02.12.2012, 17:36 Грубо и арогантно се прекршија Уставот и законите. Државата ќе опстои ако и Албанците ја сметаат за своја
Јове Кекеновски, професор на Факултетот за туризам во Охрид, и аналитичарот Ким Мехмети зборуваат за духот во кој помина празнувањето на 100-годишнината од независноста на Албанија, инцидентите и пораките за обединување на сите Албанци, кои ја разбрануваа јавноста
Даниела Трпчевска
Прашања:
1. Празнувањето на 100-годишнината од албанската независност веќе една недела ја бранува и македонската јавност. Марш на орлите, истакнување големи знамиња по улиците, инциденти со палење на државното знаме, тепачки и провокации се само дел од инцидентите кои се случија деновиве. Дали имаше грубо прекршување на законите и дали правилно изреагираа државните институции?
2. Дали истакнувањето државни симболи на друга држава, а непочитување на државното знаме, како и изјавите за обединување на сите Албанци во една држава водат кон подлабока поделба и нарушување на меѓунационалните односи?
3. Како ја оценувате одлуката на претседателот Иванов да го откаже присуството на прославата во Албанија?
4. Дали премиерот Никола Груевски постапи правилно што ја посети Тирана минатата недела во пресрет на прославата, а потоа замина за САД, со што индиректно ја избегна прославата во Скопје?
5.Како го толкувате присуството на премиерите на Албанија и Косово, Сали Бериша и Хашим Тачи, на прославата во салата „Борис Трајковски“ и како ги толкувате пораките кои тие ги испратија од Скопје?
6. Дали пораките испратени од албанскиот премиер Сали Бериша, кој на централната прослава во Валона говореше за независноста на сите албански територии од Превез до Прешево од Скопје до Подгорица, ќе влијаат на односите меѓу Македонија и Албанија?
7. Како го оценувате фактот што Албанија се' уште не ја призна Македонија под уставното име, иако двете земји одржуваат добри односи?
Јове Кекеновски
Грубо и арогантно се прекршија Уставот и законите
1. Апсолутно имаше грубо, арогантно и безобѕирно прекршување на Уставот и законите. Имам чувство дека владејачката политичката елита се обиде да направи да бидеме држава и народ без достоинство, без образ, да одиме со спуштена глава во сопствената држава. Да се плашиме да излеземе на улица зашто не ни ги гарантира безбедноста, редот и мирот. Проблемот го гледам во тоа што државните институции воопшто не реагираа. Челниците на тие институции како ноеви ја закопаа главата во песок и го одбраа молкот, сметајќи дека молчењето е помало зло од реагирањето. Срамота е во една држава оние кои се задолжени да го спроведуваат законот, оние кои ги плаќаме ние граѓаните, да се прават слепи и глуви при очи и уши и меѓусебно да си ја префрлуваат вината, односно да поаѓаат од изговорот дека ,,ние не сме надлежни“, или „ние досега немаме пријава, кога ќе имаме пријава ќе реагираме“.
2. Во нашата држава поделеноста постои отсекогаш само што ние свесно или несвесно затвораме очи пред тоа. Политичките елити не успеаја да воспостават систем на меѓусебна доверба и лојалност на дел од етникумите кон државата во која живеат, во која се родени и во која ги уживаат сите привилегии и придобивки. По потпишувањето на Охридскиот договор се обезбеди само привиден мир и соживот и беше прашање на време кога сите ние ќе ги почувствуваме последиците од одредени неприродни и неправни решенија во него, за кои јас укажував многупати досега. На најголем дел од македонското население му е јасно дека со Охридскиот договор Албанците успеаја да остварат повеќе индивидуални и колективни права, статус и позиција кои се далеку над општо прифатените меѓународни стандарди и правила загарантирани со меѓународни документи и акти. Граѓаните на нашата држава ја чувствуваат жестоката злоупотреба на тие права како и се' поголемата правна нееднаквост. Меѓунационалните односи се одамна нарушени и мислам дека не постои сила или авторитет кој може да ги доведе во разумни граници.
3. Па како да се коментира освен како потег кој беше изнуден во недостиг од храброст да се излезе пред македонската јавност и јавно да се каже што е она што ни се случува и тоа да се осуди и да се повикаат институциите и нивните челници да го заштитат интегритетот и суверенитетот на сопствената држава. Да не е трагично, сето ова би било смешно. Ова ми наликува на приказната како мали Ѓокица ја откажал посетата кај својот комшија, зашто децата на комшијата се обиделе да го маваат со јајца неговото другарче.
4. Тој индиректно ја избегна прославата. Но затоа македонските граѓани директно ја почувствуваа жестокоста и експанзијата на албанскиот етнонационализам. Дали правилно постапи? Во секоја држава кога ќе се случат и помали работи (а не како оваа каде што има сериозни закани по интегритетот и суверенитетот на државата), лидерите ги прекинуваат посетите и се враќаат дома и јавно се обраќаат на своите граѓани. Не ми е јасно како секогаш кога се случуваат крупни проблеми кои се производ на коалициските недоразбирања, нетрпеливост и меѓусебно надмудрување и тие го загрозуваат мирот, редот, поредокот, односно безбедноста и сигурноста на граѓаните на Македонија, премиерот е отсутен од државата. Некоја чудна коинциденција!!!
5. Во отсуство на домаќините (претседателот и премиерот), гостите станаа домаќини во гостинската куќа и тие се чувствува одважно, комотно и храбро. Пораките без јасни и ги прочитавме сите освен власта и некои камелеони и наводно „демократски“ ориентирани професори, аналитичари и божемни новинари кои видоа само привремена еуфорија, која брзо ќе поминела! Сите тие занесени од желбата за власт или за уживање на бенефитите од власта немаат патриотско чувство и капацитет да се соочат со реалност. Опасна е тезата која беше искажана од говорницата дека Албанците живеат во пет држави на Балканот и во моментот имаат само две свои држави.
Упатените пораки не беа пораки во европски дух. Видовме еден евтин и примитивен популизам во кој дојде до израз сеалбанскиот национален вознес и романитичарски идеи.
6. Па ако сме сериозна држава, ако имаме сериозна власт и дипломатија, ова немаше да остане премолчено. Ќе имаше реакција. Исто така мислам дека на ова ќе реагираат и Грција и Црна Гора во чии држави исто така живеат етнички Албанци. Тоа е дрска провокација од негова страна и практично отворање неколку фронта со тоа што се врши поттикнување на тамошните етнички Албанци да се изборат за независност и во блиско време да ја реализираат нивната вековна идеја. Јас многупати досега сум велел дека идејата за Голема Албанија не е умрена, туку таа е во завршна фаза. Сетете се само на изјавата од истиот тој Бериша од пред неколку години кога изјави 5 милиони државјанства за 5 милиони Албанци.
7. Тоа прашање поставете им го на оние кои се во власта сиве овие години, на киндер-дипломатијата, а посебно на албанските политички партии и нивните лидери кои се колнат во власта на Албанија.
Ким Мехмети
Државата ќе опстои ако и Албанците ја сметаат за своја
1. Не е никаков патриотизам да палиш чие било знаме. Toa e кукавичлак и нечовечност некого да мразиш и физички да го нападнеш само затоа што не е од твојот етнитет. Почитта кон другите етнички и државни симболи е мерка за почитта кон сопствените симболи. Јунаштво е да го штитиш другиот од сопствената деструкција, а не обратното. Оттука таквите постапки никој не може ниту да ги прифати, а камоли да ги оправда. А што се однесува до формите за одбележување на 100-годишнината на независноста на Албанија и на албанското знаме, тоа го определуваат славениците и никому не треба да му пречат ниту маршевите, а ниту големината на знамињата. Колку што знам, во Македонија нема закон што ги определува формите на славење и одбележување на празничните денови, ниту, пак, законска регулатива што ја определува големината на знамињата при одбележување значајни датуми од историјата на Албанците. Големината на своето знаме, Албанците не го определуваат според тоа колку тоа знаме ги иритира другите, туку колку ги искажува нивните стремежи за подобра иднина, колку се обединети под знамето што со векови ги обединувало. Ако некој е провоциран од големината на албанското знаме и од маршот на орлите, тогаш таквите можеби ги иритира и ги провоцира нешто повеќе од тоа: постоењето на Албанците во Македонија.
