Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Пандев е вистинскиот спортист на Македонија

Фудбалерот на Интер мораше да биде избран за најдобар во годината кога освои четири титули

Роберт Димитриевски

Секоја чест за Атанас Николовски, но за спортист на Македонија за 2010 година требаше и мораше да биде избран Горан Пандев. Седмото место во светот на кајакарот Николовски е најголемиот успех во историјата на овој спорт во Македонија, но ја нема специфичната тежина на четирите титули што годинава ги освои најдобриот македонски фудбалер. Пандев со Интер триумфира на Светскиот клупски куп, каде што во финалето постигна гол, потоа во Лигата на шампионите, во Серија А и во Купот на Италија. И сето тоа како првотимец, што значи непосреден „производител“ на вонсериските резултати, кај светските тренерски величини Жозе Мурињо и Рафаел Бенитез.

Овие постигнувања не можат и не смеат да бидат ограничени само на категоријата најуспешен македонски спортист во странство. Каква смисла има најдобриот надвор од границите на државата истовремено да не е најдобар и дома? По таа логика, ниту Николовски, ниту каратистот Жарко Арсовски, кој освои бронза на СП, не требаше ни да конкурираат за спортист на Македонија, бидејќи беа меѓу најдобрите на натпреварувања одржани надвор од земјава.

Освен тоа, по што е Пандев поразличен од минатогодишниот лауреат, ракометарот Кирил Лазаров, кој дотогаш беше наградуван само како наш најдобар интернационалец, за лани конечно да го понесе признанието за најдобар спортист воопшто, што требаше одамна да го добие? На крајот на краиштата, зошто клупските успеси би биле помалку вредни од репрезентативните, ако е тоа дополнителниот критериум?

На идентичен начин Горан Пандев извиси и во изборот на Фудбалската федерација на Македонија, која упорно секоја година избира двајца најдобри - еден во странство и еден „за по дома“. Така, струмичанецот по петти пат мораше да се задоволи со титулата најдобар македонски играч во странство, а за најдобар во Македонија во 2010 е избран голманот на Работнички и на репрезентацијата, Мартин Богатинов. Наместо да се прогласи еден единствен фудбалер на годината, како во секоја друга земја.

Колку држи вода ова двојство од кое никако да се ослободи ФФМ убаво се гледа од примерот на Лионел Меси. Може ли некој да замисли најдобриот светски фудбалер да не биде истовремено и аргентински фудбалер на годината, туку тоа признание да го понесе, да речеме, некој играч на Ривер Плата или на Бока Хуниорс? Ако се има предвид дека Меси е во Барселона од својата 16. година, тогаш со доследна примена на македонскиот модел тој никогаш нема да може да биде почестен со титулата најдобар во татковината се' додека не заигра за некој тамошен клуб. Каков нонсенс.

Ова се само два момента од два избора со заеднички именител во очигледната неправда нанесена на еден ист спортист. Годинава тоа беше Пандев, до лани Лазаров, пред него Петар Наумоски итн.

Ако е проблемот во критериумите, во начинот на избор или во субјектите што учествуваат во него, тогаш нека се менува нешто кај нив, но мора да се тргне од отстранувањето на ступидното двоење на најдобрите дома и надвор. За да не служиме за потсмев во странство кога ќе не' прашаат кој ни е најдобриот, а ќе добијат одговор дека ние имаме толку многу добри што не можеме да се решиме за еден, па секогаш избираме по двајца!?


#
Статијата е прочитана 589 пати.

Испрати коментар

Од: Dosta so toj Pandev
Датум: 28.12.2010 13:29:28
Koga veke go spomenuvate Mesi, znaete li koj e najdobar sportist na Argentina? Kakvi cetiri tituli osvoil Pandev? Pa toj ne e bokser ili teniser, toj igra kolektiven sport i e clen na ekipa koja osvoila cetiri trofei. I Zan Tabak ima dve tituli vo NBA, za razlika od Drazen Petrovic, Cosic, Kicanovic..., pa treba li da bide podobar kosarkar od niv?

Најди! во Утрински
Спорт
Влатко Костов нов тренер на Работнички
Според Вардар, МКФ функционира како приватна фирма на Димевски
Обезбедени две норми за настап на СП
Клиперси подобри од санси во дербито на Пацификот
Соседите од Манчестер го водат орото
Бекер разочаран од Ѓоковиќ и од Мари
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks