Јосифоска убедлива во Добој
Александра Јосифоска во првите две кола целосно го оправда статусот прва носителка на тенискиот фјучерс во босанскиот град Добој, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 американски долари. Осумнаесетгодишната македонска тенисерка, која неделава е на рекордното за неа 503. место на ВТА-листата, на стартот не и' препушти ни гем на домашната претставничка Тијана Врховац, а во второто ја декласира и австралиската квалификантка Бјанка Тепер со 6-0, 6-2. Следна пречка на Јосифоска синоќа требаше да и' биде Јонела-Андреа Јова (1066.) од Романија (Р.Д.) |