Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Според Вардар, МКФ функционира како приватна фирма на Димевски

Второлигашот тврди дека претседателот на Федерацијата и генералниот секретар, Лекиќ, се газди на МКФ спорт ДОО

Кошаркарскиот клуб Вардар веќе подолго време е незадоволен од работата на Кошаркарската федерација на Македонија. Челните луѓе на клубот сметаат дека Првата кошаркарска лига е нерегуларна, бидејќи 45 дена егзистира со нерегуларно избран Комесар, кој донесува одлука за одложување на натпревар два часа пред почеток на истиот. За Вардар е нерегуларен и почетокот на натпреварувачката 2010/2011.

„Откако го испративте Вардар 2000 во Втора лига, бидејќи не бил послушен кон вас, должни сте пред македонската јавност да објасните и како е можна замена на еден клуб од Прва лига, кој се откажал од натпреварување (К.К Вардар Осигурување) со третопласираната екипа од Втората лига. Посебно проблематично, крајно неодговорно и спротивно на статутот, е купувањето, односно продавањето на местото за Прва лига од страна на Плејмејкер на седмопласираната екипа од Втората лига Лирија, без правна основа да се натпреварува во елитното друштво. Во една трагикомична ситуација Лирија на шалтерот на вашата приватна фирма си купи место во Прва лига“, се вели во дописот на Вардар до претседателот на Федерацијата Даниел Димевски, на кого му забележуваат и за материјалното финансиско работење.

„Финансискиот извештај претставува елементарно кршење на законот. МКФ е основана на 17.7.2009, што значи дека финансиското работење од 22.11.2008 до 17.7.2009 претставува фалсификат. Покрај тоа финансискиот извештај завршува со загуба од 2.572.638 денари. Во истиот извештај потрошени се наменски средства доделени од Владата во износ од 1.575.000“, велат од Вардар и прашуваат: „МКФ не е регистрирана во Централниот регистар. Оттаму како е можно да има сопствена легитимна жиро сметка, како и штембил и печат?“.

Според Вардар, на 21.10. 2009 година е основано Друштво за маркетинг и спортски менаџмент МКФ СПОРТ ДОО, во сопственост на претседателот Даниел Димевски и генералниот секретар Дејан Лекиќ, во кое покрај спортски се наведени и следниве дејности: трговија со прехранбени продукти, консигнација, реекспорт, застапување и посредување во промет со стоки и услуги, малограничен промет со Бугарија, Грција, Албанија, меѓународна шпедиција. „Како е можно приватна фирма да работи во свое име, а за сметка на Македонската кошаркарска федерација“, потенцираат од Вардар.


#
Статијата е прочитана 524 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Влатко Костов нов тренер на Работнички
Пандев е вистинскиот спортист на Македонија
Обезбедени две норми за настап на СП
Клиперси подобри од санси во дербито на Пацификот
Соседите од Манчестер го водат орото
Бекер разочаран од Ѓоковиќ и од Мари
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks