Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
02.12.2012, 17:20

Брисел бара решение во пет до дванаесет

Десетина дена пред самитот на ЕУ на кој ќе се расправа за препораката за преговори на Македонија, Гералд Кнаус предлага Македонија итно да добие ново име

Слободанка Јовановска


Десетина дена пред самитот на ЕУ на кој ќе се расправа за препораката за преговори на Македонија, од Брисел стигна нова иницијатива која треба да спречи уште една грчка блокада на амбициите на Европската комисија.

Гералд Кнаус од Европска иницијатива за стабилност излезе викендов со нов предлог за надминување на спорот меѓу Скопје и Атина, убеден дека тој може да доведе до компромисот што лидерите и во едната и во другата земја ќе можат да го претстават - како чекор напред токму во нивна полза.

Според предлогот на Кнаус, најпрво двете страни треба да најдат компромисно име за Македонија со географска одредница кое ќе го овозможи приемот во НАТО и отворањето на пристапните преговори со ЕУ. Тоа име веднаш да ја замени референцата БЈРМ таму каде што се употребува во моментов. Третиот чекор, според Кнаус, е Грција да се обврзе дека „ќе и дозволи на РМ да се приклучи на НАТО под ова ново провизорно име“, а за возврат, како што вели „РМ да го смени Уставот, на пример со текст како овој: ’Од денот кога Република Македонија ќе се приклучи на Европската унија, меѓународното име на земјата ќе биде Х, за употреба ерга омнес на сите јазици освен на официјалните јазици на земјата“.

За да ги задоволи резервираните во Макеоднија, Кнаус предлага референдумот за името да се одржи на крајот на преговорите на Македонија со ЕУ, практично со референдумот за прием во ЕУ.Со тоа за првпат граѓаните ќе можат да се се изјаснат како да се именува земјата бидејќи немаа таква можност кога се прифати референцата. „Лидерите на РМ менуваат едно име кое нивните граѓани не го сакаат (се однесува на држава што исчезна пред децении) со друго име кое не го сакаат, обете користени на ист начин“, оценува притоа Кнаус. Според него, ниту една страна не ја губи можноста да реагира во иднина, односно, доколку идните грчки влади го блокираат пристапувањето на Македонија во ЕУ или пак упатат нови неприфатливи барања, тоа истовремено ќе го одложи стапувањето на сила на клучните одредби од компромисот. Грција пак ќе покаже дека останува активно ангажирана за балканското проширување, а сепак ќе има можност да реагира, се' до самиот крај на пристапниот процес.

Кнаус веќе престојувал во Македонија и го преставил предлогот на премиерот, шефот на дипломатијата, партиските лидери, како и на дипломатите на ЕУ во Скопје, а подоцна го претставил и во Брисел, Берлин и некои други престолнини на ЕУ, така што тој циркулира меѓу европските дипломати. Кнаус, инаку беше еден од главните лобисти за укинувањето на визниот режим за балканските земји, а веќе еднаш излезе со опсежен предлог за решавање на спорот за името кој не наиде на поддршка. Тој во голема мерка беше „булдожер“ на иницијативите на Оли Рен како еврокомесар за проширување, па на него се гледа како на неформален глас на ЕК и генерално на Брисел околу балканските прашања.Токму затоа, неговиот најнов предлог се сфаќа како сигнал дека ЕК сака да и го отвори патот на Македонија за преговори на претстојниот самит на ЕУ.

„Би било лудо да се биде преголем оптимист дека нешто може да помогне да се надмине вака сложен спор. Па сепак, има низа причини да се биде поголем оптимист овојпат, отколку кога и да е во подолг период од минатото“, порача Кнаус презентирајќи ја јавно иницијативата.

Иницијативата на Кнаус е и некој одговор на меморандумот на Атина, што таа деновиве го турка упорно како најприфатлива основа и искрена иницијатива за решавање на спорот со Макеоднија. Грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Аврамопулос викендов си даде главна улога во иницијативите, изјавувајќи дека целта е да се „зајакне процесот на преговори што се води во рамките на ОН“, иако сите очи сега се вперени во ЕУ.

„Со конкретни предлози и чести контакти притискаме за решение кое ќе ги почитува историјата и културата на двете земји и нема да остави простор за национализам“, рече Аврамопулос.Според него, финансиската криза што ја зафати Грција го отежнала и спроведувањето на надворешната политика воопшто.

