Таткото на Нелсон за местенката во Сингапур го запознал директорот за трки при ФИА во ноември
Раководното тело на Формула 1 било запознаено минатата година со наводите дека Рено ја лажирал трката во Сингапур, наредувајќи му на Бразилецот Нелсон Пике да се удри, тврди британскиот весник „Дејли мир��р“. Тој го цитира таткото и имењак на возачот, исто така трикратен светски шампион, кој им кажал на истражителите дека неформално разговарал со директорот за трки при ФИА, Чарли Вајтинг, за време на ноемвриското гран-при во Бразил, со кое беше спуштена завесата на минатата сезона. Пике и Вајтинг работеа заедно во некогашниот тим Бребем во 1980-тите , кога Британецот беше шеф на механичарите на тогашниот првак.
„Кога се случи тоа во Сингапур, не можев да поверувам“, вели Бразилецот во извадокот од интервјуто што, тврди весникот, на 17 август во Лондон го направиле со него приватните истражители ангажирани од ФИА.
„Во секој случај, во Бразил зборував со Чарли“, продолжува тој. „Го најдов и му реков ’Гледај што би можело да му се случи на Нелсон ако го обелоденам ова?‘ Бев уплашен да не му ја зафркнам кариерата на синот“.
Пике подоцна додаде: „На трката во Бразил го викнав Чарли и му ја раскажав целата приказна“.
Легендата на Формула 1 оди и чекор понатаму со тврдењето дека и Алонсо знаел за местенката. Во сведочењето пред истражителот на ФИА, Мартин Смит, тој ќе го изјави и ова: „Се разбира дека знаел. Знаете дека нема шанси... ако имате многу малку гориво можеби ќе престигнете два болида во 12 круга, можеби три, но потоа ќе мора да дополните и потоа ќе се најдете токму на ’опашката‘. Тоа е тоа“.
Нелсон Пике сениор размислува и да го тужи тимскиот шеф Флавио Бријаторе со цел да добие раскин на менаџерскиот договор што Италијанецот го има со неговиот син, според кој тој во наредните 15 години мора да му исплаќа 20 проценти од заработувачката.
„Конечно имам нешто, а тоа е нарушување на договорот, за да го притиснам Флавио. Ако ФИА го потврди случајот, ќе имам со што да излезам пред суд“, вели тој.
Меѓународната автомобилистичка федерација покрена истрага за наводите на Пике помладиот по отпуштањето од Рено, кога и' се обрати на ФИА со тврдењето дека тимот му наредил нам��рно да се удри за да му помогне на Алонсо да победи. Поранешниот првак Рено в понеделник ќе излезе пред Светскиот совет за мотоспорт при ФИА за да одговори на обвинувањата за нечесно однесување што може да го чини исфрлање од шампионатот или голема парична казна. Бријаторе и раководителот на инженерскиот оддел Пет Сајмондс веќе ја напуштија екипата, а Рено соопшти дека нема да го оспори обвинението.