Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Државата ќе продава илјадници квадрати земја

Деспина Трајковска

До крајот на годинава државата на продажба ќе понуди илјадници квадрати земја. Планирано е да се отуѓат 23 атрактивни локации во неколку градови низ државава. Хотели, катни гаражи, стокатници, голф терени и мини гратчиња, се само дел од милионските проекти што е предвидено да се реализираат на парцелите.

Министерството за транспорт и врски во „Фајненшл тајмс“ и во домашните медиуми веќе објави оглас со кој потенцијалните инвеститори се информираат за продажбата. Јавните лицитации, пак, според најавите е предвидено да се одржат до крајот на годинава. Со оглед на досегашните искуства, доколку лицитациите бидат успешни во првиот обид, а имајќи ги предвид и роковите за уплата на парите и за потпишување на договорите за отуѓувањето, првите камен-темелници можат да се очекуваат најдоцна до почетокот на пролетта идната година.

Ако се остварат плановите за продажба на конкретните парцели, само во Скопје за неколку години ќе има дури седум катни гаражи и три нови хотели. Ќе се нудат локации кај Судска палата, кај Работнички дом, кај полициската станица „Беко“, потоа кај музејот на Холокаустот, а парцела за катна гаража ќе се продава и на Јужен булевар, во Маџир маало и една на левиот брег на Вардар, под Кале. Во близина на истата локација ќе се продаваат и три парцели наменети за хотелски комплекси. Државна земја за изградба на хотел по вторпат ќе се понуди за две локации во Охрид, а повторно ќе се бара и инвеститор за изградба на три облакодери во скопски Аеродром.

Се чини, едни од поатрактивните парцели кои ќе се даваат на продажба се оние во состав на поранешните касарни во Струмица, Гевгелија, Дебар и скопската касарна „Илинден“, кои од неодамна им се отстапени на општините. На сите локации е предвидена изградба на мини гратчиња, на комплекс од станбени и деловни згради, образовни и јавни институции, спортски терени....Иако посочените парцели се' уште не се поткрепени со урбанистички планови, што е пречка за каква било изградба, од Министерството за транспорт и врски велат дека ДУП-овите се во завршна фаза.

„До крајот на месецов се очекува да заврши постапката за донесување на плановите. Сите други локации што ќе се дадат на продажба се опфатени со урбанистички планови, а чисти се и во однос на имотно-правните односи“, дополнуваат од Министерството.

Инаку, надлежните тврдат дека досега не направиле проекции колку државата би ќарила доколку парцелите се продадат и по утврдената почетна цена за лицитирање. Како и во досегашните отуѓувања на државното земјиште, сопственик на парцелата ќе стане оној што ќе понуди најмногу пари, а наддавањата ќе се одржуваат доколку за нив се заинтересирани минимум двајца, но во одредени случаи и само еден субјект.


#
Статијата е прочитана 1199 пати.

Испрати коментар

Од: od pripravnik
Датум: 04.11.2009 00:54:41
Na ovaa vlada i trebaat pari za da mozhe rasipnicki da vladee pa zatoa ke ja rasprodava zemjata na ova drzhava ,pa taka i taa ke bide izedena.Prashanje e dali vodi smetka shto mozhat idnite generacii da prodadat ako sega drzhavata e dovedena vo situacija da ja ,,izede,, nejziniot narod sopstvenata zemja.
Од: zabegan.
Датум: 04.11.2009 07:37:27
уште тоа остана.Ко ќе испродадат се никој не ќе сака да се занимава со ПОЛИТИКА.
Од: magjirmaalec
Датум: 04.11.2009 09:45:09
Pa vo koja normalna drzava moze da se prodade gradezno zemjiste za odredena namena bez DUP???? Gragjanite od Magjir Maalo ne mozat da gi saniraat trosnite kuki vo koi ziveat, zatoa sto nema doneseno DUP, a drzavata prodava zemjiste za katni garazi??? SRAMOTAAAAA!
Од: Prilepcanec
Датум: 04.11.2009 09:45:17
Претходната Влада го продаде Електро-системот на Македонија,и стотици лугје,цлченови на партијата која актуелно владее,викаа уа,и растураа се предсебе.Тоа беше само една фирма.Сега,кога Миле останува на местото министер,ја продава земјата-без обзир-амо некој да даде пари,и потоа целиот народ ќе биде подстанар.Каква идеја!?За неа нема место да се зборува,освен да се казе зосто овој министер му е толку вазен на Премиерот,зошто и Министерот за внатрешни му е толку вазен.Се прашате?Па еве го одговорот-рушителите на Државата -со грабежи на комбиња со пензии,банки,банкомати се подмирувани,зашто тоа го сака коалициониот партнер во власта,а МВР-ни еден случај не открила,не осудила -како што треба-не ги повратила парите.

Најди! во Утрински
Економија
Македонците лицитираат кој е нашиот Ворен Бафет
ЕК очекува раст од 1,5 отсто на македонскиот БДП за 2010
Не си подобен - административците жртви на политички мобинг
Јапонска агенција со позитивна оцена за кредитниот рејтинг на Македонија
Владата пак се задолжи со 40 милиони евра
„Кејблтел“ под чадорот на фондот ИКЈУТИ ВИ
Градежништвото и фармацевтските компании со добивка