„Но, сега земјата се враќа со иницијативи, присуство, глас и углед на меѓународната арена“, нагласи шефот на грчката дипломатија, додавајќи дека главна цел на надворешната политика сега е „да се нагласи стабилизирачката улога што Грција ја има во пошироката геополитичка средина“.


Статијата е прочитана 5015 пати.


Испрати коментар



Грубо и арогантно се прекршија Уставот и законите. Државата ќе опстои ако и Албанците ја сметаат за своја
Злоупотреба на пратеничката привилегија
Бесими
Поддршката од Рамуш Харадинај изборен адут за ДПА
Штрајкот на „белите мантили“ и натаму активен
ВМРО-ДПМНЕ уште бара противкандидат на Заев



jovan, 03.12.2012 00:04:15
Neznam dali voopsto ima resenie za ovoj spor, no ako go ima, za nas sigurno ke bide mnogu bolno.
Весна.С, 03.12.2012 01:01:02
„Лидерите на РМ менуваат едно име кое нивните граѓани не го сакаат (се однесува на држава што исчезна пред децении) со друго име кое не го сакаат, обете користени на ист начин-каков глупа или да бидам културна и цивилизирана(иако во оваа изјава нема ништо културно и цивилизирано,туку содржи доволно намерна провокација.Споредбата што ја прави е сосема погрешна- едно е да се откажеш од името на државата која е збир на повеќе др.различни држави и претставува некаква кованица од географски поим на една страна на светот и севкупен назив за една група на народи -словени.
nekojq, 03.12.2012 02:02:33
Sposoben chovek naoga reshenie, nesposoben izgovori. Taka e za se vo zivotot pa i za vo ovoj glupav spor. Makedonskiot narod da bil sposoben ke izvojuval drzvaa ushte mnogu porano, nemal da cheka Tito da mu ja podari. Vprochem kolku sme sposobni kazuva faktot shto 20 godini sme ostaveni sami na sebe i za nishto ne ne biduva. Znam deka mnogu ke se navredat i pochnat da skokaat ama spored rezultatot se gleda i sposobnosta. Taka da ako EU ne pomogne i pritisne vo ovoj sluchaj, od nas nishto ne biduva.
zoran, 03.12.2012 02:55:34
Jas licno bi izlegol so predlog gospodinot Gerald Knaus da si go promeni imeto vo Gazment Krasnici, i kako nagrada ke dobie pokana na super zabava vo Majami na moj trosok. Pa gospodine Krasnici, se nadevam deka ke go prifatis mojot predlog, i se nadevam ke se javite preku e-mail.
dedo dimo, 03.12.2012 03:58:09
Makedonskiot narod ne saka drugo ime da vi e jasno na site ,toa ne e mozno bez svoeto ime i svojot identitet nie sne nikoj i nishto i ke bidime kako muva bez glava .Toa e celta na komshiite shto imaat del od Makedonija nas da ne unishtat zasekogash.Zaboravete i za EU i NATO bez niv nie sekogash ke bidime od toa shto sne MAKEDONCI i NASHATA TATKOVINA MAKEDONIJA. DA ZIVEE VECHNO REPUBLIKA MAKEDONIJA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
MK, 03.12.2012 05:44:10
Novo ime za Mk, da po itna postapka. Dosega e narekuva BJRM, a sega novo ime: MAKEDONIJA. I problemot na ednostaven nacin ke se resi vo Brisel!.
ФЕЛИКС, 03.12.2012 07:36:09
Разни ЕУ индивидуи(за кој немаме поим да воопшто постојат,а дознаваме кога ќе отворат уста за проблемот со името)предлагаат решенија кој во повеќето случаеви се во полза на јужниот сосед.Па така и овој предлага erga omnes и промена уставот по терк на соседот.Дури и се потрудил да ни дарува референдум за новото име.Ниту збор за Хашката пресуда која ја донел суд, за кој верувам за неговото постоење дигнал рака и дотичниот ,,советодавец,,.Инаку комична е констатацијата да јужниот сосед има стабилизирачка улога во регионот.Ако еден распартален економски инвалид и земја во која дивеат институцијално фшистите од онаа ,,рујна зора,,тогаш неминовно тој е стабилизирачки хаос мајстор за регионот.
slartibartfast, 03.12.2012 08:18:18
Fakt e deka nasata vlada ne saka pregovori. So eventualen start na pregovori, veke mnogu poseriozno ke moraat da gi sproveduvaat preporakite na EU koi ke znacat namaluivanje na admiknistracijata ( citaj otpustanje na visok administrativci i toa onie koi zemaat plata a ne znaat kade se vraboteni), ke znaci napustanje na populistickata i ksenofobicna politika. Napustanje na politikata na vladeenje so zakani, falsifikati i sirenje strav. Tuka Grujo e slab.
Miki, 03.12.2012 08:23:45
Brisel moze da bara sto saka, no ..Gospodarot na prstenite,, Vasington ocigledno ima druga idea - prvo vnatresno razgranicuvanje i federalizacija - pa potoa ,,evroatlanskite,,! Zosto inaku bi ja odrzuval kleptokratskata perverzna ljubov megju DPMNE i DUI koi bas toa go teraat?(nema razdelba i po 10-ti, bidete spokojni). Slucajno li Gruevski i Ahmeti, iako zgaznaa na se sto Amerikancite promoviraat - demokratija, covekovi prava, sloboda na mediumi, sudstvo - bas pred izbori ke dobijat 250 milioni evra, so koi lesno ke gi kupat site sto im se na ,,shopping list,,? Konecno, dali Amerikancite zaklucija(ili odamna resija) deka ,,shiljkan opanak i sajkaca,,sepak najdobro ni stojat?
Ama, 03.12.2012 08:51:36
Ne me plasi tolku nevleguvanjeto vo EU. Ako ne vlezeme, mozebi ke bideme gladni, a mozebi i ne. Ama me plasi nevleguvanjeto vo NATO (koe inaku voopsto ne go sakam) poradi krevkata situacija i moznoto vlosuvanje na meguetnickite odnosi zaradi sproveduvanje na dolgoposakuvanoto scenario - eden narod vo edna drzava.
makedonec, 03.12.2012 09:43:31
tie sto baraat novo ime za nasata tatkovina,prvo neka go smenat nivnoto ime a ne na tugi zemnji kakvo e taa idiotska misla,takvi imaat amputiran mozok samo da kasiraat pari,do kade stigna ,politikata da menuvaat istorisko ime,nivnite glavi sluzat za drva cepenje ane za mislen .
Зевзекмен, 03.12.2012 09:50:46
стате наме : Вардариште натион: циганоскопјани лангуаге: сербобулгариан ете толку од ЕУ која фрли во Грција 240 МРД Евра во ветар
Mudrec, 03.12.2012 09:56:41
Sigurno ne mislat za dosta glupi stom kako kompromis ni proturaat resenie po terk na grcite. Se nadevam nikoj od nasa strana ne go sfatil ova seriozno.
srebre, 03.12.2012 10:23:17
pridavka i treba nemame nisto so anticki dali ce e slovenski,nova seedeno ama predlogaot na covekot da se viakme x e preteran toa znaci deka toa enarod bez ime da ne kazam ovci koi sekako mozat da se podelat kako ovci pa zatoa mislam ovoj predlog imapozadina od grcija i alæbanija.
Skopje 1689, 03.12.2012 10:25:06
Zasto site se pravat pametni tuka, posle decenii ? Imeto ke ni/vi se smeni, zasto, kako sto vika ovoj likov - ne ni cinelo ?! - mnogu bilo ideolosko - epa, mudreci, Makedonija bese vo ON ednas, kako Socijalisticka Republika...I na ovaa sto ke i falese da si bide Socijalisticka - e sega nema da bide nikakva...
pile, 03.12.2012 10:34:05
Ke se slozji G-dinot Avramopulos deka otkako Premierot na Republika Makedonija proglasi moratorium za imeto,prestanuvajki so stvaranje uslovi od strana na Grcija za formiranje na alibi politika za blokada na procesot na evrointegracii na Drzjavata, za da se postigne efekt na prestanok za baranje na verodostoen sogovornik od strana na sosedna Grcija,t.n.agresivna politika na Grcija pretocena vo memorandumot-predlog za revizija na VS od 1995 godina, na Evropsko nivo premina vo ofsajt stapica vo koja se zatekoa poedinci od EU, a na nivo na ON za nadminuvanje na sporot se pretoci vo avto-gol na nadvoresnata politika na sosedna Grcija.Potragata po verodostoen sogovornik za nadminuvanje na sporot soglasno zdraviot razum i megjunarodnoto pravo e opcija koja vredi da se forsira, ako se saka razvivanje i unapreduvanje na dobrososedskite odnosi pomegju dvete sosedni zemji bez pritiskanje za resenie na sporot vo t.n.,,rana faza ili vo ,,relativno kratok period,sto ke ovozmozji ekonomsko,kult
