Стартуваше и фудбалската Лига на Европа. Во натпреварите кои почнуваа во вториот термин (21. ч.) украинскиот Шахтјор уште на стартот потврди дека во групата Ј е најдоминантен тим. Во 1. коло страдаше белгискиот Бриж и тоа дома со 4.1, а како играа Украинците, резултатот можеше да биде уште поубедлив.
Од останатите резултати на вечерта, Лацио водеше на „Олимпико“ со 1:0, а тогаш во последните осум минути дозволи Салцбург да направи сензација. Ова не е прв пат Австријците да победуваат во финишот на мечевите, впрочем, на тој начин стигнаа и во завршницата на Лигата на Европа.
Голема работа завршија играчите на виенски Рапид, кои Хамбургер го испратија дома со 3:0, а убедлив беше и Галатасарај, кој на жешкото гостување во Грција го декласира Панатинаикос - 3:1.
Сепак, фудбалот и во четвртокот вечерта беше во сенка на навивачките насилства. Имено, пред натпреварот Партизан - Тулуз се случи крвав инцидент во кој еден француски навивач тешко настрада и се' уште се бори за живот. Според српските медиуми во тепачката учествувале педесетина навивачи, а подебелиот крај го извлече малубројната гостинска група од која некои се брутално претепани.
Резултати, Лига на Европа 1. коло:
Група А: Динамо З. - Андерлехт 0:2 (Бланко 74, Легер 88)