2. Црвеното знаме, со црниот двоглав орел на неа е постаро од Албанија, тоа е знамето на Скендербег, станува збор за знаме во кое се проткаени стремежи на Албанците за реализирање на вековниот идеал: еден народ, еден јазик, една држава! Оттука, црвеното знаме со црниот двоглав орел на неа, не е само државно знаме на Албанија, туку етнички симбол на сите Албанци. Значи тоа е знамето со кое се идентификуваат и овдешните Албанци, кои под тоа знаме и со тоа знаме дале свој придонес во сите достигнувања на овој народ уште пред да постои Македонија, вклучувајќи го и прогласувањето на независноста на Албанија. За тие што не знаат, мало потсетување: документот за независноста на Албанија го потпишале и претставници од краиштата на денешна Македонија, министер на одбраната во првата албанска влада бил Мехмет Паш Дерала од Гостиварско. Ова само колку да знаат нашите сограѓани Македонци дека ние овдешните Албанци ниту сме биле, ниту ќе бидеме надвор од општоалбанскиот идеал, кој ниту во минатото ниту денес, не се храни со несреќата на другите, ниту според големосрпската логика „за крвта и тлото“, туку со проевропски идеали.
3. Одлуката на Иванов да не присуствува на прославата во Албанија ја отсликува непочитта на претседателот на државата кон своите сограѓани Албанци во Македонија. Тој со ова покажа и непочит кон ДУИ, која стори се' да му собере онолку гласови за да биде задоволен цензусот и без чија помош никогаш немаше да биде избран за претседател на државата. Со неприсуството на Иванов на прославата во Албанија, тој го потврди тоа што ние Албанците го знаеме од дента кога е именуван претседател на земјата – тој е претседател само на Македонците и на челниците на ДУИ.
4. Никола Груевски повеќе пати до сега докажал дека има проблеми со реалноста, дека живее во неговата иреална Македонија, каде што му се мешаат проектите за изградба на минатото, со тие за преиначување на сегашноста. Распнат меѓу тие иреалности, тој постојано е надвор од времето и просторот. Едноставно, соочувајќи се со реалноста што не сака да ја прифати – дека оваа држава може да опстои само ако неа ја чувствуваат како своја и овдешните Албанци – тој остана заложник на напорите да глуми дека е премиер на сите граѓани на Македонија, а да дејствува само како Македонец. Како таков тој се' повеќе и повеќе станува премиер на Македонците и на ДУИ, а се' помалку на сите граѓани. Изедначувајќи го својот однос кон овдешните Албанци со тој што го има кон ДУИ, Груевски заборави дека овдешните Албанци не се сопственост на оваа партија, ниту пак, дека тие кон власта го имаат истиот вазалски однос што Али Ахмети го има кон Груевски.
5. Сали Бериша и Хашим Тачи дојдоа во Македонија затоа што тука живее дел од албанскиот народ, затоа што овдешните Албанци се дел од севкупната историја на овој народ, затоа што овдешните Албанци придонеле и за независноста на Албанија и за ослободувањето на Косово. Тие дојдоа тука затоа што Скопје било и ќе остане значајно теме на триаголникот Тирана -Приштина - Скопје. И затоа што Скопје низ вековите било средиште на многу значајни настани поврзани со вековните идеали на Албанците. Нивните пораки треба да се читаат со азбуката на современиот свет. Пораките на Тачи и Бериша не се повик за присилно менување на границите, туку порака до сите дека Албанците и може да прифатат да живеат во пет балкански држави, но само ако им се овозможи заедно да се грижат за нивната етничка „градинка“ која ја сочинуваат сите нешта значајни за одржување на целината на еден народ.
