Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Обезбедени две норми за настап на СП

Нашите најдобри скијачи во нордиски дисциплини Дамјаноски и Ицоски со последните резултати обезбедија учество на Светското првенство во Русија

Миодраг Мицковиќ

Селекторот на македонската репрезентација во скијање, во нордиски дисциплини Ѓоко Динески, само по пет годишни трки, три во бијатлон и две во нордиско трчање може да биде задоволен од формата на нашите најдобри скијачи-нордијци Дарко Дамјановски и Ѓорѓи Ицоски кои ја имаат исполнето нормата за настап на светското првенство во бијатлон што ќе се одржи во Русија од 2 до 13 март. И двајцата речиси еден месец беа на снег, во европските зимски центри каде имаа одлични услови за подготовки кои ги искористија и за неколкуте настапи на кои три пати ги потврдија нормите за настап на светското првенство во бијатлот. Во добра форма, се резултатите што ги постигнаа на натпреварите во Норвешка ќе беа и подобри но имаа проблеми со пукањето. Доколку ја подобрат прецизноста, резултатите можат да бидат уште подобри, смета селекторот Ѓоко Динески. Младиот Соте Андреевски, кој има само 17 години е се подобар и Динески очекува дека и тој има шанси да исполни норма за настап на СП на претстојните натпревари со оглед на богата програма што ги очекува. Тука е и младиот Тони Станоески, кој заедно со Андреевски од 12 до 18 февруари ќе настапат на светските младински игри што ќе се одржат во Чешка во Либерец. Од девојките постои мал напредок во форма кај Росана Кироска, но тоа ниту од далеку не е доволно за исполнување на норма за светското првенство.

Деновиве нордијците се во Македонија, но веќе од 4 јануари повторно ќе бидат на заеднички подготовки бидејќи од 8 и 9 јануари во Банско во Бугарија ќе се одржи Балканскиот куп во нордиско скијање.

По Банско почнува едномесечна турнеја со настапи на разни натпревари. Веќе од 10 до 15 јануари во Германија се натпреварите во бијатлон, во Србија на 17 и 18 јануари на програмата е вториот Балкански куп на Копаоник, потоа нашите најдобри скијачи нордијци ќе настапат од 20 до 23 јануари во Босна и Херцеговина на Јахорина. Јануарската турнеја ќе биде завршена на традиционалниот „Мавровски меморијал“ кој ќе се одржи на 29 и 30 јануари.

Сите овие настапи, според зборовите на селекторот Динески ќе послужат како одлични подготовки пред настапот на светското првенство во Русија. Тоа е одлична шанса за сите тркачи бидејќи се натпреваруваат и во бијатлон и во нордиско трчање.


#
Статијата е прочитана 327 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Влатко Костов нов тренер на Работнички
Пандев е вистинскиот спортист на Македонија
Според Вардар, МКФ функционира како приватна фирма на Димевски
Клиперси подобри од санси во дербито на Пацификот
Соседите од Манчестер го водат орото
Бекер разочаран од Ѓоковиќ и од Мари
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks