Крај на кариерата за Маноду
„Се откажувам. Одлуката не беше лесна, и не ја донесов туку така. Полека созреваше во мене“, изјави 23-годишната Французинка Маноду за дневникот „Паризјен“.
Маноду златен олимписки медал освои на ОИ 2004 година во Атина, кога беше најдобра на 400 метри слободно. Таа тогаш на Франција и го донесе првиот златен олимписки медал по 52 година. Минатата година пак, на Олимписките игри во Пекинг на 400 метри слободно беше последна. Седма беше на 100 метри слободно, додека на 200 метри грбно не ги мина квалификациите. |