6. Односите меѓу Албанија и Македонија нема да зависат толку од изјавите на Тирана и Скопје, туку од гласот на овдешните Албанци и од тоа колку тие ќе бидат подготвени својата иднина да ја градат како граѓани на оваа земја. Оттука, Македонија не треба да ги анализира изјавите на Бериша, туку односот на овдешните државници кон своите сограѓани Албанци. „Независноста“ на сите албански територии од Превеза до Прешево и Скопје, мора да се случи, ако сме искрени во изјавите дека сите овдешни народи се за европеизиран Балкан и за Балкан во Европа без граници. Како е можно да се реализира оваа европеизација на Балканот ако некој и понатаму мисли Албанците од овие простори да ги подели со ѕидови?
7. Јас сум приврзаник на идејата мојата држава самата до одлучи за своето име. И колку што знам, насекаде низ Албанија и Косово, Македонија се именува според уставното име. Албанија само ја почитува реалноста што ја прифати Македонија: да биде примена во ОН со привременото име. |
Статијата е прочитана 4929 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
pile, 03.12.2012 01:06:31 | Go opravduvam nezaminuvanjeto na Pretsedatelot na Drzjavata na proslavata vo Albanija, od poveke pricini posebno po prethodnoto zaminuvanje na Premierot vo Tirana i iskonstruiranoto scenario a realizirano podocna vo denovite za proslavata na 100 godisninata od formiranje na Albanija i albanskoto zname, koja aktivnost bese neposredno po posetata na Drzjavniot sekretar na SAD na regionot i porakite dadeni od Pristina..Nitu eden Pretsedatel na Republika Makedonija ne treba da ja poseti sosedna Albanija na oficijalno nivo se dodeka politickata partija od albanskiot politicki blok vo Vladata na R.M.ne se zalozji aktivno Republika Albanija da ja priznae Republika Makedonija pod Ustavnoto ime.Inaku politickata kapitulacija konstruktorite na nedemokratskite aktivnosti i izjavi veke ja imaat potpisano, kolku i da se perat pred Brisel, a pred se pred Vasinkton.Dobrososedskite odnosi na krevkiot Balkan so vakvi lideri nemozjat da se razvivaat,a so toa i bezbednosta na regionot se doveduva vo pras |
| ez-mani, 03.12.2012 02:06:51 | odgovvvorite na jove kekenovski na postavenite prashanja od strana na novinarkata daniela trpchevska se odgovori koji pridonesuvaat na rushenjeto na makedonija i na palenjeto na netrpenieto megju gragjanite vo makedonija od izjavite na vakfite kako kekenovski celoto opshtestvo se kochi i odi vo pravec na rushenje so nesogledivi posledici,a kim memet realno kazhano ima dadeno pravvedni odgovori so nameri na sozhivot vrz ravnopraven koncept.gospod e so pravednite koi megjusebe se pochituvaat i pomagaat. |
| nekoj, 03.12.2012 02:21:25 | Problemot so drzavta Makedonija e toa shto nejzinite ziteli se ushte ne go dostignale civilizaciskoto nivo da ga razberat poimot drzavnost. Ne se zreli za drzava a si igraat edna. Imeto na edna zemja e entitet na teritorija a ne na nacionalnost. Site sto ziveat vo Makedonija i imaat makedonsko drzavjanstvo se MAKEDONCI. Kako sto site sto imaat germansko se GERMANCI. Iako tie mozebi se chustvuvaat kako spanci, francuzi, turci, go nosat drzavjanstvoto na zemjata na koja pripagaat. Zatoa ne mi e jasno kako vo Makedonija ima makedonci i albanci i shto ima vrska nacionalnosta so drzavnosta? Glupav narod bi pravel takvi greshki, pameten nikogash ne bi gi narekol nacionalnostite so nivno ime tuku so ona na zemjata vo koja ziveat. Zatoa i imame problem so imeto, nie ne gi razbirame osnovnite raboti, si igrame drzava. Nema makedonci, albanci, turci. Ima samo MAKEDONCI od drzavata R. Makedonija vo postojanite granici a potekloto e druga prikazna i nevazna!!! |
