Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Соседите од Манчестер го водат орото

Јунајтед го совлада Сандерленд со 2:0 и останува единствениот непоразен тим во Премиер-лигата

Не се случува често двата тима од Манчестер да бидат на првите две позиции на табелата во Премиер-лигата, но токму тој распоред е сега во игра, откако Јунајтед славеше над Сандерленд со 2:0, а Сити го совлада Њукасл во гости со 3:1.

„Бебињата“ така и по ова 19. коло останаа единствениот непоразен тим во лигата, а Сандерленд се покажа како преслаб противник. Во првиот дел можеше да прими пет шест гола, а не само еден. Оној првиот на бугарскиот интернационалец Бербатов по одличната акција на Гигс и нафрлањето на Руни. И вториот погодок беше дело на Бербатов во 57 минута. Вистина тогаш имаше и среќа, бидејќи топката се одби од Антон Фердинанд.

„Добар резултат. Мислам дека она во првиот дел беше најдоброто од нас. Тоа беше фантастичен фудбал. Можевме да водиме со четири, пет разлика. Во вториот дел играчите малку закочија. За два дена не очекува меч со Бирмингем. Тие не го одиграа својот натпревар и сигурно се поодморни. Затоа моравме да тактизираме“, изјави по мечот менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон.

И Сити во раната фаза го насочи натпреварот против Њукасл. Ги искористи двете грешки во одбраната на Њукасл и по само две минути водеше со 2:0 со головите на Бери и на Тевез. На 18 минути пред крајот Керол заслужено намали на 1:2, но сите надежи на домаќините ги закопа Тевез со својот втор погодок.

Многу битна победа оствари и Тотенхем на гостувањето кај Астон Вила од 2:1. Иако, поголем дел од натпреварот Тотенхем играше со играч помалку (во 27 минута престрого беше исклучен Дефо) на крајот, сепак, успеа да ги освои бодовите за петтото место. Играч на одлука беше Рафаел ван дер Варт. Холанѓанецот ги постигна и двата гола.

„Одлична изведба. Имавме играч помалку, но на полувремето им кажав на моите играчи да се обидат да ги фатат на контра, да ја искористат брзината на Ленон и на Бејл. Така падна и вториот гол. Се' беше маестрално направено. Движењето на Бејл, додавањето на Ленон и завршницата на Ван дер Варт“, откри менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап.

Резултати од 19. коло: Фулам - Вест Хем 1:3, Блекбурн - Стоук 0:2, Болтон - ВБА 2:0, Манчестер јунајтед - Сандерленд 2:0, Њукасл - Манчестер Сити 1:3, Вулверхемптон - Виган 12:2. Табела: Манчестер 37 (-2), Манчестер Сити 35, Арсенал 32 (-2), Челзи 31 (-2), Тотенхем 30 (-1), Болтон 29...

Мурињо: Никогаш селектор



Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, признава дека притисокот на клупата на „кралевите“ е огромен, но ги отфрли шпекулациите дека може да стане селектор на Португалија.

„Верувам дека никогаш нема да бидам селектор, бидејќи тоа е прашање на менталитет, на карактер. Јас сум тренер кој работи секој ден, кој е подготвен да игра и три пати неделно ако е потребно“, изјави Мурињо.

Медиумите ги интересираше и каква е ситуацијата со Кристијано Роналдо. „Тој е фантастичен, извонредно момче. Физички е посилен од било кога. Верувам дека ќе има одлична сезона. Сакам да останам тука до крајот на договорот. Но, сите знаеме дека не можам да останам две или три години без да освојам трофеј“, свесен е Мурињо.

Светските шампиони го предводат тимот на годината



Репрезентативците на Шпанија продолжуваат со признанијата за своите индивидуални, но и тимски успеси. Дури петмина се најдоа во составот на годината на францускиот спортски дневник „Ле екип“.

Одбранбената постава ја предводи голманот на Реал Икер Касилјес, додека последната линија ја сочинуваат Коентрао (Бенфика), Пике (Барселона), Лусио и Маикон (Интер).

Дури тројца од пет играчи во средниот ред играат во шпанската репрезентација, односно во Барселона. Заедно со Бускец, Чави и Иниеста „Ле Екип“ ги стави Снајдер и Швајнштајгер. Преостанатото место во нападот беше резервирано за аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Катар го сака Алардајс за селектор



Домаќинот на Светското првенство 2022 година планира националниот тим да го предаде во рацете на англискиот стручњак Сем Алардајс, донеодамна тренер на Блекбурн. Доколку ја прифати понудата Алардајс ќе застане во редот на најскапите тренери од Премиерлигата - Фергусон и Венгер, кои заработуваат околу пет милиони фунти по сезона. Прелиминарните разговори веќе се обавени.


#
Статијата е прочитана 516 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Влатко Костов нов тренер на Работнички
Пандев е вистинскиот спортист на Македонија
Според Вардар, МКФ функционира како приватна фирма на Димевски
Обезбедени две норми за настап на СП
Клиперси подобри од санси во дербито на Пацификот
Бекер разочаран од Ѓоковиќ и од Мари
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks