богатство, потребно е да се вложи помало богатство, на пример, според некои брокери, најмалку околу четири-пет милиони евра, а сето тоа на Берзата во година кога таа беше заглибана во црвено. За дел од економските аналитичари милионерот од нашето маало е или херој или „валкан“ играч.
„Првиот можен начин за стекнување на милионите е дека овој инвеститор бил далекувид и почнал да инвестира во компании котирани на Македонската берза уште пред десетина години, кога сите компании на Македонската берза беа драстично потценети за да ги продаде пред крахот на Берзата. Второто можно сценарио е дека овој инвеститор остварил добивка преку тргување акции, со остварување разлика во цената. Меѓутоа, статистичката веројатност дека профит од 15 милиони евра е остварен на овој начин е речиси нула“, вели аналитичарот Ден Дончев во денешната колумна во „Утрин��ки весник“.
Според него, третата варијанта е дека станува збор за сопственик на значаен дел од акции во една од компаниите, кои беа продадени на странски инвеститори во 2008 година. Но, последното, а наедно и најпроблематично сценарио е дека станува збор за купопродажба на акциите во компании што беа продадени на странски инвеститори, со стекната инсајдерска информација. „Користејќи инсајдерски информации, одредени структури слободно би можеле да купуваат акции во компаниите што се предмет на купување од страна на странски инвеститори, а потоа истите акции да бидат препродадени на странските инвеститори по повисока цена во моментот на преземање на соодветната компанија. Се разбира, овде би станало збор за добро информирани структури кои во моментот на користењето на инсајдерската информација би се чувствувале дека се надвор од пипалата на законот“, смета Дончев.
За Дончев е нормално во западниот свет капиталистите и успешните бизнисмени да се величат. „Овој македонски Ворен Бафет со остварени 15 милиони добивка нема од што да се плаши, ниту од што да се срами доколку профитот е направен на легален начин. Напротив, таквиот човек треба да служи за инспирација за сите граѓани. Затоа од апсолутен интерес во контекст на Македонската берза е да се охрабри успешниот инвеститор да го обелодени неговото име“, смета Дончев.
Според тоа како стојат работите со необјавување на македонските милионери, испаѓа дека земјава, во која речиси секој со секого се знае, е рај за сите што сакаат да заработат, а сакаат да останат анонимуси. Нивната тајност ја гарантираат и македонските закони, додека, на пример, во скандинавските земји, обврска е сите што плаќаат данок јавно да се објават.
„Согласно со Законот за даночна постапка, постои даночна тајна која УЈП ја чува и како таква таа не смее да биде обелоденета. Освен УЈП, и Дирекцијата за заштита на лични податоци не смее да ги објави имињата на лицата што остваруваат приходи и профити. Кај нас е дозволено објавување вакви чувствителни податоци, доколку личноста која, на пример, лани заработила 15 милиони евра даде своја согласност за објавување на неговото име. Законите во другите земји се поинакви, па во некои од нив можеби е обврска заработките и лицата што ги оствариле, како и данокот што го платиле, да бидат јавно истакнати“, вели директорката на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Маријана Марушиќ.
Настрана јавноста или тајноста на одредени податоци и како скопјанецот успеал да стекне 15 милиони евра, социјалната рефлексија на целиот случај е контрадикторна.
„По добивањето на информацијата за заработка на овие силни пари, првата асоцијација е дека живееме во систем кој конечно профункционира по капиталистички и либералистички концепти, каде што може да се заработи на берза. Втората асоцијација е дека до таа заработка е дојдено на нелегален начин, бидејќи тие пари не може да се заработат во општество во кое две третини до населението едвај сврзува крај со крај и во кое царува корупцијата. Третата асоцијација упатува на прашањето како некој можел да заработи толку пари на Берза, во услови кога повеќе луѓе немаат претстава што е берза и како се тргува на неа“, вели социологот Илија Ацески.
Според него, многу е важна информацијата колку лицето вложило за да заработи 15 милиони и како дошло до тие пари. „Многу позитивно е доколку таа личност од ништо стекнала толку пари, но клучниот елемент зошто нашите богаташи се кријат е бидејќи секогаш на крајот се поставува прашањето од каде се по��нало и од каде е основата на пари за мултиплицирање на богатството“, вели Ацески.
Во светот постојано излегуваат рангирања кој колку е богат. На пример „Форбс“, неодамна го објави списокот на 400 најбогати Американци за оваа година и нивните загуби од кризата. На списокот на најбогати и натаму, 16 години едноподруго, води сопственикот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, со богатство од 50 милијарди долари, што е за седум милијарди помалку од лани. Најголемиот губитник, Ворен Бафет, е втор на списокот, со богатство од 40 милијарди долари, а трет е основачот на „Оракл корпорејшн“, Лоренс Елисон, со 27 милијарди.
Минчо Јорданов заработи 15 милиони евра минантат година
Од: pero magacineroz
Датум: 04.11.2009 05:34:27
dali ovoj daniel ili DEN doncev e surata na lubco georgievski?sakam da znam,i dali ziveese vo melburn avstralija pred da go stavi lupco nekakov minister vo negovata vlada,i dali nesto LAPNA od negovoto ministeruvanje koga go prodade telekom,kolku 10%,15%?
Од: jovan
Датум: 04.11.2009 08:40:04
Kako se zaraboteni? Pa na pocetokot na devedesetite si ja privatiziral(prisvoil) firmata vo koja bil direktor, za da vo 2008 ja prodade na stranci za 15 milioni. Covekov si e cist kako solza, i nema potreba da go krieme. E sega prasanje e kako i na koj nacin se privatizirase, no toa e veke druga tema. Vo slucajov "Zakonot" go dozvoluva ova (a i narodot, stom 20 godini trpi) firmata bila negova, privatizirana i resil covekot da si ja prodade. Prosto ko pasulj, sto bi rekli Srbi. No vo sekoj slucaj ime i prezime se potrebni. Identitetot na ovoj Makedonski SUPER bogatas treba da se obelodeni. Sekade vo svetot se znae koj im e najbogat vo drzavata, i koj najmnogu zarabotuva. Duri i iminjata na direktorite na bankite koj propadnaa vo America bea javno spomenuvani vo mediumite koj kolku zarabotuval, zemal plata i bonusi. Zosto ovoj nasiov go kriete ne svakam. Najverovatno se raboti za strav. Naredeno e batkava da ne se spomenuva javno, i tolku. Junak i onaka nema vo ovaa drzava.