Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија
Не си подобен - административците жртви на политички мобинг

„Не сум близок до владејачките партии, па затоа постојано ми прават разни сплетки“, вели еден анонимен службен

Маја Томиќ

„Речиси цела година бев на боледување или користев годишен одмор затоа што имав психичко растројство на своето работно место. Но, и сега, кога се вратив на работа, за жал, продолжија истите притисоци како и порано. По многу години успешна кариера во оваа фирма, постојано ми прават разни сплетки и поведуваат нови и нови дисциплински постапки, само со цел да ме тргнат од моето работно место. Не затоа што не си ја знам работата, туку затоа што сум политички неподобен, односно не сум припадник, ниту симпатизер на некоја од владејачките партии, туку на опозициските“, вели вработен во државна институција, кој сака да остане анонимен.

Тој додава дека дополнително, секојдневно трпи разни вербални закани, дека сите документи од неговиот компјутер му се одземени, како и дека иако има висока школска подготовка е распределен на пониско работно место кое е за средно образование, за што повел судска постапка.

Нашиот соговорник е с��мо еден од многуте вработени во земјава кои се жртви на мобингот, пред се', на политичкиот, но кои се плашат јавно и со име и презиме да проговорат за тоа, затоа што многу лесно можат да бидат избркани од работа. Дотолку повеќе што се' уште не е донесен посебен закон за мобинг, кој би бил каква-таква гаранција за нивна правна заштита.

Според Гордана Бошковска, претседателката на Македонското здружение за мобинг, за жал, пропадна првата иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија, за донесување посебен закон за мобинг, преку партијата ДОМ.

„Донесените измени во два члена од Законот за работни односи, со кои се третира прашањето на мобингот, ниту оддалеку не го решаваат проблемот. Затоа, Здружението, заедно со ССМ, нема да застане и ќе продолжи да се залага за донесување посебен закон. Само така, жртвите на мобингот ќе се чувствуваат послободни и посигурни да поведат судска постапка и да се заштитат на своите работни места“, вели Бошковска.

Таа додава дека политичкиот мобинг, дефинитивно, е најзастапен меѓу вработените, особено кај јавната администрација и во државните установи. Во последно време во Здружението имало голем број обраќања од вработени во локална самоуправа, во образование, како и во Министерството за одбрана. Имало бројни поплаки за мобинг и од приватниот сектор, каде што по воведувањето на брутото, на вработените им се исплаќаат помали износи на плати за десет отсто. Односно, работодавците им исплаќаат плати колку што е минималниот законски износ на кој треба да ги уплаќаат придонесите.

Од ССМ најавуваат дека до крајот на годинава ќе го подготват предлог-текстот на законот за мобинг и ќе го достават до законодавните органи. За таа цел, веќе од утре ќе се одржат неколку работилници во земјава, во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“, на кои ќе присуствуваат правници од синдикатите, како и други надворешни експерти.

Инаку, според извршеното пилот-истражување на ССМ, од 510 анкетирани лица, 41 отсто се изјасниле дека се жртви на мобинг, најмногу на политички. Ова е прво истражување од ваков вид во државата, а подоцна е издаден и првиот едукативен прирачник од ССМ, „Фридрих Еберт“ и македонското мобинг-здружение.

Мобингот е дефиниран како неетичка, патолошка комуникација на работното место, односно психичко малтретирање од едно или повеќе лица. Тоа е модерна цивилизациска болест, присутна во земјава од транзицискиот период, а резултира со големо ментално и социјално страдање на работникот и со проблеми во неговото нормално функционирање. Лицата што вршат мобинг, таканаречените мобери, најчесто се работодавците или другите претпоставени.

Во ЕУ мобингот е рангиран на четвртото место според ризиците на работното место, а процена е дека за неколку години тој ќе биде прв според степенот на ризик. Во ЕУ има посебен закон за мобинг, донесен уште во 1876 година, во САД ваков закон постои од 1964 година, додека во Канада од 1984 година. Во Хрватска и во Србија се во собраниска процедура посебни закони за мобинг.

ССМ уште летоска предлагаше донесување нов закон за мобинг, но, за жал, тоа не наиде на поддршка во Собранието. По иницијатива на ДОМ, Собранието во почетокот на септември донесе само измена на два члена во Законот за работни односи, сметајќи дека со тоа е доволно истретирано прашањето на мобингот. Главното објаснување беше дека за донесување посебен закон ќе треба многу време, дека е тоа долга и сложена процедура, како и дека и во многу други земји мобингот е ставен во рамки на закони што го третираат работниот однос.


#
Статијата е прочитана 1030 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 04.11.2009 00:33:56
Џорџе Арсов. Поголем мобер, здравје... Заинтересирајте се!!!
Од: ilijas
Датум: 04.11.2009 07:17:25
Tesko da se poveruva deka nekoj so godini e politicki gonet,da kazese momentalno ili pak togas i togas ke poveruvav.Ama bartiite barem poslednava dekada se isposmenija taka da ne e vozmozno celo vreme toj da e opozicioner.Najverovatno e nekoj tupagija koj nikoj ne go saka,i misli deka se toj znae i nikoj drug.
Од: девичанецот
Датум: 04.11.2009 08:26:06
Најдобар лек за мобингот е сединг. Да си седиш им да си ќутиш.Ако има каде да седиш, но и да знаеш да молчиш. Кај нас еден началник работи со само една четвртина од своите вработени. Другите не ги ни гледа. Ама и тие него не го ни гледаат, т. е. си применуваат терапија со Сединг и Ќутинг.
Од: spiro
Датум: 04.11.2009 11:17:31
Zaklucok na seto ova e deka VMROIZMOT e poopasen od KOMUNIZMOT !!!!!!
Од: Donald Duck
Датум: 04.11.2009 11:28:38
Vakvata praksa vo MKD zapocna co 1998, koga VMRO prv pat dojde na vlast, no ne vo ovaa merka. Prerodbata, neli, prodolzuva. I portokalchinjava, neli, ostvaruvaat.

Најди! во Утрински
Економија
Македонците лицитираат кој е нашиот Ворен Бафет
ЕК очекува раст од 1,5 отсто на македонскиот БДП за 2010
Јапонска агенција со позитивна оцена за кредитниот рејтинг на Македонија
Владата пак се задолжи со 40 милиони евра
Државата ќе продава илјадници квадрати земја
„Кејблтел“ под чадорот на фондот ИКЈУТИ ВИ
Градежништвото и фармацевтските компании со добивка