| Zvonko, 03.12.2012 03:59:13 | Nevidena drskost od strana na Albancite na site prostori na Balkanot.Za zal,vo Makedonija nema(se) nikoj asalen politicar da im zastane na patot na vakvite odnesuvanja,a vo Srbija Milosevik bese posleden,a samite Srbi si go ispratija vo Hag,pravedniot sud.Albancite,preku prirodniot i mehanicki natalitet uspeaja da izvrsat bukvalna okupacija na Z.Makedonija i na Kosovo i da gi izvrtuvaat istoriskite fakti i si zemaat za pravo da tvrdat deka na tie teritorii na koi sega ziveat bile iskonski nivni vo sto imaat ogromna poddrska od potkupenite zapadnjacki vlastodrsci.Tie se uvereni deka ke uspeat da gi obedinat zacrtanite teritorii bidejki imaat za toa debelo plateno.Site izjavi na State deprtment i na EU deka nema prekrojuvanje na granicite na Balkanot se lazno,za sto e dokaz od pred 22 godini koga izjavuvva deka nema da dozvolat Jugoslavija da se raspadne,a vidovm,e sto se sluci,pa lazenjeto na Srbija deka ke bide primena vo EU i NATO ako gi predade vo Hag Milsosevik i kompanija,pa od toa |
| Alter, 03.12.2012 05:21:52 | Kim Mehmeti e nerealziran novinar i ekstremist, koj poradi igra na srekata ili samo poradi toa sto dobro govori makedonski stana analiticar. Toj e na ista frekvencija kako i stie albanski ekstremisti, no mene ne mi se jasni drugite nacii na Balkanov, posebna makedonskava. |
| Buntovnik, 03.12.2012 08:34:02 | Jove, Jove na koj ustav se povikuvas, pa toj ne vreden ni hartijata na koj e napisan. |
| PETRE, 03.12.2012 09:32:55 | господине Мехмети,
Претеравте со вашите неискрени образложенија, браните и одобрувате нешто што не е одбранливо. Ако беше во друга позиција, како ќе зборувавте.
Едноставно за Вас имав подруго мислење, комплетно разочаравте. |
| Leonid, 03.12.2012 09:41:16 | Пораката на албанците е јасна, ние сме господари над судбината на Македонија. Македонците се понижени, достоинството им е згазено, приказните за соживот се фарса, за жал како и во 2001 година, оние што се на власт освен сопствениот интерес за материјално богатење подалеку не гледаат. На македонците не им преостанува ништо друго освен да се самоорганизираат. Македонската држава дефинирана со АСНОМ, не постои а оваа ткн мултиентничка полиција и војска ја видовме на дело. |
| ФЕЛИКС, 03.12.2012 09:48:28 | По мене не треба да му се дава легимититет на очигледното пружање на алибито на возљубените политички представници на ентитетот од страна на ,,аналитичарот,, Мехмети,(познат по својот националистички бекграунд)преку поопсежно коментирање,оти дотичниот предобро знае кон што водат вакви фестивалско-националистички испади.Не може со ништо да му се докаже колку е штетно кога некој како Бериша има територијални претензии што и Брисел и САД го критикува.Шетањето со ,,пластичен,, калашников,масовно хорско извикување,,ова е Албанија,,и сл. |
