Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

Јапонска агенција со позитивна оцена за кредитниот рејтинг на Македонија

Јапонската кредитна агенција ЈЦР (Јапан кредит рејтинг агенси) даде позитивна прогноза за кредитниот рејтинг на Македонија. ЈЦР ја оцени земјава со ББ+ , со стабилен изглед, односно ги потврди очекувањата на „Стандард и Пурс“ за одржување на актуелната кредитна способност во иднина.

Својата оцена, како што информира Министерството за финансии, Јапонската кредитна агенција ја заснова на резултатите постигнати со континуираните економски реформи на Владата, прудентната фискална политика и умереното ниво на задолженост, како и со намалувањето на дефицитот на тековната сметка и одржувањето на нивото на девизните резерви на четиримесечна покриеност на увозот. Прогресот на земјата е потврден и во контекст на евроинтеграцискиот процес и препораката на Европската комисија за добивање датум за преговори за членство.

„Јапонската кредитна агенција забележува и дека од земјите од Централна и од Источна Европа, Македонија е најмалку погодена од економската криза, токму поради успешното спроведување на соодветни мерки од Владата, помалата зависност од надворешниот долг и ниската изложеност на екстерните ризици.

Стабилниот кредитен рејтинг, како што се посочува во соопштението, е добар сигнал за странските инвеститори, влијае врз каматната стапка по која земјата зема заеми на кредитниот пазар, како и врз вкупниот економски и политички имиџ на Македонија. (МИА)


#
Статијата е прочитана 186 пати.

Испрати коментар

Од: nekoj
Датум: 04.11.2009 13:32:27
Ne znam dali sum vo pravo, no mnogu poubavo i poprofesionalno ke bide ako ne preveduvate strasnki iminja tuku gi davate na latinica vo original na primer: Japan Credit Rating Agency a vo zagrada sto znaci (japonska kreditna agencija za bla bla...) inaku ova (Јапан кредит рејтинг агенси) e malku smesno, toa e kako da pisuvas angliski na kirilica, a za citatelite pa nisto ne kazuva :))

Најди! во Утрински
Економија
Македонците лицитираат кој е нашиот Ворен Бафет
ЕК очекува раст од 1,5 отсто на македонскиот БДП за 2010
Не си подобен - административците жртви на политички мобинг
Владата пак се задолжи со 40 милиони евра
Државата ќе продава илјадници квадрати земја
„Кејблтел“ под чадорот ��а фондот ИКЈУТИ ВИ
Градежништвото и фармацевтските компании со добивка