Македонец, 03.12.2012 11:00:10
Само напред дефетисти македонски... толку ви прпа што дури и од сенката имате уплав и верувате дека сето тоа ќе го снема ако стигнете во митското елдорадо (ЕУ и НАТО) каде друг ќе мисли и работи за вас, а вие легнати во ладовина само ќе јадете од плодовите на изобилието...
Iv-MKD, 03.12.2012 11:34:39
Nema nisto novo vo predlogot na Knaus osven ignoriranje na Hashkata presuda. Grcija i ponatamu krsi megjunaroden dogovor (Interim Accord) garantiran od SAD, a i ponatamu se insistira na erga omnes sto APSOLUTNO ne doagja predvid dokolku imame rbet i sakame da postoime. A nisto novo i vo komentarite na citatelite vo koi se prepoznava defetizam, podgotvenost da se negiraat sebe si, politicki dilentantizam od partiski kujni. Ovoj posledniot se granici so infantilnost deka ili integritetot ke ni bil obezbeden so priem vo NATO ili EU (a primeri od Baskija preku Skotska do Belgija kolku sakate) ili vlasta ne sakala ni EU ni NATO zatoa sto ke morala da pocituva preporaki (eve ni gi bliskite sosedi, Grcite i Bugarite kako izvonredni primeri za pocit na toa sto doagja od Brisel). Tragicno e kolku amebi ima vo drzavava a popisot ne gi prepoznava!
Chainsaw, 03.12.2012 11:37:08
ne deka toa e vazno vo momentov ali sepak...promena na imeto vo ustavot ke znachi i promena na site dokumenti shto gi imame, pasoshi, lichni karti itn...koeshto od dzep ke si go platime site nie. Ako dadat predlog grcite da gi platat tie troshoci, moze i ke razmislam za promena na ime.....Nooottt!! :)
Миле - Охрид, 03.12.2012 11:51:28
На оваа личност ( кој треба да добие геогравска одредница пред своето име за севкупна употреба , за да се разликува од луѓето кои не се шовинисти) отворено да му се каже дека неговиот предлог го перцепираме како шовинистички и непријателски акт спрема Македонците. Тој предлог со ништо не се разликува од Грчкиот. Тоа нема да помине. Неговиот предлог го сметаме како закана за нашите индивидуални и колективни права и слободи, втемелени во мешународните конвенции.
Toso, 03.12.2012 11:55:23
Pa dobro, dali covekot razbira deka nitu eden Makedonec ne e za geografska odrednica i za erga omnes? Neka si predlozi novo ime za negovata a ne za nasata drzava. A sto e so jazikot i imeto na nacijata-makedonci? Totalno neprifatliv predlog, naseto drzavno rakovodstvo veke ednas treba jasno da kaze na megunarodnata zaednica: Ne se slozuvame so geografska odrednica i erga omnes i tolku. Prifatlovo e samo opstestveno ureduvanje pred zborod Makedonija kako demokratska, narodna i slicno! Nikako prifakanje na vakvi glupi ptredlozi!
Biljana, 03.12.2012 12:16:04
ZORANE, bravo , me nasmea.
Vuk, 03.12.2012 13:08:02
Da se slagam za referendum kade gradjanite na R.Makedonija ce odlucat, a referendumskite prasanja da bidat: 1. Vlez vo EU so promeneto ime (NN) 2. Republika Makedonija Siguren sum deka nad 99% od gradjanite na R.Makedonija ce odlucat za nivnata tatkovina se vika R.Makedonija. Toa e i problemot zasto ne drzat na stakleni noze - uzdi, zasto i so zavrsuvanjeto na pregovorite i referendumot po toj povod koj treba da oznaci vlez na zemjata vo strukturite na EU, moze da se desi da bide neuspesen za avanturata EU kade treba da se zacleni Makedonija a taa toa togas na referendumot go ODBIE. Vo toa e i zajakot zasto R.Makedonija treba da ja drzat pokraj sebe a sto podaleku od niv samite, zasto vo situacijata vo koja se naodjaat samo e potrebno nesto da pocnat da pukaat savovite i EU da se KINE po rabovite - toa e pocetokot na vojna vo EU, kako vo SFRJ.