| Bogomil, 03.12.2012 11:55:13 | Господине Мехмети, со леснотија се изговара онаа високопатриотска флоскула, што исто како и Бериша, и тачи, и Ахмети, ја цитирате :еден народ, еден јазик, една држава. A каде ја има nea во современата светска цивилизација - на некоја друга планета, од некој друг сончев систем. Една држава и само еден народ и само еден јазик, а што со другите народи во неа и нивните јазици, култури? Е тоа орлите и јастребите од височините на својата залетаност не го гледаат. Вие ја протурате тезата дека и сонцето се врти околу Албанците - од нив зависи опстанокот на македонија, целоста на Косово, прогресот на Албанија, стабилноста на Балканот. Се друго маргинализирате. Толку минутажи и простор во медиумите ви отстапуваат, а ниту еднаш не слушнав да проговорите за правата на македонците, или за деловите од другите народи во Албанија. И според многу други ваши тези за позицијата на Албанците, мора да се заклучи дека имате дефекти во резоните на аналитичар, каков што ве етикетираат. |
| Predavnik, 03.12.2012 13:15:56 | Kekenovski pochna realno da gi gleda rabotite, distancirajci se od Gruevski i patriotite. Ovoj drugiot (KiM) permanentno ne vleche za neshto, ne svacajci deka vo takva drzava kakva toj posakuva, nie ne sakame da ziveeme, odnosno za nas e podobro uzasen kraj, odoshto uzas bez kraj. Popat, Gruevski ne e premier samo na makedoncite i DUI, nego iskljuchivo na DPMNE i albancite. Navedi barem eden *predavnik* koj e vraboten ili zgrizen za ovie 7 godini. Takov ne postoi! Tie se samo za odstrel i ponizuvanje, a barem 1/2 se od makedonskiot narod. Istoto e i so Horhe - i toj e vash! |
| mihajlo, 03.12.2012 13:23:50 | Albancite ziveat vo Makedonija,no prasanje e kolku ja sakaat i kolku sakaat da opstane. |
| Kojco, 03.12.2012 14:09:14 | Nasata vlada e vo EGZIL, site se vo stranstvo so narodni pari..... |
| vistina, 03.12.2012 14:20:53 | mehmetiiiiiiiiii znaci albania mnogu dobro e misli na makedonija po odgovorot od tockata 7 a 130 drzavi ne ja pocituvaat makedonija zatoa sto ja priznaja makedonija pod ustavnoto ime bravo na tvojot odgovor znaeme ti i tvoite albanci kolku i mislite dobro na makedonija samo raduvajte se vo ovaj moment toa vi preostana |
| tihi, 03.12.2012 14:54:38 | I jas sum pobornik na toa deka evropeizacija na balkanot e reshenie za site negovi problemi.A so toa podrazbiram pochituvanje na zakonot i evropska kultura na odnesuvanje.Gledanjeto Hitler vo drugiot ,negledajkji go svojot ushte pogolem ne e evropski.Se lazhe sekoj shto misli deka so sila se odi vo evropa.Taka se odi na nekoe drugo mesto.Koe e losho za site shto zhiveat na ovie prostori. |
| Bubuljica, 03.12.2012 15:45:45 | Edno prasanje do Ahmeti. Zosto na Kosovo bese zabraneto veenjeto na Albanskoto zname? Ili tamu ne ziveat Albanci? Istovo prasanje vazi i za kinder jajcata od DPMNE, ama na niv ke treba so blokce da im se nacrta da sfatat. |
| Коки, 03.12.2012 17:05:45 | Сѐ до оваа статија сметав дека Ким Мехмети е умен човек. Испадна дека не е. |
| Њутн, 03.12.2012 17:48:29 | Наместо патриотизмот да се докажува екцесно приликом вакви настани,подобро ќе биде сеуште додека некој верува дека Европа може да биде заеднички дом за сите,тој проект да се подржи.Се додека сакаме пашалаци со аги и бегови не иде.Тогаш во таа Нова Европа ќе може секој насекаде како по дома да си слави со декор како што замислува.Ама изгледа ниту Европа ниту ние го посакуваме тоа.Зашто.Затоа што тогаш навистина треба нешто да работиме.Пусто турско замина ама остави лоша навика.Лелекањето без кое неможеме,тагувањето над нашето ни страдално минатоПо инерција и за нашата сегашност.Има и таква зависност.Неможењето без тоа да се живее. |
