Број 3126  среда, 04 ноември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Економија

„Кејблтел“ под чадорот на фондот ИКЈУТИ ВИ

„Кејблтел“, домашниот кабелски и телекомуникациски провајдер, деновиве се најде под чадорот на водечкиот Европски инвестициски фонд ИКЈУТИ ВИ (EQT V), откако овој фонд ги купи и водечките оператори во соседна Бугарија, „Кејблтел“ и „Еуроком“. Македонскиот „Кејблтел“ беше создаден од група стратешки американски инвеститори, со обединување на 13 кабелски оператори во Македонија, кои го поседуваа и бугарскиот „Кејблтел“. Вредноста на аквизицијата е проценета на 200 милиона евра, а како што соопштуваат од „Кејблтел“, новата сопственичка структура ќе овозможи натамошно развивање на операциите во Македонија и, како што се очекува, зголемување на пазарниот удел во делот на дигиталната телевизија, телефонијата и Интернет. „Со преземањето на ’Кејблтел‘ од страна на ИКЈУТИ ВИ, македонските клиенти влегуваат во бројката од половина милион вмрежени корисници на услугите на интегрираните оператори во нашиот регион“, потенцираат од „Кејблтел“. Притоа, се додава дека аквизицијата претставува приближување и поистоветување на македонскиот кабелски провајдер, а со тоа и на услугите кон неговите клиенти, со услугите што ги даваат водечките европски оператори, какви што се германскиот Kabel BW и шведските Stj?rnTV и Com Hem. „Сметаме дека овој пазар има огромен потенцијал, како за дигитална телевизија, така и за Интернет како сервиси, кои имаат брзорастечки пораст во регионот“, вели Пјотор Цапски, партнер во ИКЈУТИ ВИ и нивен советник.

Споените компании ќе бидат водечки пазарни лидери и во двете земји, Бугарија и Македонија, со заеднички годишен приход во висина од приближно 70 милиони евра и 500 илјади домаќинства приклучени во мрежата. „Сметаме дека оваа иницијална инвестиција е само претходник на многу повеќе што ќе следат наредните години“, вели Пјотор Цапски. Од ИКЈУТИ ВИ нагласуваат дека имаат улога на катализатор на промени во компаниите во кои инвестираат. Фондот има акумулирано 13 милијарди евра во 12 фондови, од кои имаат инвестирано 7 млрд. евра во повеќе од 70 компании. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 811 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Македонците лицитираат кој е нашиот Ворен Бафет
ЕК очекува раст од 1,5 отсто на македонскиот БДП за 2010
Не си подобен - административците жртви на политички мобинг
Јапонска агенција со позитивна оцена за кредитниот рејтинг на Македонија
Владата пак се задолжи со 40 милиони евра
Државата ќе продава илјадници квадрати земја
Градежништвото и фармацевтските компании со добивка