perko, 03.12.2012 13:37:47
site sea se udirate u grudi koj od koj pogolem patriot,a 2001 site kud koi mili moi,ne ve biva ni na ulica da se soberete barem za cenata na strujata,posto znam deka na site im e skapa.sto treba sega da cekame uste edna repriza,za da posle pak site konstatirame;ako kakvo sakaat ime neka stavat samo mir da bide(se sekavate).covekov dosol da ni pomogne da ne izvadi od ova debelo crevo vo koe sto pocnuva strasno da smrdi.decata ni begaat i ni sluguvaat nasite strani na svetot,borbata treba da bide za niv da ostanat tuka u svoja dedovina,kade sto im e mestoto.ili treba da se borime za nas,za da utre besplatno se vozime u avtobus,da se banjame u banja u zemja cie ime ke bidePENZIONERSKI DOM MAKEDONIJA
Kojco, 03.12.2012 13:59:08
Sega sme Poranesna Jugoslovenska Republika Makedonija site toa go znaeme. Ako ne vlezeme vo NATO i EU sto poskoro, moze od BJRM niedno zborce da ne ostane. Zalno ama vistinito!!!!!! Nie nemame ni eden prijatel, SAD, Rusija, Kina, EU, Francija, V.Britanija site tie se prijateli na Grcija. Nam ni ostanuva samo Turcija koja samata si ima problemi so Kurdi oi se 20 milioni vo samata Turcija.
Predavnik, 03.12.2012 14:09:09
Neka se nosat u tri lepe pm! Ama, shto veli *nekoj*, ne se tie krivi, nego nashata nesposobnost. So niv teshko, bez niv i nivnite pari - nikako! A dedo Dimo i nemu slichni, uporno predlagaat da im onadime majkata. Svesni li se shto ke ne snajde? Zarem, za nas silnite, Srbija, Iraq, Libija i Sirija ne se dovolen primer i pouka? Stalno se prashuvam, kakvi li se tie umovi da ne mozat da razberat deka ne sme ni tochka na ovaa zemjina kugla, a kamoli super-sila. A se ponesuvaat i predlagaat reshenija tokmu kako da sme USA.
Stojan, 03.12.2012 14:16:15
jas sum za novo ime, nitu Republika Makedonija poshto gi boli mnogu grcite a nitu BJRM-FYROM, tuku aj otsega da se vikame NARODNA REPUBLIKA MAKEDONIJA. ete novo ime.
strumicanec, 03.12.2012 15:48:57
oficialno treba da se proglasi ovoj haski sud kako nevazecki!!ili vazecki samo protiv malite drzavicki!!! pogolem fasizam i rasizam od taa mocana eu ne postoi!!kaj sme trgnale . . .
xhela, 03.12.2012 19:29:56
daj da go menjamo imeto da idemo napred da ne najde nesto po loso
Не е до името на државата туку до идентитетот на Македдонците, 03.12.2012 21:36:54
И до јазикот македонски. Дедото крвав Папуљас и разни грчки научници на големо веќе зборуваат да нема македонски за јазикот. Полека се доаѓа до фашизмот грчки. Зарем има мој сограѓанин што ќе прифати грчкиве лаги после се што сторија во последниве сто години со Македонците. Каков Александар од антиката проблемот е од окупацијата грчка на пола Македонија и злосторот врз Македонците.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
   


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C

Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (19)
Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ФОТО) Телото како платно
Германска уметница Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско пла...
(ФОТО) Четири милиони деца-робови во Бангладеш
Многу од деца помлади од 14 години во Бангладеш поголемиот дел од денот го поминуваат работејќи во многу лоши услов...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |