Капело: Англија е моја последна работа
Селекторот на Англија изјави дека ангажманот на клупата на „гордиот Албион“ му е последен
Фабио Капело по завршувањето на договорот како селектор на Англија ќе се прости од тренерската работа, јавуваат британските медиуми. Италијанскиот стручњак водеше такви гиганти какви што се Реал, Јуве��тус, Рома, Милан, за за време на својот престој на Островото направи мало чудо. Од изгубениот тим на Мекларен кој ја разочара нацијата во квалификациите за Евро 2008 година создаде убедливи лидери во 6 квалификациска група за пласман на СП 2010 во Јужна Африка. Фабио Капело со ФА потпиша четиригодишен договор, за кој вели дека е и последен.
„Англија ќе биде последната екипа која ќе ја тренирам. Не би ја презел Италија, тоа едноставно не ме интересира. За мене фудбалот е само работа и кога би ги сретнал „Аѕурите“ на Светското првенство, би носел дрес на екипата со која сум, а тоа е Англија. Единствено нешта од кои не можам да се откажам се мојата куќа, семејството и патувањата“, изјави Капело.
Фабио Капело е сигурен со што би се бавел да не станел фудбалер. „Да не бев во фудбалот, ќе бев пилот, ќе возев Боинг“. Селекторот на Англија ги прокоментира и најдобрите светски играчи. „Лионел Меси моментално е најдобриот светски фудбалер, а Кристијано Роналдо не вреди 30 милиони евра повеќе од Кака. Најмногу ми е страв да не завршам парализиран во количка, а мојата најголема победа е сопругата Лаура“, вели ��апело. Зборувајќи за сопругата, Капело откри уште нешто. „Лаура никогаш не ми откри кој е нејзиниот најдраг фудбалер, но знам дека се' уште чува две фотографии со Бекам кои ги снема пред две години“.
ЗА ВАН ДЕР ВАРТ ЛАЦИО НУДИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА
Лацио од Реал мадрид во своите редови сака да го доведе Ван дер Варт (26) и за таа желба подготвен е да издвои 10 милиони евра. По доаѓањето на Кака, Роналдо и Чаби Алонсо, шансите на Холанѓанецот да влезе во првиот тим се минимални, но проблем за римјаните може да претставува високата плата која Ван дер Варт ја добива во Мадрид.
РИМСКИОТ ПРИНЦ, ТОТИ СЕ ЗАКАНУВА СО ЗАМИНУВАЊЕ
Франческо Тоти, капитенот и легендата на Рома, се закани дека ќе го напушти клубот ако челниците не го исполнат ветувањето за зголемување на годишната плата на пет милиони евра! Принцот на Рим и челниците на „волчицата“, предводени од претседателката Розела Сенси, неодамна се договорија за подобрување на финансискиот дел од договорот и продолжување на истиот до 2014 година.
„Ако не се позанимаваат со мојот договор, тоа значи дека ќе го напуштам Рим“, се закани Тоти, кој во моментот на истекот на договорот би имал 38 години. А, само пред неколку дена Тоти најави дека кариерата ќе ја заврши во Рома, изјавувајќи дека има неколку европски понуди, додавајќи дека не е се' во парите!
„Тоа за мене не е економско прашање, туку работа на срцето. Отсекогаш сум сакал да играм во еден клуб и поради тоа треба да ме почитуваат. Заслужив подобар договор, знам дека е вреден, меѓутоа, да сакав пари ќе отидев во Реал Мадрид или Барселона, кога имав 26 години“, изјави Тоти. Нема сомнение дека евентуалното заминување на Тоти од „Олимпискиот стадион“ ќе предизвика нова лавина незадоволство меѓу навивачите на Рома, кои и така не се во добри односи со менаџментот на клубот.
ПЕЛЕ: МАРАДОНА НЕ ЈА КОРИСТЕШЕ ГЛАВАТА, НАЈДОБАР Е ДИ СТЕФАНО
Најдобриот фудбалер на сите времиња Пеле за шпанските медиуми раскажуваше кој му е омилен фудбалер и зошто никогаш не посакал да го напушти Бразил и да се обиде во европскиот фудбал
Пеле за шпанскиот дневник „Спорт“ изјави дека своевремено ја одбил понудата на Реал Мадрид кој посакуваше тандем Диди - Пеле. Сепак, во Мадрид заврши само едниот.
„Не сакав во Европа затоа што бев среќен во Сантос. Реал не беше единствениот клуб кој беше заинтересиран за мене, имаше многу понуди, но не ме интересираа. Можев да заминам со Диди во Мадрид, но не сакав“, изјави Пеле.
Се разбира, каде е Пеле неизбежен е и Марадона и вечното прашање кој е најдобар на сите времиња. Со оглед дека Бразилецот и Аргентинецот не се во некоја љубов, Пеле ниту овој пат не пропушти да го „пецне“ големиот ривал, а се' во контекст на приказната за тоа кој е најдобар фудбалер според него.
„Е, луѓето секогаш зборуваат дека најдобри се Пеле и Марадона. за мене најголем беше Алфредо Ди Стефано. марадона беше извонреден фудбалер, но не умееше да ја користи десната нога и да игра со глава. Единствен пат кога постигна гол со глава, излезе дека играл со рака“, рече Пеле.
МанЏукиЌ казнет со 100.000 евра
Извршниот потпретседател на Динамо, Здравко Мамиќ, го казни Марио Манџукиќ со неверојатни 100.000 евра за исклучувањето во Салцбург, на играчите им е одземена премијата за минатогодишниот наслов првак на Хрватска, а нема да има премии ниту за оваа сезона.
„Ова ми е најтежок ден во животот! Секогаш ги бранев фудбалерите, барав мир од новинарите, меѓутоа, прв пат ќе кажам, за се' се виновни фудбалерите“, изјави разбеснетиот Мамиќ по поразот на Динамо во 1. коло од Лигата на Европа од Андерлехт во Загреб со 2:0. |