| bubu, 03.12.2012 17:57:30 | Зашто бе го објавувате и му обрнувате внимание на овој КИм??? Заштоооо? |
| Aleksandar Istr., 03.12.2012 18:31:23 | Neka se smirat nasite sogragani - albanci i neka pocnat da gradat sozivot i pocit kon Makedonija. Ne znam koj dozvoli da se vee stransko zname bez prisustvo na Makedonsko vo Makedonija , toa vednas da se smeni ! Od povlekuvanjeto na vojskite 2001 do denes sekoj den se ponizuvame sve poveke , treba da se stavi tocka i na toa! Vojnata e najgolemo zlo sto moze da mu se sluci na eden narod , a nekoj ja povikuva se poglasno. |
| do Kim, 03.12.2012 18:55:05 | Samo od nas Makedoncite zavisi opostanokot na Makedonija.Sekoj koj saka da i nasteti na Makaedonija ke bide sprecen i strogo kaznet,a ako na nekoi ne im se dopagja vo Makedonija,neka si zaminat od tuka i neka odat vo Germanija,Italija,Svajcarija... |
| Secko, 03.12.2012 22:10:13 | Bravo Mehmeti,barem mn. dobro go poznavas jazikot na drzavata vo koja zivees a ostanatoto e nevidena zloba sto izleguva od tvojata usta! Kakov sarkazam??? Steta i za Makedoncite i za Albancite, zasto ako ti kako ucen covek taka razmisluvas i bez perde i sram , togas kako razmisluvaat obicnite albanski smrtnici?? Ne deka ti ne znaes kolku ne si vo pravo, tuku toa ti e ovozmozeno so alcnosta na lugjeto vo instituciite i vlasta-- sto podolgo da se ostane vo udobnite fotelji. Neli razmisluvas kon sto vodi vakvoto glasno razmisluvanje?? |
| Ana, 03.12.2012 23:45:16 | Mislam deka K.Mehmeti i site albanci Makedonija ke ja custvuvaat za svoja drzava sano koga ke gi nema Makedoncite,Pa neznam sto treba da im ovozmozime pa da ja custvuvaat taka.Neka kaze vo koja drzava moze da ne se placa struja,voda,danok,da se sedi doma a da se zema plata,ili da se odi na rabota a da ne se raboti nisto a da zemas plata,da go gazis i palis drzavnoto zname,da go teroriziras mnozinskiot narod,da skandiras za Golema Albanija,da unistuvas avtobusi vo koi i bilet ne se placa,da se vrabotuvaat bez obrazovanie i na seto ova da plukas. |
| citatel od Anglija, 04.12.2012 01:20:31 | Do G-din Mehmeti
Samo vo dva od vasite odgovori, gospodine Mehmeti, nema zakana/ultimatum. Dali toa ve obedinuva kako nacija, da se zakanuvate so krvoprolivanje vo sekakva polemika. Samo taka moze da opstane drzavata itn. Zar nemate ni ronka covecnost, zarem ne ste roditel, brat, rodnina, zarem tolku e lesno da se posegne po oruzje. Kako sto gledam mnogu poloso ziveat vasite sonarodnici vo zemjite kade sto se imigranti pa ne posegnuvaat po oruzje. Vsusnost, makotrpno rabotat kako slugi in robovi da ja finansiraat nelegalnata vojska za koja megju redovi pisuvate. Mnogu tazno i primitivno, gospodine Mehmeti. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Облачно
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 7°C, Мин: -1°C
|
Четврток
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -5°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – Титова Совладетелка (19)Јованка ја смисли политичката егзекуција на Ранковиќ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
(ФОТО) Телото како платно Германска уметница Гезине Марведел за создавање на своите уникатни уметнички дела не користи традиционално сликарско пла... | |
|