22 Градежништвото и фармацевтските компании со добивка
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Економија
03.11.2009, 17:09

Градежништвото и фармацевтските компании со добивка

Македонските компании деновиве ги објавуваат податоците за остварените резултати годинава. Поголемиот дел од компаниите книжат загуби, сепак, градежништвото и фармацевтската индустрија оствариле здрави профити.

И додека граѓаните смрзнуваат и се жалат на слабо парно, „Топлификација“ добро се држи кај финансиските резултати. Таа за девет месеци од годинава остварила нето-добивка од над два милиона евра, додека нето-добивката само во третиот квартал изнесува над 1,3 милиони евра.

Во првите девет месеци од годинава и „Алкалоид“ остварил 13,7 отсто повисока консолидирана нето-добивка, во споредба со истиот период лани.

Растот на добивката, според извештајот на компанијата, најмногу се должи на растот на продажбата на домашниот и на странските пазари. Добивката на фармацевтската компанија „Реплек“, пак, до октомври се помали за 44 отсто, во споредба со ланските резултати. Вкупните приходи на „Реплек“ од почетокот на годината до октомври се помали за 16 отсто на годишно ниво.

„Бетон“, исто така, бележи раст на добивката од шест отсто.

Првите девет месеци од годинава градежната компанија „Бетон“ ги заврши со нето-добивка од 365 илјади евра.

Во првите три квартали годинава и градежната компанија „Гранит“ забележа нето-добивка во износ од 415,5 илјади евра, што споредено со истиот период минатата година кога нето-добивката на компанијата изнесуваше 401,8 илјади евра, претставува раст од три отсто.

Стопанска банка Битола во првите девет месеци од годинава остварила бруто- добивка во износ од 61,8 милиони денари, или еден милион евра, што е за 62,3 отсто помалку од остварената добивка во истиот период од лани. Со негативен резултат годинава е и „Макстил“, таа во првите три квартали годинава направи минус од 21 милион евра. Загубата, пак, на „Макпетрол“ во деветте месеци годинава достигна 3,7 милиони евра.

До почетокот на октомври приходите на „Македонски телекомуникации“ се помали за девет отсто во споредба со истиот период лани.

„Скопски пазар“ претпоследното тримесечје годинава го заврши со добивка што е 25 отсто помала од ланската. И „Фершпед“ соопшти дека добивката им е за исто толкав процент помала од ланската. Во третиот квартал лани „Фершпед“ имаше вкупна добивка од 1,2 милиони евра, а во истиот период годинава само 168 илјади евра. (С.М.)


Статијата е прочитана пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -1°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (17)
Тито под притисок да се повлече – Јованка го спасува.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...
(ФОТО) Бојата на Берлин во 1930-те
Ретки фотографии во боја, кои даваат поглед на животот во градот додека се тетерави кон војна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска | Фељтон |