Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Клиперси подобри од санси во дербито на Пацификот

Екипата на Лос Анџелес Клиперс го издржа налетот на Феникс и славеше со 108:103 во својот „Стејплс центар“. Во најголем дел од натпреварот клиперси имаа водство кое во еден момент достигна до 18 поени разлика, но Стив Неш и дружината одбиваа да се откажат, па до самиот крај вршеа притисок врз младиот домашен тим. Блејк Грифин го предводеше Лос Анџелес Клиперс до деветтиот сезонски триумф со 28 коша и 12 скока, Ерик Гордон додаде 24 поени, прв стрелец кај „сонцата“ беше Микаел Пиетрус со 25 коша.

Кошаркарите на Сан Антонио имаа релативно лесна пресметка со Вашингтон. Победија со 94:80 во што најмногу се истакна Тони Паркер. Францускиот интернационалец подели 14 асистенции и впиша 20 поени, еден повеќе од него постигна Емануел Џинобили. Новајлијата на визардси Рашар Луис оствари забележа 21 поен и 12 скока.

Чикаго дури во продолжението славеше над Детроит со 95:92. Карлос Бузер имаше учинок од 32 поена и 11 скока, дабл-дабл ефект и за Дерик Роуз (23 коша, 12 скока, 8 асистенции) што е негово најдобро постигнување во кариерата. Добар меѓу пистонси беше Трејси МекГрејди со 17 поени и 6 додавања.

Резултати: Лос Анџелес Клиперс - Феникс 108:103, Минесота - Кливленд 98:97, Чикаго - Детроит 95:92 (по продолженија), Мемфис - Индијана 104:90, Њу Орлеанс - Атланта 93:86, Сан Антонио - Вашингтон 94:80, Филаделфија - Денвер 95:89.


#
Статијата е прочитана 235 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Влатко Костов нов тренер на Работнички
Пандев е вистинскиот спортист на Македонија
Според Вардар, МКФ функционира како приватна фирма на Димевски
Обезбедени две норми за настап на СП
Соседите од Манчестер го водат орото
Бекер разочаран од Ѓоковиќ и од Мари
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks