02.12.2012, 14:51 Жена прегазена од сопственото возило
Битолчанката Мери Д. (43) починала откако била прегазена од сопственото возило. До трагедијата дошло откако возилото марка „БМВ“, чиј сопственик е сега починатата, почнало само од себе да се движи неконтолирано. Во намера да го запре движењето, Мери најнапред започнала да го турка возилото од неговата десна страна, но бидејќи не успеала да го запре преминала и од задната страна. Во еден момент таа се сопнала од камен по што дошло до нејзино прегазување. (Ц.Х.) |